Јас се пораѓав кај Корнелија спонтано, океј поминав. @dummy баш ме интересира зошто не би ја препорачала. Инаку @steffy05 цтг прават сестрите а после одиш со тоа кај докторот на рутинска контрола (ехо и ако си веќе при крај преглед со рака). Мене ми закажуваше на секои 4-5 дена преглед и цтг кога бев при крај.
Би пишала повеќе детали во лп ама во главно очекував повеќе смиреност и разбирање од жена која има родено 2 деца а не да ми вика на сред пораѓај
И јас имам молба за препорака, овој пат за доктор од Жан Митрев или Систина, кој би имал разбирање и трпение за спонтано породување, со оглед што првиот пораѓај ми беше со царски (поради намалена плодова вода, иако мислам дека имаше простор да почекаме, ама тогаш бев неискисна и неинформирана). Веќе бев Жан Митрев кај Андонова на консултација и некако беше прилично изричита дека и второто ќе биде со царски, па би сакала да се обидам и со друг доктор кој би се согласил, здравје Боже ако е можно, да се обидеме и спонтано, а не одма да закажуваме царски. Фала ви
Може да видиш со Бојаџиев во Систина, до сега за сѐ имал разбирање за мене, со трауматичен прв пораѓај. Знам дека човекот предпочита природно породување пред царски, но не по секоја цена. Мислам дека ако си застанеш да разговараш ќе видиш дека и мислењето и чувствата на родилката ги зема во предвид, па заедно одлучувате што е најдобро. Со лесно!
Јас имав кратко ама супер искуство со др.Бојаџиев. Кај него имам правено хсг и уште тогаш ми остави супер впечаток. Е за породување бев договорена закажан царски кај Палчевски, ама Бојаџиев беше ноќна смена и ме проверуваше колку сум отворена зошто се жалев на болки. И јас баш таа вечер, сама се отворив за природен пораѓај, сабајлето он ме провери, бев 7 прсти отворена и викна по сестрите да ме спремаат за природен пораѓај. Јас мислев се шали ама вистина било кога дојде утрото Палчевски, ние сите тројца во лифт и Бојаџиев му се смееше демек дека од закажан царски јас ќе се пораѓам природно да немав толкава желба за кај Палчевски, сега за второво кај него ќе се пораѓав дефинитивно
Здраво, ме интересира за систина, дали од 36та недела покрај бесплатните цтг, во рамки на следењето од докторт се прават и лабораториски анализи (крвна слика, ддимери хомостаза)или тоа си останува од матичниот гинеколог?
Корнелија би ја избрала. Ми рекоа да закажам преглед со нејзе пред да влезам во 36та недела. Кога е најдобро да закажам, 34-5та? Веројатно на тој преглед треба да однесам резулати од брисеви, уринокултура, и се друго што тековно си испитувам, за да се направи проценка за пораѓај..? Со матичната имам закажано последен преглед 35та недела и тогаш се договоривме да ми земе брисеви. Инаку читав наназад доса мислења во темава, од поодамна па ме интерсира дали сеуште е таква праксата. Пр.ако бебето има жолтица и му треба сончање, тоа се доплаќа дополнително? Ако се породам за време на дежурство на доктор од поскапата група, треба да платам дополнително како за поскап доктор? (се извинувам за хипотетичките ситуации, ама ова Систина ценовникот го направиле како да договараш кујна со мајстор..)
Јас закажав преглед кај доктор во 35+6 , неколку дена пред тоа ќе испитувам брисеви па во план ми е резултатите и останатите до тогаш правени анализи/скринизи да ги однесам за подобра слика како се одвивала бременоста.
Јас во 35 недела некаде појдов на прв преглед. Ако има жолтица го сончаат колку што може повеќе за да ве пуштат до терминот за испис. Сончањето не се доплаќа, се доплаќа од ден ако останете повеќе од планираниот термин и тогаш всушност се доплаќа за престојот за мајката и бебето кој е отприлика 500 евра по ноќ. И да го викнат докторот од дома не се доплаќа, интерно си го решаваат тоа, така ни кажа нас докторката. А ако се погоди доктор од поскапата тогаш ја плаќаш поскапата цена.
Ауу.. значи ова бирање доктори од поскапа-поефтина група е глупост. Ете ако мојата докторка не е на смена тогаш, или е ноќно време, празник, викенд... ќе ми се погоди поскап доктор и треба да доплатам уште 44 000... срамота. Па јас баш заради таа разлика во цена бирам од поефтините.
Да, точно ова го прашав и јас и така ми одговорија. Ама ако си решена да те пораѓа твојата докторка ќе ја викнат да дојде на работа (освен ако не е на одмор ама обично пред време го планираат тоа и ти кажуваат ако се на одмор).
Здраво женски, ме интересира тие што имате искуство со приватно здравствено осигурување, дали треба да им најавам за пораѓај па тие дирекно да платат или јас да си платам па тие да ми рефундираат?
Не ми е најјасно колку е разликата во денари или евра, меѓу поскап и поефтин лекар и според кој критериум се бираат гинеколозите. Еве јас на пример сакам да ме породи поефтин лекар и како ќе знам кој е поефтин. Сега гледам имаат некои промоции за породување во Систина.
Се јавив денес да прашам баш на темава и ми рекоа дека пракса им е да го викаат избраниот доктор од дома, единствено е исклучок ако е на одмор тој период. Ама и покрај тоа, никој од поскапите доктори не дежурал, освен Палчевски (и тоа еднаш до два пати месечно), па скоро немало веројатност да треба да се доплати.
Значи ако добро сфатив, доколку докторот што ја водел бременоста е спречен да дојде на породување, тогаш ќе ме породи лекар од поефтината категорија и нема потреба да доплаќам.
Да, така сфатив и јас. Единствен исклучок бил Палчевски, ама ме уверуваа дека се минимални шансите и избраниот доктор да не може да дојде и Палчевски да се падне на смена. Од тоа што разбрав, најубаво е да се осигураш дека избраниот доктор нема да користи одмор во периодот, затоа што така него би го барале и вон работно време.