Ме интересира што е со групите поефтини и поскапи доктори за Породување. Јас се јавував во Систина и ми рекоа дека др.Палчевски и др.Дракулевски се во поскапа група, а јас ни 5 ни 6 прашав зошто и девојката ми рече политика на болницата. После ми текна викам кај прашувам преку телефон јас... Исто ме интересира дали во пакетите си сама во соба?
Цела бременост водена кај Бојаџиев пред една година и се породив кај него. Презадоволна во секој поглед
Колку е тоа ако имаш инфо? Читам во Систина водиш бременост, јас ќе се префрлувам уште 1 месец. Претпоставував, јасно ми е. Премногу пофалби добив за кај др. Палчевски па планирам таму.
Не знам точна цена, утре сум на преглед и ќе прашам бидејќи и ме интересира дали треба однапред да резервирам. (Мислам дека е околу 150-250€ од вечер и плус ако сакаш да спие сопругот се доплаќа и за тоа) Јас Палчевски го одбрав исто за пораѓање, кај него се префлам со прегледи редовни од утре
Знам, но мене ми е прво и планирам апартман да земам, а претпоставувам членката чим прашува и нејзе ќе и е прв пат во Систина
Немаат многу апартмани чисто информативно. Мислам само 2 се и дури и тие по втор/трет пат што се пораѓаат често не можат да ги сместат таму од што толку е капацитетот
Затоа со време сакам да си резервирам ако е потребно, воедно и како за све друго во македонија што треба “имаме луѓе”
Во Систина се имам оперирано пред 9г ама доле на кардиологија, за да лежиш сама во соба треба да доплатиш ама пред 9г беше 4500мкд, а сега секако е по скапо, а плус на гинекологија немам појма како оди работата. Ти помина ли со преглед?
Дали носеше сопругот благо за персоналот? Ако да, каде се остава, горе на катот на шалтер? Исто, дали е дозволено при излегување да донесе букет?
Завршив сега. Доколку немаш пакет за пораѓање е една цена, ако имаш пакет се минусира. Еднокреветна од ден 24000, со пакет 8500 од ден. Апартман од ден 52000, со пакет 36000 од ден.
Да цените се тие, но со овие пакети за пораѓање ти следува двокреветна соба. Доколку имаш уплатено аванс и одбрано пакет, а сакаш еднокреветна соба или апартман се доплаќа од ден, 8500 за еднокреветна, 36000 за апартман. За втор пораѓај (доколку прв ти бил во Систина) ти следува еднокреветна соба, за трет пораѓај апартман.
Девојки, ги знае ли некоја од вас цените за породување во Плодност - Битола? Да сподели искуство некоја што пред скоро се породила таму
Јас сум породена во Плодност. Платив 100.000 денари за спонтано породување со епидурал. Задоволна сум од условите, хигиената на врв ниво, доктори, сестри, болничарки сите беа ок
Ако си природно не може да резервираш, не знаеш кога ќе му текне да излегува . Еднокреветна е царска работа, барем за мене.