Јас кога се породив со првото во Систина во 2018 не ми посветија внимание за доење воопшто, бебето цело време беше кај нив, фатив мастит, се изнамачив ама успеав да дојам. Со второто во 2024 имаа сменето тактика, бебето е постојано со тебе и инсистираа на доење, ми помагаа за се и уште во болница ми се воспостави лактација. Ова е мое искуство. П.с. јас ги молев да го земат малку да одморам бидејќи бев со царски
Јас се породив лани и мислам дека зависи кој ќе ти се падне на смена. Јас се погодив викенд, бебето не ми го оставаа во соба, им се јавував да го донесат го носеа после саат време (исто и цимерката), беа во хаос растрчани. 2-3 беа на смена различна доаѓаше цело време и само ќе ми го поставеше бебето и бегаа низ врата одма ниту објаснување ни ништо. Бебињава вриштат, ние не знаеме да ги наместиме, сестри не доаѓаат. Само дента кога си одев дојде една постара сестра па колку толку ми објасни дека погрешно правам и ми даде некој совет. Успеав да дојам, но не поради нив сигурно.
Zdravo devojki,da ve prasam sto bi mi preporacale za doktor za vodenje na bremenost i poragaj pomegi dr.Jordanco Ivanov i dr.Mladen Risteski ? Dvajcata se vo sisitina. Sekoj sto imal iskustvo bi ve zamolila da mi prenesete. Fala
Јас пред две недели се породив во Жан Митрев и како првородка сум задоволна од тема доење, го носат бебето пред да му дадат дохрана, ти ги масираат градите и дур не почне да цица не си одат. Ми покажаа техники за доење, ми донесоа пумпа за плус стимулација. Кога ме пуштија дома два дена беше на комбинирана исхрана, дур ми надојде млеко и сега веќе сме на ексклузивно доење. За твојот проблем би требало силиконски брадавици да помогнат, мене ми ги предложија од Жан Митрев бидејќи дома тешко се закачуваше на града, навистина помогнаа сега си нема гајле си цица ама па мене поубаво ми е со нив не ме болат брадавиците. Инаку ако имаш било каков проблем со доењето кога ќе си дома најубаво Јасна да си ја викнеш и најбитно да не се откажеш, си бара упорност
Сега во Систина, бебето е цело време со мајката, ако добро те сфатив воопшто не го тргаат од собата на мајката? Дали сами се во со соба бебето и мајката или повеќе мајки и бебиња се во собата, како е тоа во Систина? Кај спонтано породување, колку се останува во болница? Фала многу, за секоја информација
Во Систина бебето е со мајката цело време. Го земаат навечер за да се наспие мајка, преку ден за да го нахранат и во случај кога ќе побара мајката (за да се истушира, јаде, одмори, итн). Во соба си сама или со една цимерка. Зависи што е слободно и дали се пораѓаш прв/втор/трет пат и ти следува апартман. За ова има исклучоци - другарка која прв пат раѓаше во Систина и се погоди да биде сама во апартман, друга другарка која роди по втор пат прво ја сместија во соба со цимерка затоа што немаше слободен апартман да биде сама. За спонтано породување ако е сѐ во ред со мајка и бебе се седи 3 дена.
Го земаат за прегледи, пресоблекување и хранење преку ден и го враќаат одма. Јас ги замолував да го земат за да јадам, да се истуширам и да одморам малку бидејќи моето не спиеше ич. Плус бев со царски и ми беше мачно првите два дена. Преку ноќ генерално не е со тебе ама го носат за цицање прво, па после му даваат дохрана што е супер бидејќи млеко ми дојде многу брзо. Јас бев во апартман, сама, бидејќи ми беше втор пораѓај таму.
Здраво женски да прашам да ли знаете во систина кога ке одам на CTG да ли и докторот ке ме прегледа тогаш со ултразвук или само сестрите ке ми направат CTG ? 35 недела сум и за др. Бојаџиев конкретно прашувам. Фала ви
Со др. Младен немам искуство, но др. Јорданчо топло го препорачувам. Два пати ме пораѓаше и еднаш ме оперираше. Многу смирен доктор, што таа смирена енергија ми ја пренесуваше секој пат и на мене. Двата пораѓаи беа природни, каде огромна улога имаат акушерките, имав среќа и прекрасно искуство и со нив, ти посакувам и на тебе исто
Ако се може зошто да не . Значи далеку сме од сиромашна земја кога сè поголем број на жени можат да си дозволат пораѓај од 2000 - 2500 па веќе и до 3000 евра во најдобрата група. Нема маана на тоа, им се може. Е сега, тие што не можат, нека молат Бога да имаат среќа да поминат без трауми кои ќе ги влечат цел живот. Освен нели, ако и во државно не фатиш врски и дадеш нешто под рака.
Полнач со долг кабел,дезодоранс,лабело, чешал .Се друго имаш таму од шампон,гел за туширање,пешкири,папучи,четка и паста за заби.
Да не се збуните, јас имам уплатено депозит за пакетот шо е со 6000 поскап -> поскап е заради што НИПТ тестот е вклучен во него.