Јас платив аванс во Систина без избран доктор што ќе ме пораѓа во 15 недела некаде. Го уплатив авансот за да се фиксира цената за пораѓајот (не дека е ниска сега ама да не ја покачат уште повеќе). Бесплатни ЦТГ прегледи се вклучени од 36 недела, сѐ што сакаш друго си плаќаш, со тоа што имаш 10% попуст затоа што имаш уплатено аванс. Јас планирам откако ќе се одлучам за доктор да закажам еден преглед за да се запознаам со докторот и да го упатам во бременоста, да се консултирам за пораѓајот итн. Мои другарки имаат уплаќано и во 30+ недела така што мислам дека е скроз индивидуално. Досега немам слушнато искуство дека некој одбиле затоа што доцна платиле аванс или да немало место кај докторот. Со лесно!
И јас уплатив без да имам изберено доктор, не знам ни кој доктор во која група спаѓа. Уплатив 12та недела, за да можам да искористам НИПТ тестот. Ова со бирањето доктор ми нема многу смисла, мене терминот ми е на продолжен викенд, џабе ќе ,,бирам" може тогаш докторот нема да биде на работа и пак ќе завршам со тој што е на дежурство, па зошто да плаќам повеќе за избран доктор.
Шансите да се породиш на терминот се околу 5% така да не му ја мисли али секако се сложувам дека нема смисла да плаќаш за поскап доктор
Јас уште не знам во однос на тоа ако твојот избран е од поевтината група, а те фати „неспремна“ пораѓајот и те породи дежурен доктор/ка од поскапата група, дали го плаќаш тој доктор... Разликата е 30-40.000 денари, сепак не е сеедно. Дополнително што, во брошурата стои - „Во случај на ургентни состојби или надвор од работното време, доколку породувањето го изведе гинеколог – акушер по ваш избор, услугата се наплатува дополнителни 20.000 денари“.
Па ако е така, нека е јасно напишано, конфузно е. Игра на зборови им е броушурата. Александар Бојаџиев во која група на доктори е? Поскап или поефтин? Ги бираме по цената како јаболки на пазар, многу деградирачко и од самата болница како установа кон вработените. Сеа едните поскапи, по вредни, другите поефтини, не ги бива или не се популарни? Инаку јас инвитрото со Митко Ивановски го правев, досега бев на прегледи кај него, ама многу е недостапна сестрата, за еден преглед да закажам како во НАСА да ги барам, вртам, смс пишувам, и ќе се јави некогаш кога таа има време. Знам дека и тој пораѓа, ама сигурно е пре-растргнат со ивитрата, можеби ќе се одлучам за некој доктор што е повеќе присутен за пораѓаи. Пример Бојаџиев? Само пофални зборови читам за него.
Јас бев со природна бременост, само за пораѓај го избрав Митко Ивановски, презадоволна сум. На сите обрнува внимание.
Препоставувам дека зависи од докторите, ако сака да земе ќе ти земе ама главно одлучуваат не .. а и за 20к па од Америка да не доаѓа
Јас прегледи закажувам онлајн во Систина, чисто како совет може да се олесни процесот. Според годините искуство е поделбата на докторите мислам дека. Димчев, Палчевски, Бојаџиев, Дракулевски се во поскапите на пример. Од тоа што јас се распрашував, сите се задоволни од својот доктор без разлика од поевтина или поскапа група.
Bojadziev e vo prvata grupa ('poevtini') generalno po vozrast se podeleni (Rabotno iskustvo) - chista glupost. Sekoja pofalba za doktorot, celosno posveten, relaksiran, iskuliran, doagja i nadvor od rabotno vreme ako ima potreba.
Јас го избрав др.Кижески за водење бременост, здравје и он ќе ме пораѓа. Засега сум задоволна од него
Јас ќе сум кај Ирена, но од тоа што слушав и читав доста ги фалат Јелена, Кижевски и Јегени. Така да и ради Х причини докторката не биде на пораѓај, не би се грижела зошто знам дека ќе сум во добри раце.
Уште една пофалба за Бојаџиев и од мене. Не ме пораѓал ама ми се падна на дежурно во првата бременост. Предобар и префин доктор. Само пофални зборови имам.
Здраво девојки, само што се породив во Жан Митрев, па да споделам мое искуство. Се породив кај др. Кижески, сакав природно, но поради компликации мораше царски. Пред се пофалба за докторот, приступачен, смирен и со максимално внимание кон пациент. Секоја препорака! Престојот во болницата беше повеќе од одличен. Цело време има сестра да ти помогне, цел персонал е фин, мил и разбираат како да пристапат со пациент во ранлива состојба. Помош за било што во било кое бреме. Бебенце е цело време со тебе, те учат за менување пелени, те учат за доење доколку сакаш, стимулација на млеко и се што е потребно. Она што посебно значи е трпението и помошта што ја даваат за првото станување од кревет после царски, тоалет, туширање и основна функција, Мое мислење е доколку се има можност, секој треба да има такво искуство при пораѓај, да болно е, но целиот тим е околу тебе за да те спреми и помогне. Доколку нешто сум испуштила, слободно прашајте ќе ви одговорам. Денеска си ја носам Бебка дома.
Изјавија ли дека не порагаат? На страната имаат објавено? Па толкава болница зошто и е? И во старата имаа услови за инвитро.
Изгледа нема доволно персонал. Многу им се вратија во државна. Они немаат објавено мислам, ама на вести спомнаа.