Докторот што те порага не те мери со рака? Мене докторката ме мереше. Има некој што не бил мерен со рака на прегледите? Кога ми текне на тоа ми се темни
Здраво девојки И јас имам уплатено во Жан Митрев кај Др. Кижески, сега сум 35та недела. Досега сум презадоволна од докторот, достапен е за консултација и прашања, центарот го посетив пред 7 месеци и е одличен. Деновиве ми станува мачно самото одење до тоалет и качување по скали, тешко дишам и ме фаќа паника и страв дали и како ќе издржам пораѓај Железо и хемоглобин ми се на долна граница, почнав да пијам тот хема ампули и и од нив ми се повраќа.. Се надевам нормален е овој замор и се ќе биде океј со мене и бебенцето ♥️
Нормално е тој замор при почетокот на 9ти месец, исто се осеќав и јас дури и порано во бременоста. Исто и железото многу ми падна ама бебе си влече затоа е така. Не се секирај ќе биде се како што треба, во добри раце си со докторот Те чекаме со убави вести
Мене само на последните два прегледи ме мереше. Инаку на самиот пораѓај мене со болки ме примија ноќта во 11 часот и дежурната докторка Ирена ме провери со рака на прием. После тоа до сабајле цело време само акушерката идеше да ме проверува и анестезиологот за да ми стави епидурал, Ирена буквално ниту еднаш не се појави до сабајлето. И сабајлето кога дојде мојата докторка Корнелија на смена многу брзо се породив, ме провери и таа 2-3 пати - доаѓаше на пола саат ама поголем дел од времето акушерката ги правеше проверките. Не знам дали дека ноќе се отварав јас и само дежурен доктор имаше а утредента многу брзо се породив па немаше време за многу проверки кога дојде мојата докторка. Како и да е сакам да кажам дека барем според мене немаше баш некоја преголема важност докторот и дека има исто топ доктори што не се оние 4-5 што се вртат цело време. Покрај Корнелија таму се Јосиф, Младен, Јорданчо… исто мислам Бојаџиев е во поефтината иако јас сакав кај него и тогаш кога јас се пораѓав беше во поскапата ама после овде од некоја членка прочитав дека сега е во поефтината.
Скроз, ама јак маркетинг имаа напраено и се лизнав. Јас не знаев дека постои класик пакетот, ког бев таму во брошурата, беа само премиум со и без НИПТ и сакав д правам НИПТ и реков ај за 5000 денари разлика не е многу.. сега гледам дека уствари разликата со класикот…. ♀️ Сума сумарум кога уплаќав на брошурата беа само овие два пакети и јас мислев тоа е тоа.
Породена пред неколку недели во Систина - со премиум пакетот кај Дракулевски. Искористив (и планирам да доискористам) сѐ што се нуди во пакетот и за мене - масажи, консултации, фитнес центар здравје понатаму, а за бебе - ортопед и ехо на срце кога се роди, 3 прегледи кај педијатар, некој третман за физикална терапија по 3 месец (овој е за сите достапен мислам). Си ја отворам брошурата, гледам што ми следува, си закажувам термин и идеме. На тие пари сѐ што ми се нуди ќе биде употребено Презадоволна сум од болницата, почнувајќи од болничарки, сестри, па до доктори. Хигиена, храна, грижа пост оперативна, достапност на сестри, пристап и однос кон пациенти - буквално сѐ беше на врвно ниво. Препорачувам на секој кој може да си дозволи, без разлика кој паќет - го прават раѓањето толку олеснително.
Dravo jas sum veke 35 nedela I imam uplateno vo ReMedika da me poragja dr.Ejub moze da mi kazete iskustva od poragjajot sto nudi bolnicata? Bidejki prvata bremenost se porodiv vo Sante Plus I si nosev del od stvarite kako mrezeti gaki I dr potrebni stvari za licna higiena.
Ич да не се секираш нормално е башка си кај најдобриот доктор нема подобар повнимателен стручен опушти се
Здраво девојки, ме интересира дали некоја знае како се движат цените за царски пораѓај со близнаци. Конкретно за Sante Plus и доколку треба специјална нега како оди тоа.
Инаку сигурно ќе има доста членки кои ќе ме демантираат, ама неколку блиски пријателки и познанички кои се имаат породено кај Палчевски се со царски рез, скоро и да не познавам некоја што спонтано се породила кај него. Не знам дали така случајно се погодило или докторот си преферира царски да ги пораѓа пациентките.
Марта на Лазаров мислам природно се породи кај него. Али фикс и јас мислам дека поизвиканите доктори не сакаат баш да чекаат и да те проверуваат до кај си што си, сечи, вади и завршена работа
Не е точно ова, баш напротив д Не е точно ова, баш напротив докторите во систина инсистираат секогаш на природно а тоа што пациентките си сакаат е друга работа. 2 пати сум таму породена царски на мое барање, со првото не ме ни слушаа едноставно ме качија на бокс, со второто сама си инсистирав од почеток, имам многу другарки таму породени и тоа што седеле и по 24 часа таму со цел да се породат природно и така и се породиле
Нив потешко им е царки тоа е тешка операција, а и болницата е повеќе во кјар со природно породување, не трошат ништо за тоа