Јас дека со епидурал, имав нозе активни цело време. Дури и ми мрдаа од студ за време на интервенцијата, па донесоа едно чудо да ме загреат. На интензивна дремев 2ч - ги чекаа од гинекологија да ме "приберат" Едвај чекав во соба да одам, само гледав на саатот. Арно телефон ми дадоа да се јавам кај мм
http://ako.mk/санте-плус-доби-забрана-за-работа/ Вистина е ова?? Башка тој гинеколог што ја лажеше пациентката дека е бремена, нели од Гак беше?
Дамчевски работеше во Санте, ама тогаш истава беше Моја болница и имаше сосема друга постава од сегашнава. Чинам тој и ја менаџираше.
Prvo e rabotil tamu I tamu ja lazel pacientkata oti e bremena posle se prefrli na gak na oddelenieto za sterilitet
Ќе има уште слики по фб сега? Кај се сега тие што мистериозно се вклучуваа на темава кога се збореше за болницава?
Натпреварот што го водевте наназад која болница е "подобра" или полуксузна ете заврши во полза на Систина и Ремедика моментално. Честитки
Јас кога зборев дека санте мути нешто никој неми веруваше. Уште кога ми издадоа извештај без печат и потпис и енциклопедија си отвори докторката знаев дека има нешто. Уствари докторката да си била доктор во пензија и без печат работела таму.
Не беше натпревар, кога некој се одлучува да раѓа во една од 3те наведени, нормално мора да се споделат искуства...
Камелија, јас 100 пати истото го кажувам... не може место кај што нема кардиолог нњурохирург трансфузиолог... или па детски кардиохирург да биде безбедно место за раѓање. За време на пораѓај може да пукне крвен сад да има инфаркт... додека ја исшетаат родилката од едниот до другиот крај на градот отиде жената. Или детето. Затоа и другите градови ги праќаат сите во гак кои им се несигурни. И стварно мислам дека треба да се пријавуваат докторите кои лошо работат. Не после да умираат мајки па жал да ни биде. Соучесништво.
Ах бее компликации сегде може да не снајдат ама ај ќе се лупаме во гради за Систина или Ремедика сегде се случуваат све и свашта.
Баш така звучеше твојот коментар, затоа и пишав. Зошто ги повикуваш тие што биле задоволни од Санте и лесно поминале па затоа пишале позитивни искуства, ако само за искуства разменување ви беше дискусијата? Што очекуваш да кажат?
Од тебе конктетно ништо. Од тие што се породиле искуство. Од тие што тука пишуваа, а не се породиле, туку инстантно правеа нови профили кога ќе се пишеше нешто во негативна конотација би сакала да чујам дали по ова би раѓале таму како што најавуваа.