А зошто, не ги плаќаат? Штета, не знам освен Верица и Стојан за други доктори ама требало да се потрудат со персонал. Никој не е будала да се врати на државно ако е платен.
Кој ти кажа дека не пораѓаат? Не се кажале на никаква телевизија. Од таму каде си слушнала тој медиум со години работи против болницата со измислени прилози. Нормално е да си одат доктори. Едни одат други доаѓаат како во секоја друга болница ништо ново. Но тоа не значи дека не пораѓаат. Престанете да ширите лаги и да верувате во рекла казала.
Пред некое време имаше во темиве коментари од членки дека се јавиле во болницата и им била дадена информација дека од 01.05 нема да пораѓаат. Ако е вистина, би било во ред да излезат со едно соопштение барем на социјалните мрежи. А дали е нормално цело време да ти се менува персонал, богами и не е поготово кога се работи за доктори и друг медицински персонал.
Членката која тоа го пиша е вусшност лице од фејк медиумот. Истата таа пишува и по разни фејсбук групи. На веб страната си стои се со нови цени за породување заедно со персоналот. Тоа само потврдува дека се работи за лага дека нема породување. Исто така нема да се вика болница ако има само прегледи или некои други интервенции кои ги имаше и прерходно. Од кадар си имаат отидено неколку сестри и не се вратени на државно. А не работат повеќе поради нивната некултура и кон пациентите, станува збор за 3 сестри. За една од нив имаше овде на форумот доста негативни коментари. Едноставно на некој не му одговара успехот на други. Чуден е овој народ
Вратив наназад, @US.ER.1 е членката што се јавила. Нека се изјасни дали е од фејк медиумот . Всушност, на инстаграм немаат ниту една објава за породување или слики од мајки на излегување од болница дури од 29 април.
Ај сигурно вие овде 2 3 ќе го затворите, немајте гајле. И на систина нема на профил ниту една слика од породување па тоа значи ли дека престанале да породуваат
Ајде сега и ти што споредуваш . Прво Систина немаат традиција на објавување слики од мајките како што може да се заклучи од нивниот профил, додека Органџински редовно објавувале такви фотографии се до 29.04. Па сигурно нема јас да ја затворам болницата, си имам јас мислење за нив ама тоа не е тема . Страшно ме занима како се логираше по 11 години на профилот со 5 мислења.
Јас имам информации од прва рака, не пораѓаат. Еве, нека се јави некоја да праша и нека пише овде што ќе и кажат. Не сум член на медиум
Па не знам дали е рекла казала, една моја пријателка вртела и и било кажано дека пораѓале до 01.05 и толку, а од друга ѓена го слушнав истото.Затоа прашувам, можеби повеќе знаете.
Хахахаа ме изнасмеа слатко @ana_girl Телефонскиот број на болницата стои слободно обратете се . Мене тоа ми беше кажано кога се јавив . А зошто е причината да нема породување а со се друго да се продолжи да се работо не знам и јас се чудам.
Хахаха супер ви е некако кампањата на Fake news. Од толку многу јаввуања се ви кажале само некои најбитни работи не ви ги кажале, али нема врска. Ако ви значи нешто, а сигурно не ви значи, на моја пријателка и имаат закажано породување. А зошто на неа и имаат закажано, а на вас не ви закажуваат сигурно ќе треба да истражите дополнително.
Ама породувањето не треба да биде закажано. Освен ако е царски поради претходни индикации. Кои доктори им се останати знаеш? Педијатар имаат?
Девојки, не им е прв пат да прават профили на Форуми за да се глупираат, рекламираат и бламираат. Да паѓаш толку ниско, како болница и да правиш профили на форуми, треба сѐ да ви каже за квалитетот на болницата, а богами и персоналот. Баталете ја, за греота се.
Сите доктори гиниколози и акушери им се останати, сестри акушерки исто така. Педијатар имаа сега некоја жена, дали е за стално или привремено не знам. Супер вака од дома од тастатура да тресеш глупости. Ако знаеш нешто точно и корисно коментирај, ако не, глупавоста задржи ја за себе, така си попаметна.
Мислам дека треба да посетите некои семинари за професионална работа. Некако дефицит сте со тоа. А и психолог не би било на одмет. И онака ништо попаметно немаш да кажеш, прекини да се брукаш.
Која е? Кажи ја со име. Последниот што го имаа им отиде во Мартини. Од гинеколози само еден им е останат. Акушерки само две.