Јас сега баш им ѕвонев, но никој не ми се јави. Ако случајно некој има што прашал нека сподели инфо . Јас имам уплатено капар предходниот месец, а термин имам наредната недела, па ме интересираше дали важи за сите или за тие што уплаќаат од денес.
Успеав да ги добијам, ми рекоа дека важи авансот за новите цени но секако тогаш би немало 10% попуст туку само се минусирал од новата цена, ама дека тоа важи само ако до сега не сте користеле ништо од пакетите кои се нудат со авансот, е сега не знам што подразбираат под тоа, и тие не се сеуште многу информирани ми рекоа од утре подетално ке се знае
Мислам дека разликава со новите пакети е што во нив нема никакви бенефиции како што ги има во стандардните пакети, во поглед на тие бенефиции во бременост и после породување и бенефиции за бебиња што ги имаат во пакетите. Така и пишува на објавата, дека си стојат и стандардните пакети со специјалните бенефиции. https://acibademsistina.mk/mk/novosti/index/1120
Хаха, веќе имам искористено. Логично пред месец време имам уплатено аванс, секое цтг ми е бесплатно, и лабораториски анализи.....
Не знам за тоа бидејќи јас бев на цтг и направија некои анализи но сето тоа ми беше бесплатно бидејќи е после 35 недела, немав ни уплатено аванс сеуште. Мислам тоа со докторот најдобро на крај на ден би требало да се види.
Znaci samo za porajgai do 15ti septemvri, jas sfativ deka moze da se ostavi do togas kapar za da se iskoristat promotivnite ceni
Прашав и јас, морав да се јавам. Во таа промоција немате никакви бенифиции, само пораѓај, и 2 до 3 дена што ќе престојувате таму. Значи ако сакате нешто повеќе, секако ќе си доплатите.
Да и ако го смените пакетот треба да си ја платите разликата на сите претходни прегледи каде сте користеле попуст
И јас се јавив и ми кажаа дека поисплатливи се пакетите за кои веќе имаме уплатено аванс 20.000 ден и 10% попуст. И дека во оваа промоција не се вклучени бесплатни прегледи за мајката и педијатар за бебето после пораѓај, односно цената важи чисто само за породување. Повеќе е исплатливо за луѓе кои доаѓаат од странство, се породуваат и за ден два си одат. Тоа беше совет од операторите во контакт центар.
Зависно од видот на преглед, обичен 4700 скрининг околу 6700 (не можам точно да се сетам колку платив, ама така нешто).