Од гинеколози само Ристе си има отидено, сите други се таму. Сега не знам каде е, најверојатно никаде, не е вратен на државно, исто и анестезиолошката сестра за која има многу негативни коментари. А и искуствата со Ристе не сум сигурна дека се кај сите добри. Акушерките се тие, двете девојчиња што си отидоа секако знаеа дека се времено таму. Најверојатно поради намален обем на работа си отидоа, Со педијатри од самиот старт е нати го дај ми го. Не знам што е невообичаено, како и во секоја друга болница се менуваат. Еве ќе го земеме Ненад Лазаров, си отиде од кај Жан Митрев се префрли на државно, со изговор дека имал премногу работа кај Жан, значи не е за пари. Секоја болница си има деловна политика.
Кои сите други? Стојан и Верица? Или мислиш на двете нови рекламни лица, штотуку испилени? Не знам за која анестезиолошка сестра збориш. Јас имам многу убаво искуство со една. Да, малку невообичаено е да не можеш доктор да свртиш. Рекламава ви е тотална утка. Не знам зошто не си објавите дека веќе нема породувања. Во инвитро и други операции има повеќе пари и помалку ризик, нели
Ајде уживај, никого не рекламирам, само споделувам тоа што знам. Ако не ти одговара и не ти оди во прилог тоа е твој проблем. Сигурно вие со вашите 2-3 коментара овде и по фејсбук групи нема да успеете да го затворите. Очајни се сите обиди. И да малку невообичаено е и што во државата не може доктор да се сврти и пола од градовите имаат само матични лекари, а нула специјалисти од било која објаст, а уште помалку гинеколози
Зошто јас би го затварала побогу, породена таму и задоволна? Ќе прочиташ и овде дека сум ги фалела за целото позитивно искуство. Да си смените лице за маркетинг и односи со јавност, не одите напред. Лош впечаток оставате, само ви се смејат по социјални мрежи. За втор пат ќе размислам дали да се вратам кај вас. Ако некогаш почнете пак со породувања.
Драга Ана, ти споделуваш што знаеш и ние споделуваме што знаеме. Јас лично се имам породено кај нив и имам само пофални зборови, особено за дотичната сестра која си замина во друга болница. Не ја разбирам дрскоста на твоите одговори.
Да се надоврзам, кога слушнав дека повеќе не пораѓаат искрено се разочарав и затоа прашав дали некој знае зошто. Информациите ми се од жени кои се јавиле на болницата и тоа им било кажано. Нема потреба од препукувања.
Добро не може да те убеди дека никој никого не рекламира. Одлучи се само која теза ќе ја шириш, пораѓаат не пораѓаат, задоволна не задоволна и така натаму. Премногу си конфузна самата се загуби во преводот. Поздрави ја сестрата што седи сега дома, може да ја поканиш овде на форум да фрла дрва и камња заедно со тебе. Само кога си одеше од државно кај него не мислеше така.
Воопшто не сум конфузна, ти изгледа не читаш. Породена сум кај нив пред две години, не вчера. И не, не пораѓаат.
Се тоа воред, ти кажале што ти кажале. Ако ти кажале не пораѓаат и сега ти не им веруваш на нив и овде прашуваш. Помалку нејасно. Ама секој има право на свое мислење. Кој има потреба од неговата услуга зане каде е, нека тропне на вратата ќе му кажат. Вака ширење кафе муабети е само трошење на време
Се немам породувано, идев порано кога таму имав матичен гинеколог, сестрите одвај збореа македонски, изгубени беа, со термини цело време се каснеше. Еднаш платив приватно за брис за кој не добив резултати па сакав пари назад, менаџерот немерно на тел не ми креваше абе хаос. Не знам некој да е задоволен од било која услуга од кај нив.
Здраво на сите, Ве замолувам која се породила во Систина во предходниов период, да напише искуство и што ви беше потребно од дома за таму? Закажан царски имам за две недели, сакам да бидам спремна со време Фала ви
Кога ти е термин за пораѓај ? Мене ми е средина на Јули и сакав кај др.Ирена ама вчера слушнав муабет дека може нема да работи, се надевам не е точна информацијата за две недели имав закажано преглед и сакав да да се договорам баш со неа.