Jas se porodiv pred 6 godini tamu, doktorot bese super i poragajot no uslovite tamu sestri i drug personal katastrofa
Не 300-500 туку баш 500 евра е и тоа регуларно а недај боже на интензивна ако е може и повеќе да наплаќаат.
Ц ц ц вака така неприметно додека промовираат пакети, на мала врата пак пробуваат да протнат покачување на цени. 100че ама кој ти го дава. Пред некој месец се породив во систина и спонтано наспроти царски кај поефтината група беше 119000 со 149000. Сега ги качиле за 100 евра пак гледам според коментаров. На секои неколку месеци качуваат и не знам до кај ќе одат со цениве.
Zdravo mamicki, preporaka za doktor za poragaj vo zan mitrev i dali imala nekoja iskustvo so poragaj tamu ?
Здраво, јас се породив завчера . Од 35 недела почнав тука, па ги запознав сите доктори. Се одлучив за др.Јелена. Прекрасна докторка, внимателна, посветена, достапна. Презадоволна сум. И целиот персонал на болницата е одличен, хигиената и услугата се супер.
Здраво, ме интересира за мислење за породување кај д-р Афродита во Ремедика и кај д-р Ирена Јордановска во Систина доколку некој се пораѓал кај нив. Исто така сакам и да ги запознаам секоја да имам преглед па и за тоа да ми кажете искуства. Инаку ова ми е прва бременост.
Здраво, Мене од половина бременост до крај ме водеше Ирена лани. После породување си продолжив кај неа на прегледи затоа што сум многу задоволна од неа. Ако можам уште нешто да ти помогнам, пиши ми.
Гледам веќе ти одговориле за Ирена и баш ми е мило ако е така. Јас не се пораѓав кај неа ама бидејќи добив болки навечер околу 10 завршив на ургентен каде таа беше дежурна и ме прими. Толку ладен пристап од доктор до сега немам видено. Ме прегледа со рака и си излезе од просторијата, буквално 1 минута беше присутна. Ништо не ми кажа ни дали ќе ја извести мојата докторка ни дека ќе ме хоспитализираат ништо ништо и ниту еднаш не се појави до утредента кога веќе дојде мојата докторка што ме породи.
И јас имам доста лош впечаток добиено од Ирена, не сакав да пишам затоа што не сум била на преглед кај неа и не ја познавам нешто многу, а гледам има задоволни членки, па си мислев дека е до мене или не и бил денот. Кога се породив влезе на визита, џвакаше мастика со отворена уста, како да не постоевме и јас и цимерката, поставивме некое прашање и само не погледна дрско и си излезе. Останав зачудена
Јас лани во август се пораѓав природно во систина и сум презадоволна как др. Гордана значи немам доволно пофални зборови за жената и општо за се... Сега сум трудна пак во октомври ми е термин пак кај неа ке се пораѓам, е сега пошто веќе имам уште едно бебе (тогаш здравје ќе има година и два месеци), дали на посета ќе ја пуштат и неа со татко и? Некој вака од искуство да каже, пошто 3 дена без да ме види и јас неа без да ја видам не знам како ќе издржиме
Добро што е со луѓево? Како да работат со предмети, а не со луѓе. Не ми се верува што прочитав за Ирена...јас ја знам во сосема поинакво светло, и тоа токму кога бев на дежурен во средина на бременоста ја запознав, и бев сигурна дека погоре споменатата докторка која ме водеше до тогаш, морам да ја сменам, затоа што ме препраќаше на дополнителни прегледи на секој мој паничен напад. Секогаш одговарала на пораки, повици. Кога ќе се сетам, и со акушерките е исто. Цимерката што ја породија пред мене беше презадоволна од акушерката, префина била се, одам јас на крај на нејзина смена, луѓе...како што ми беше страв, таа дополнително ми го качи, ми доаѓаше да избегам од таму. Таков намќор, дрски одговори уфф кога ќе се сетам За среќа таа брзо си отиде па дојде друга што беше срце со мене, Господ здравје да и дава колку смиреност и верба ми влеа. Излегува дека се се сведува на тоа кој како ќе ни се потрефи, друго не знам што да кажам.
Здраво, се мислам меѓу Жан Митрев и Систина, и едно од пресудните нешта би ми било да посветуваат внимание и нудат поддршка за доење. Со вовлечени брадавици сум, и со првото кога се пораѓав во Систина, не ми помогнаа баш, а јас ем неискусна, ем со царски, и пројде возот. Па, ако некоја од вас неодамна се пораѓала во една од двеве болници, ептен би ми значело ако споделите како сте прошле на тема доење. Фала <3