Извини за прашањево, не е за тука. Дека си била со прво царски (и јас така бев), а трето читам природно. Второто како го роди? И колку време измеѓу помина? И дали природно после царски се пораѓаше кај нас во Македонија? Јас почнав природно, се отворив и 10 прсти ама не се спушташе за жива глава - со папочната стегната горе околу врат излезе на крај на царски. И многу сакам здравје за второ природно да биде, ама тука во пракса ако е прв царски и втор така рачунаат.
Второ исто природно,разликата помеѓу прво и второ беше 5год. Во Кавадарци требаше да ме породи др Бранко Попов, ама не стигна,ме породи бабицата. Ти треба доктор кој ќе те поддржи во планот и ќе биде спремен за сите сценарија. Провокации не смеат да ставаат (така мене ми беше кажано поради зголемен ризик од руптура на матка) ,ако има редовни ,константни контракции,добар крвен притисок, бебе се спушта ,нема никаков проблем за спонтано породување. Почесто ме ставаа на ЦТГ , со третото дури и кога почна породувањето бев со ЦТГ,откако излезе главата ми го тргнаа. Искрено многу доверба ми влеа докторот бидејќи виде дека не се предомислив дури ни откако разговаравме за можниот ризик од пукање на матката. И ме увери дека е спремен на секое сценарио со спремна сала итн ... Третиот пат бев повеќе уплашена ,но кога видов дека д-р.Миле Тантуровски е дежурен ми падна камен од срце. Немавме гинеколог во тоа време тука во Кавадарци,се менуваа неделно различни доктори од СК. Е сега четвртото во приватна планирам да го раѓам само не знам кај кој доктор. И јас сум во потрага по гинеколог.
Јас се пораќав со првото во Систина кај Бојаџиев. Требаше Димитров ама тие два дена кога не беше во Македонија ме фати. Јас сум презадоволна и за пристап, и целосната посветеност од Бојаџиев. А не ни бев договорена ни ништо со него, тој се погоди на смена. Само пред некој месец кога бев кај него на контрола, зборувавме за пораѓај за второ дете здравје и тој не ми препорача природно поради руптура на матка и тешко случаеви што ги имале. Ама вака кога слушам искуства како твоето, се охрабрувам да форсирам за природно. Ако нема момемтални индикации за царски, и кас се решам природно, не би смееле да ме внесат за царски. Другарка моја беше породена царски со правото, и пред некој месец се породи со второ (6 години разлика измеѓу). И рекоа да оди на ГАК, демек само таму би ја породиле со второ природно. Ама на крај не се ни обидоа, и пак царски заврши. Стварно ме нервира тој став на докторите...
А со првото царски беше? Искрено тажно е дека се е бизнис и за 500 евра повеќе се форсира царскиот по приватниве клиники … работава стигна да и доктори убедуваат царскиот значело породување ко царица и дека немало никаква разлика во опоравувањето .. не знам кого мисли дека ќе излаже али ако вака размислуваат повеќето доктори тешко нас. Главна причина зошто ја шкртнав Систина од сам старт
Не е така како што викаш. Јас барем за првото немам таков впечаток. Апсолутно никој не ме форсираше за царски за првиот пораѓај. Си се отворив 10 цм, и Бојаџиев 6 часа со мене на бокс се мачеше за да се породам природно. Пресуден момент беше кога почнаа да паѓаат срцевите отчукувања на бебето, и тој рече дека до тука е колку што може да се чека и дека ќе мора итен царски. Човекот стварно беше професионален и ме исчека до крај. Знам што зборувам, имам завршено општа медицина факултет. Јасно ми беше и мене дека човекот донесе правилна одлука во вистинско време. Бебето ми беше затегнано околу врат со папочна и стегната горе. Немаше теоретска шанса да се спушти и да завршеше сѐ со природно. Џабе душа ми излезе толку часа на бокс, џабе 6 пати ме боцкаа епидурална и не фати. Проба Бојаџиев и со рака мануелно да ја одмота папочната, ама беше високо поставена. Кумата моја се породи после мене во Систина природно, без никакви сугестии за царски. Зборот ми е сега за втор пораѓај после прв царски. И процентуално најголем дел пораѓаат царски второ, ако првото било царски. Ова без разлика дали е приватна или државна клиника. Ама ете кај нас така се прави, иако не е таква пракса на запад или Америка.
