Точно, пишува дека деца под 12г не смеат да доаѓаат на посета, но јас кога се пораѓав во соседните соби видов и помали дечиња. Можеби на денот на излегување ги имаа донесено.
Смее да дојде синчето, но ќе седите во просторијата за посета, ако разбира и сака да ја види сестричката ќе ја донесат со креветчето на 1минутка во истата просторија, ќе поседи сестра со вас и веднаш ќе ја однесат и ова секако доколку само вие сте во просторијата ^^искуство од цимерката
Така и помислив дека може во таа просторија, ама ајде ќе видам веројатно и тогаш ќе одлучам. Таму се породи ти?
За царски чепче, клизма нешто такво добивте? Ми рекоа да си јадам нормално до вечерта, а освен катетар за чепче или клизма не ми спомнаа. Да знам што да очекувам. И дали е непријатно со катетарот? Искрено може е глупо ама немам поим каде точно се става и како е чувството.
Чепче во ремедика. Катетерот не ми беше ништо страшен, само неугоден го осеќаш. Го ставаат после интервенција тогаш си под дејство на анестезија не осеќаш, потоа кога го вадат исто малку непријатно е и тоа е тоа
Зависи кај раѓаш.. во Ремедика катетар ми ставија по операцијата и ништо не осетив, само кога го вадеа 2ри ден малку незгодно чувство. Се става во мочен канал, не го осеќаш додека е на тебе.. може само кога ке те стануваат прв пат да го осетиш малку незгодно цефчето За чепче незнам како е.. јас добив чепче дека ме спремаа за природно раѓање, добив чеп.. бев во вц и после провокации добив.. но царски завршив. Мислам секаде ставаат чепче или клизма и за царски, за да не ти се оди во веце првиот ден по операцијата..
Море како го осекав тој катетерот цело време, грозно. Клизмата не ми беше толку не пријатна како катетерот. Не боли, но некое грозно чувство, едван чекав да го извадат. Можеби е индивидуално.
Прв ден не мрдав многу и не го осетив баш... е втор ден на станување го осетив и беше незгодно, се влече и виси мислиш ке ти падне во секој момент. Успеав сама да станам и сама да се прошетам до вц, па уште втор ден поручек ми го извадија фала богу рече сестрата што помалку стои толку подобро..
Јас одам кај Стојковски,ставрно ич не е зборлест ама иччч,ако не го прасувас дури мислам нема да ти казе нисто,ама одличен доктор е,како карактер стварно е без тон хахаха ама врвен дијагностичар ...
Мене ми спомнаа дека другиот ден ќе го извадат. Инаку за колку време ве однесоа во соба? #продолжувам со глупи прашања
Кога ке ти пуштат нозете, да можеш да ги свиткаш нагоре Јас на интензивна бев 15мин и тоа таму пуштени ми беа нозете скроз .. но ај да полежев малку да ме следеа, во сала бев повеќе време и таму ми пуштаа нозете на крајот (ги мрдав стапалата на маса)... Катетар ако си спремна сама за станување, ке ти извадат втор ден.. на цимерката 3ти и го извадиле, неможела сама да станува втор ден. @peperutka87 има за некое време да се опушти човекот, нема да го препознаеш хахаха Ке се шали, ке се смее, често ке доаѓа да те види... Мене он ме породи
Ама неее, како се ближи денот така си идат прашањата Ќе биде пред влегување во сала, чекајте да прашам нешто на фемина Инаку прочитав негде дека 24h ги држеле на интензивна па одма паника. @mariz Супер