Не се наплаќа капар ако имаш оставено за некој пакет. Јас имам за бејби премиум ама сакам да го сменам за бејби класик пошо поише ми одговара секако нема да ги искористам бенефициите од премиум пакетот пошо живеам во друг град. Ама тоа бесплатно цтг го нема како бенефиција во бејби класик па затоа прашувам колку се наплаќа
Јас правев ЦТГ пред 36-та недела, значи пред да почнат да “важат” бесплатните и ми наплатија како за преглед, односно преглед наплатија а ЦТГ посебно не наплатија. Околу 4500 не се сеќавам точно (цената беше со 10% попуст заради авансот, имам уплатено за тој пакетот со сѐ што иде).
Мене ниедно цтг ми немаат наплатено, а одев често заради случката со плодовата вода. Секогаш само прегледот дури и сами ми кажаа дека цтг не наплаќаат. Еднаш дури ни преглед не ми наплатија.
За жан митрев денес уплатив кај кижески. Ептен ми се допадна докторот односот се. Од 36 нед им се на нив нели се бесплатно. Јас сум 27 скоро и ми рече да си доаѓам на ехо без да плаќам . Разгледав собите , бебињата кај се . Се е прекрасно. Одлични им се цените 90 со 110 царски . Го прашав доколку не е на работа а јас почнам да се пораѓам ми рече ми звониш во било кое време јас ќе дојдам Сега за сега 10 + оценка
А од 36та? Јас нареден преглед ми закажаа за во 36+3, тоа како му иде, ќе треба да плаќам нешто или ќе ми бде вклучено во пакетот?
Фала мајка, ајде побрзо и ти да се решиш за второ не се дружевме овој пат како за првите Тогаш со торба тргнав, сеа со ранче ќе одам, поздаборавив дека таму има сè, освен моиве лични работи што ќе си ги земам
Во 36та првиот преглед кај избраниот доктор јас платив, веќе од следниот преглед си спаѓа сè во пакетот за породување и не се плаќа, од 37ма веќе не плаќам ниту извештај даваат, само од цтг ливчето и од ехото слика.
Да потврдам и јас. Истото мислење го делам, браво за докторот и за болницата. На самата консултација не ми наплатија ехо и плус на наредниот преглед (32ра недела мислам) не ми наплатија преглед ехо. Преубав пристап свака им част. Во Систина ова сигурно ќе си го платев 6-8К како ништо. Ќе пишам искуство после пораѓај (ќе биде здравје наредните 2-3 недели) за идните мајки доколку ги интересира и сакат да уплатат за тука. Поздрав
Од 12та недела уплатив аванс и секој месец одев на ехо не ми го наплаќаа, моментално сум 34та и пред 1 недела ми правеа цтг дека имам лажни контракции и тоа не ми го наплатиа. Јас до сега сум презадоволна
Истото мислење го делам и јас. Кижески е прекрасен доктор кој ме породи царски пред брзо, и целокупниот третман од сите буквално ми беше како да сум во хотел а не како да сум отишла на порагај. Една огромна препорака за него и за неговиот пристап и стручност. Дури кога завршив и со последниот 6 неделен преглед после порагај што ми следуваше ми рече што и да имаш или било какво прашање може да ме побараш на вибер (а веќе нема должност да ме третира).
Јас сум декември, уплатив само, не сум одбрала доктор. Се мислам Кижески или Јелена, не знам, кога ќе одам 36 недела ќе одберам. 26.12 ми е краен. Ти кога си?