Убаво реков ќе ме демантира некој. Ама не си го прочитала целосно мојот коментар бидејќи коментарот не се однесуваше за сите доктори туку за Палчевски. И јас се породив спонтано во Систина и покрај тоа што на последните прегледи имав некои индикации за царски, и неколку пати имам пишувано дека не е точно тоа дека форсираат царски. Ама според искуствата на барем 5-6 луѓе што знам дека се породиле кај него, на сите им има предложено царски, дури и без индикации. Затоа реков дека докторов изгледа си поштова царски повеќе. А дали било потешко царски или не, зависи од случај до случај. Ако се отвараш цел ден па провокации чуда итн и спонтан пораѓај знае да биде и те како тежок. Царски ако е договорен, да тешка операција е за мајката, ама за нив е рутинска операција што ја прават неколку пати дневно. А тоа дека не трошат ништо за природно а за царски трошат, не разбирам што повеќе трошат? Конец за да зашијат повеќе слоеви? Или анестезија? Анестезија и за спонтано ставаат, и ако има епизиотомија и таму се шие. Точно повеќе лекови се даваат инфузии ама затоа и цената е 500 евра повисока за царски.
И баш ме интересира што им кажува да ги убеди, полесно ќе поминеш мајка да не се мачиш, готови сме за 15 мин .. вака на познаничка и направија, нит пробале за природно и она наивна, затоа е убаво и сопругот да е тука зошто бремена жена со хормони што одвај чека да се олесни не размислува секогаш правилно
Па и Органџиски така правеа. Кај мене беше попреку, ама додека одев на цтг беше наместен, на крај се сврти како за беља и уште чистачката да пробаше да ми каже царски да бидам. Да не се мачеш оти скоро 4кг се роди син ми, па вака, па онака. Никој не кажа дека ќе почекаат да следат или провокација, ништо. На снаа ми тесна карлица, а немало врска, на некоја друга друго ќе излажат и така ем план за сечење ем повеќе пари. Си имаат финти што да кажат ако сакат да те убедат.
Petanovska za vtor skrining mi gi predlozi Kotlarova vo Remedika i Kornelija vo Sistina so koja imate iskustvo inaku se mislam za kaj Kornelija da si zakazam a potoa kaj nejze i da se poragjam
Јас правев втор скрининг кај Др.Корнелија, жената е врв.. многу е комуникативна, не создава паника и убаво објаснува, кај неа и ќе се пораѓам, веќе уплатив. Многу препораки добив за неа од блиски пријателки, и ако и тебе ти биде од помош еве и моја препорака за досегашната комуникација со неа
Вие што не сте од Скопје како се порагавте во Систина? Имам саат и половина до Ск, што ако немам време да стигнам на време. Со првото бев во Ск во Санте природно со индукција ама сега имам страв со индукција. Имам уште многу време ама како секој и јас имам голем страв и премногу прашања во глава. Ја земам опцијата дури и за царски што исто така многу се плашам.
Од прва контракција до породување процесот не е баш така брз. Немој да се плашиш од царски па воопшто
Не е страшен царскиот, многу е болно после тоа, барем мене ми беше. Посебно станувањето, со солзи отидов до купатило. Кога ќе ми текне дека ме чека истото за 2 месеца... Ако можеш, бирај природно, штом си Систина, ќе си со епидурална.
Дали некоја скоро се породила во Систина и ја користела услугата „Добредојде Бебе“ за вадење на првиот извод? Дали навистина го добивте изводот додека бевте во Систина и како ви помина целата постапка?
Котларова во Ремедика. Ми има целосно водено две бремености и породувањата, презадоволна сум во секоја смисла на зборот. Топла препорака за докторката.
Дали се одлучивте за матични клетки? И во која банка? Со првото не зачував сега се мислам, колку валидно ги чуваат? Имате ли искуство? Мене ми е понудено од Био Сејв преку која правев Нифти.
Јас овојпат зачував, преку Биостем. Истражував по нет и делуваат валидно. Не дај Боже да притребаат, ама во денешно време преплавено со лоши вести одлучивме дека е поарно да ги имаме. Избравме опција за плаќање на рати, па не ни е некој преголем трошок.
Мајки, пред една недела сум породена со царски во Жан Митрев и мислам дека заслужија да го споделам моето искуство таму. Прво голема пофалба и благодарност до др. Бочваров и др. Јегени кои го изведоја оперативниот зафат, беспрекорната грижа од страна на медицинските сестри, и можеби најголемата благодарност ја заслужуваат тимот на педијатри кои се тука 24/7 и ви го даваат мирот кој во тие денови и те како ви е потребен. Ви посакувам секоја од вас да си го донесе безбедно своето чедо на овој свет, затоа што само тоа е вистинската смисла на овој живот
Zdravo, me interesira dali plakanjeto moze na rati ili celosno se isplaka do poragjajot? Neka e so lesno
За пораѓај имаат опција и на рати преку Алта Банка, ние за тоа не се одлучивме, ама од моја другарка директно инфо дека кредитот е без камата и во еден ден одобруваат (не е задолжително да е на родилката, може и на име не таткото да е барањето за кредит). Има 3 пакети за пораѓај, ние се одлучивме за Премиум и за тој се уплаќа аванс од 20 000 ден. Нека е со лесно кај ситее