Што е разлика мегу премиум и класик, па толкава разлика? Јас некако не им ги разбирам цените, со нифти и без е ова погоре така? Систина дефинитивно водат многу со цените. Во Жан Митрев која е цената?
Ама стварно не ти треба толку апартман собите се сите чисти пространи , мене ми се погоди една цимерка само првиот ден многу кратко седеше после ја префрлија и следните 4 дена сама ( со царски бев) може и тебе така ќе ти се погоди а со цимеркатс толку ни легна муабетот си се аднавме на инстаграм и се уште си контактираме . Но добро може си имаш свои причини не ти се мешам сакам да кажан не се разочарувај и да нема апартман и во собата е комфорно и имаш приватност
Вие што не сте од Скопје кој пакет го бирате? За мене конкретно тешко дека нешто ќе искористам на пример со бебе плус на пат час и половина. Во Санте кога се порагав ништо од купоните не искористив, едвај еден преглед отидов и тоа кога порасна бебе, кај матичната отидов прво.
Во премиум имаш повеќе испитувања за бебе, после треба да го носиш по други доктори и болници, без другите работи се може
Во Жан Митрев се 90к природно со 110к царски, со вклучени прегледи од 36та недела, а за бебе 4 прегледи педијатар и 1 преглед ортопед
Во цената ти е тестот за синтроми- NIPT. Погоре имам слики постирано кај што имаш разлика од Класик и Премиум.
Јас од 27ма прв пат кога отидов до крај додека не се породам, сигурно беа 4 прегледи плус брисеви и два контролни прегледи после породување, не доплатив ни денар плус надвор од пакетот За бебе имавме 5 прегледи, не го плативме тој еден што беше дополнителен.
Fala ti, malce me zbuni deka bez nipt e 119 iljadi kaj poevtina gr na doktori i posle pak istite raboti za 90 iljadi
Јас се породив скоро во Систина со baby classic, бидејќи не сум од Скопје, реално немаше ништо да искористам од дополнителните привилегии.
Јас бременоста ја водев кај Димчев, а од 36 та недела почнав да одам на цтг кај Снежана, си се договорив со неа, бидејќи бев со карлично поставено бебе и немав избор освен царски. Докторката ми рече дека доколку ме фатат болки, веднаш да и се јавам дека ќе дојде, што не се случи, така да, мислам дека ќе си се договараш со докторот кој ќе те пораѓа. Со лесно
Значи скроз се иновативни овие од Систина во смислување начини како да ти наплатат повеќе… ова бејби класик премиум им е нешто ново. Јас кога се пораѓав имаше само еден пакет со цените од премиум и со тие бенефиции ама знаете што искористив само - бенефициите за бебето т.е трите бесплатни прегледи кои траеа по 5 минути. Кога и да се јавев за масажа никогаш немаше место, она со психолог или нутриционист врска нема, а торбата не е ништо посебно. Исто со фитнес центарот гужва е па даваат термини само во работно време. Нема поента ако не сте од скопје да го плаќате премиум пакетот. Она што ви е битно веќе го има во класикот. За собите мислам дека е скроз океј двокреветна соба. За еднокреветна ај некако не е прескапо, ама за апартман толку пари да дадам ми е надвор од секое здраво размислување. Што се однесува до избор на доктор за пораѓај исто - особено ако сте спонтано, докторот речиси и да не игра никаква улога на самиот пораѓај. Најголем дел од времето пред да се породите акушерката е со вас, таа прави преглед со рака, ви кажува како да дишите и ви помага. Докторот е буквално 10 мин со вас т.е доаѓа кога сте пред самиот момент на пораѓање. Ептен е голема разликата во цена и реално не вреди, а во поефтината исто има топ доктори.