Далеку од тоа дека секој царски можел да заврши со природно породување и навистина е нужен кога во прашање е сигурноста на мајката и бебето, но дека има голем раст на царски пораѓаи и непотребно форсирање за да се заврши побрзо пораѓајот е за жал факт.
И мене ми рече матичната дека ќе бидам царски со второто. Ризикот од руптура е многу голем, а и јас многу сакам природно. Со првотор немав ни шанса да пробам природно зашто беше карлично, ќе видиме со второ.
Здраво мајки, дали е вистина дека Систина поднесува за извод на новороденче? За првото бебе не беше вака, а сопругот мој е убеден дека е ова точно, иако мене не ми се верува баш
Zdravo na site, dali e visitina vesta sto kruzi na fb vo grupi deka vo Organdziski Stip kje poragjaat do maj, a posle toa kje se fokusirale samo in vitro proceduri i operacii. Bitno mi e sestra mi planirase tanu da se porordi, termin i e kraj na avgust. PLS ako moze info od nekoj bi mi znacelo.
И јас така разбрав. Ќе останеле само Стојан и Верица, некако не им успеа со персоналот на нив. Уште првите неколку месеци ги сменија педијатрите, некои си отидоа од докторите и сестрите. И јас кога бев имаше само сестра дежурна кај бебињата и за нас во собите, ова 2024. Итен царски бев, сите ги извикаа од дома, доктор попладне немаа. Не може болница да има само прва смена. Ако не пораѓаат веќе, џабе толку создаваа. Тие процедури си ги правеа и претходно.
Во однос на тоа дека приватните инсистираат царски, ако го имате тоа мислење тогаш одете во ремедика кај симонида. Иако изгледа дека има премногу пациенти за сите се знае. Кај мене до крај чекаше, дури јас на 2 пати и реков да одиме царски и самата кажа Нема шанси, поготово со еден природен пораѓај царски да те оперирам. Секогаш е за природно, она да не беше јас сигурно царски ќе одев 2 пати, бидејќи ги прави работите толку едноставни. За сала па да не зборам, ако ја слушаш со 2-3 напони искача бебе. Плус неколку работи чув од неа кои беа показател дека не е само финансии. Можеа да ме задржат, да ми наплатат свашта ама не. Се' беше коректно. За жолтица исто проверуваат од вечер со тој апаратот ( на ова не се сеќавам пред 5г дека така правеа)и одма ако е повисока граница ги ставаат на зрачење бебињата само да не те остават уште еден ден да седиш. Се точно платив до денар без ништо екстра. Услуга супер, сестри одлични, храна исто солидна. Цимерката доеше мнооогу внимание и обрнаа цело време доаѓаа во соба и и помагаа со бебето. Ако се мислите меѓу систина и ремедика, ова е реалноста за ремедика со 2 поминати пораѓаи таму.
Здраво мамички, ги прочитав сите досегашни коментари за Жан Митрев и пораѓање кај Др. Кижески. Дали некој има дополнително искуство да сподели во врска со пораѓање таму, услови, персонал, доење, искуство на тимот и поддршка?
Толкава болница и сега пак по старо, веројатно не се работеле како што треба, не се биле докторите и сестрите најверојатно. Доктор се знае за што бега.
Вистина е, кажаа на вести. Имаше сторија пред 2 дена, за породилното одделение на Клиниката во Штип, и пропратно известија дека во Штип породувања се вршеле и во уште една друга - приватна установа (без да споменат име), која од наредниот период нема да врши пораѓања, односно ја прекинале лиценцата за пораѓања, но другите дејности си остануваат, операции, интервенции, инвитра. Се знае дека инсинуриаа на Органџиски, само таа е приватна клиника во Штип со ваква дејност. Јас одма проверив на фејсбук страната кај нив, и видов дека уште ставаат слики со бебиња кога ги испуштаат од болница, ама ете веројатно кажале до која дата ќе бде. А кои доктори од персоналот ќе враќаат на клиника знаете? Тантуровски таму беше?
Истово го имам слушнато повеке пати и за ДР ЈОВАНОВСКИ. Јас планирам во Ремедика да се пораѓам. Кажете ми што треба да понесам за мене и бебе? Знам дека таму имаат се, ама сигурно нешто и јас треба ... нз .
Јас здравје ќе се пораѓам кај него, крај Октомври ми е терминот. Почнав кај него да водам бременост, докторот е достапен за било што во секое време, засега сум задоволна па ќе видиме