Здраво женички. Тие што се породивте од скоро царски во систина, може да ми кажете што носевте од алишта, за вас, за бебето, дали зимавте од тие мрежести гаќички, е се нешто друго.
Јас денес се јавив во Систина за инфо што да си подготвам, ми одговорија освен лична хигиена други работи не ми се потребни а дури ни тоа бидејќи таму имаат за еднократка употреба, освен ако не користам некои посебни па да си земам со себе. Дезодоранс, чешел, полнач за телефон. За бебето ми рекоа освен тоа што мислам да излеземе од болница друго ништо, пелени користат Бекутан. Посети се дозволени од 10ч-20ч па и нешто да изумиш, ќе ти донесат
И мене ми е тогаш терминот, следна недела треба да идам кај неа па ќе видиме што ќе каже. На одмор да не ќе е или не знаеш
Здраво, ми треба мислење и предлози за доктори во Жан Митрев. Би ми било пожелно искуство. Од која недела имате почнато, скринизи итн итн. Фала многу
Исто ме интересира и мене, јас пред некој ден прв пат отидов и се погоди др. Кижески, ми остави предобар впечаток човекот и некако многу ме заинтересира за таму. Јас сум моментално 27ма, он рече негде од 32,33 та недела се почести контролите. Така да секое искуство е добредојдено
Јас водам бременост кај др.Кижески и здравје он ќе ме пораѓа. Уплатив аванс во 12 недела и еднаш месечно одам на ехо преглед, прегледите се бесплатни. За докторот засега имам само пофални зборови
Јас се породив таму и д-р Кижески ме пораѓаше немам коментар доктор на место достаоен смирен посветен културен
Thanks и на двете за одговорите. Само ме интересира дали се породи природно или царски, затоа што јас кога му кажав дека е ivf бременост ми спомна нешто за царски, а навистина би сакала доколку можам да биде природно
Фала ви на одговорите, планирам таму и ме интересираше мислење. Ако уште некој има искуство што сака да го сподели би ми значело исто
Здраво девојки, имам едно прашање дали има некоја што скоро се породила во Систина со близнаци и како одат цените? Сега слушнав дека цената за близнаци за породување е дупло дали е точно тоа?
Секако дека не. Зависи и кај кој доктор одиш. Јави се во контакт центарот ќе ти кажат најубаво. Спонтан мислам дека е околу 150илјади, а царски 193илјади.
Не знам кога ти е термин, ама ако се пораѓаш летово, ми искочија некои промо цени можеш да се јавиш да прашаш
Јас се породив кај елизабета матевска во систина пред еден месец и да точно е не ми наплати иако специјално дојде од дома сабајлето за мојот итен царски. Плативме само колку што е породувањето со 10 посто попуст нели доколу оставите аванс мислам околу 180 000 дадовме
Не знам ништо, само на инстаграм случајно видов, најдобро да се јавиш да ти кажат што точно спаѓа во овие промо цени. Доста се пониски навистина
Јас веќе оставив капар за пораѓај пред да биде понудава. Како што прочитав кај нив на сајт и за тие што веќе сме оставиле капар важи ако веќе не сме искористиле некои од „бенефициите“. Ама моето бебе треба да пристигне по 15 септември така што нема да важи понудава секако изгледа
Стварно многу се намалени и мене ми излезе рекламата, единствено што ми текнува е да не не се опфатени сите ставки од стандардниот пакет во оваа цена у смисла бесплатни прегледи од педојатар такви работи. Јави се и убаво прашај што е вклучено ја да знаев дека волки ке ги намалат ќе стискав уште еден месец