По 2 кревети се во соба, слободно може сопругот да останува и на спиење. Единствено ако се погоди да има повеќе родилки може да стават по 2 во соба
Здраво женски се мислам меѓу систина и жан митрев за породување и сакам да закажам преглед и таму и таму за да изберам болница и доктор па ако може совет ваши искуства и кој доктор би ми препорачале. Збунета сум не можам да одлучам а се ближи времее
Др Кижески во Жан Митрев, пребарај низ темата ќе прочиташ мислења. Јас засега водам бременост кај него и имам само пофални зборови
Само што се јавив во Ремедика, природно породување 105000 денари плус 8700ден за претпородилна подготовка се плаќаат во 36недела.
Јас имам оставено капар во Систина во април 60к за да искористам НИПТ тестирање, но немам изберено доктор сеуште. Сега пред две недели видов дека имаат намалени цени, се мислам дали ќe ми прифатат да ако сакам да изберам поефтината варијанта, немам користено никакви дополнителни услуги, освен 10% попуст за скринигот во 20-та недела. Ако некоја трудница се породила со овие пакети, ќе може да ми објасни што е разликата меѓу овие два пакети за царски? 155к и 199к ? Некаде подоле во рекламата пишува ако бараш избран доктор вон работно време или ноќе се доплаќа 20к денари плус, што пак не се совпаѓа со цениве (155+20=175к, далеку од 199..)
Подвлечените цени се различни бидејќи има 2 групи на доктори: поевтини - најчесто помлади и поскапи - поискусните и побараните. А новите поевтини пакети што ги пуштија се без никакви прегледи пред и по пораѓај (ехо, цтг, педијатар итн) наменети главно за странци: доаѓа, се пораѓа и си иде, па не верувам дека би влегла тука со оглед дека веќе имаш искористени плус бенефиции (ниптот). Ама сепак најубаво е јави се и прашај ги.
Јас не сум породена трудница, но вака ми објаснија - има 2 групи на доктори, поделени врз база на искуство. Ако избереш доктор од првата група доктори - природен пораѓај е 125.000, царски е 155.000. Ако избереш доктор од втората група доктори - природен пораѓај е 160.000, царски е 199.000. Сега имаат и уште поевтини цени ако се прородиш од 15 јуни - 15 септември, но не знам како се решава тоа ако веќе имаш уплатено капар и го имаш одбрано нифти пакетот. Најдобро да се јавиш во Систина и да прашаш за да ти објаснат од таму. Во однос на барање доктор вон работно време, јас се распрашував и досега не наидов на случај каде што некоја трудница доплатила 20.000 денари плус за да дојде докторот. Најчесто си имаш комуникација со докторот кон крајот и на Вибер лично, па така се договарале. Со лесно!
На познанички што веќе користеле попуст за прегледи во Систина им рекле дека ако сакаат да сменат пакет и да го користат промотивниот, ќе треба да ги вратат парите од искористениот попуст. Препоставувам нешто слично е и со ниптот… што технички значи не се исплати да менуваш, ако секако ти е намерата да правиш прегледи пред и по породување.
Јас со Митко Ивановски правев инвитро, претпоставувам тој е во поскапата група. Е сега за него да доплатам уште 44,000денари да ме породи ? Глупости невидени. Искрено сакам да ја разгледам листата, ќе изберам друг доктор за породување, нема поента многу пари се.
Да... испаѓа 600+ евра за да те породи некој од „поскапата“ група доктори А листа на кои доктори во која група се никаде нема, по телефон ги кажуваат само
Ма какви 600 евра, цели 715 евра е разликата. Епа да ми простат, ама не течат од чешма. Зошто вака си ги дискриминираат нивните вработени доктори.. Испаѓа помалце вредни им се помладите. Мене од друга страна ќе ми биде малку незгодно од Митко кога ќе треба да му кажам дека со друг ќе одам за породување а цел процес и интервенции со него ги поминав, презадоволна сум од однос и стручност, ама ваљда свесен е дека е поради цената.
Дали некоја беше на масажите за трудници што спаѓаат во пакетите за породување во Систина? Имам закажано за утре. Не знам како изгледаат масажи за трудници искрено, во седечка положба? Само грб се масира така?
Јас, само една искористив. Се сеќавам дека чекав доста. Во моментот кога решив да си одам се ослободи масерот. Во седечка положба се, масира грб, рамења, врат. Не се сеќавам колку траеше затоа што беше пред една година.
Некој што се породил царски во жан митрев да каже кратко искуство, и дали даваат појас за стомакот ( нешто како belly binder) после породување?
Моментално сум тука - доктори, персонал, чистота, храна, однос со пациенти 10/10. Пиши ми во пп што те интересира
Дали се има некоја породено во Санте Плус да сподели искуство? Ми излезе реклама со цените за породување и доста се поефтини за разлика од другите приватни клиники