Мислсм дека веќе тие промотивни цени што им беа до 15 септември сега веќе не се како "промотивни" и не важат до 15 септ туку се вклучени во самите пакети Односно тоа е пакетот Baby classic. Така видов сега ама да се јави некоја да праша најубаво... јас дека не живеам веќе во Скопје, а ќе се пораѓам таму пак и баш ми одговара тој пакет пошо ништо нема да искористам од овој пакетов за кој што уплатив аванс... ама ја кога уплаќав важеше тоа дека се промотивни цени до 15 септември.. сеа не знам ако се јавам да прашам дали може капарот да се искористи и за овој евтиниов пакет па да си доплатам на крај што ќе остане
Цела бременост со примање клексан, може ли природен порагај или индуциран природен може? Некаде како да прочитав дека со клексан индуциран само?
Јас баш ја прашав сестрата сега кога бев на ЦТГ, ми кажа ништо не ми треба освен за лична хигиена ако сакам четка за заби и кремче ова она, и облека за излегување, друго ништо дури и четка да не земам ми рече ќе ми дадат таму. Негде прочитав полнач со подолг кабел ќе е од корист, ама за друго не. Ако има некој да додаде нешто пишете да знаеме
Јас со инвитро останав бремена, клексани примав цела бременост, а и пред тоа (од ембриотрансфер). Се породив природно.
Може само нема да можеш да примиш спинална за болките да се намалат мора да има разлика 8 до 12л од последниот примен клексан .
Аиии мајка ама ме израдува! Честитки со лесно на пораѓај За Систина не требаше ништо освен лични работи за тебе (четка за коса, стегач и полнач) на крај ќе ти донесат облека само за тебе и бебе сè друго имаше и пред скоро 3год дури и четка со паста за заби. Јас си носев и крема за гради само плус
Јас примав 1 ден пред пораѓај,иако имав за уште два дена да ставам па ќе ме пораѓаа ама ми пукна водењакот.се породив 38+4
Девојки каде е подобро за породување во жан митрев или ре медика? Исто така и за следење на бременоста?