Точно е дека препраќаат и трудници и други болни, критични на клиника. И тоа можеби треба да го кажат отворено уште на почеток,дека ако се закомплицира се оди на клиника ,би било фер. Мене ми е во ред да се оди во приватни,ама ако одиш да се породиш кај докторот што те водел 9 месеци зошто нормално е да сакаш да се породиш таму кај што работи тој,имаш доверба,а да те породи друг случајно паднат на смена,е тогаш е нон сенс приватно плаќање поприлично солено за породување ,за таа цена треба да овозможат породување од тој што ја водел бременоста. А породување заради филмови дека си класа ако си се породил во Систина или Ремедика,ми е јадно,зборува за комплекси бидејки денес ако ништо секој може да дигне кредит и да оди таму. Многу од докторите во Систина работеа долги години на клиника.Јас бев на пр кај Гордана Петровска кога работеше на клиника.
Ostaj ostaj babce mislat oti odat kaj spremni Dr a koga ke zgusne tie dr odma gi prakaat na gak jas sum ziv primer ne oti nemav pari nego oti odgovornosta bese pregolema
Како бе може секој да земе кредит? Како го кажувате ова со кредитот од 2000 евра ко да се 200 денари. Нели треба тој кредит и да се враќа?
Од се за кредитот се фативте? мене ми е глупост земање кредит за породување,но се земаат кредити и за летување, и за породување во државава.
Само на скрининг сум била..како и да е тоа е зад нас мене ме секогаш душа боли за мојот анѓел ама пак знам дека сега не чува со бебко да истераме со крај..приватни ко приватни само пари земање а чим стане итно дигаат раце.. ајде само Господ да е со нас кој каде мисли нека раѓа
За ова затвор бре! Ццццц! Не ми се верува еј! Место у бели дробови, во желудник и црева воздух нашле. Ужас еј! Се потресов!
Секој си го знае својот есап и приоритетите во животот. И јас не би зела кредит за одмор, па многумина го прават тоа. Нивни проблем. На крајот на краиштата од каде знаете кој во што вложува во животот. Некој во кола, некој во приватно осигурување. Јас се породив приватно, а денар не платив. И да мене ми беше битно некој да ми се насмее кога ќе ме прими и однесе во операциона сала. А да не дискутирам за невидливите работи од кои бегам од државно, не би било фер за оние што немаат поинаков избор. Ама македонче, мора да се замеша во туѓ есап.
Се мешате во штипки, а ме интересира зошто? Од ваш џеб ли ке дадете пари? Вие ли ке го враќате кредитот? Никого не слушнав да се чуди ако некој земе кола на лизинг, а во несвест паѓате кога ке се спомне кредит за породување. Од причина што кај нас државните клиники се ужасни, некои жени решаваат да се породат приватно. Не се џабе фрлени пари, добиваш човечки третман. На државно таков третман не добиваш ни со врски, а ако не знаеш никого - со среќа. Врската на државно не е џабе, и тоа чини, па оние кои имаат пари си велат, зошто да се задолжувам и да молам, ке си одам на приватно и ке си платам, како за сите, така и за мене. На крајот на краиштата, оние кои сметаат дека не им е долга чергата за продување во приватна болница едноставно си одат на државно.
Цела клиника е систина. Ги собра сите докткри од државна и ако имаш пари ќе те пратат на клиника. Аха. Деца во 25 недела се раѓаат таму и преживуваат, ама престојот кошта колки еден стан. Не верувам да ќе те пратат, а ти пари кмаш
Систина има и ургентен центар, посебен ургентен педијатриски центар и интензивна нега за новороденчиња. Не е точно дека препраќаат на клиника, но Ремедика сигурно препраќаат бидејќи немаат интензивна нега. Така што не е муабетот ист за сите приватни, Систина е моментално најопремена приватна болница во државава. За пари не дискутирам, не сум во туѓа кожа да знам, нити друг е во мојата па да ми суди.
За Систина не знам,но РемедикА препраќаат и не поради финансии, туку да не си го рушат реномето. Во фамилија ми е докторка што работи во РемедикА и ми го кажа тоа.
@Black girl да, истото го пишав и јас и тоа го знам од прва рака, Ремедика препраќа критични случаи на клиника бидејќи нема интензивна нега на новороденчиња.
Ремедика праќаат само предвреме родени бебиња затоа што немаат инкубатори,и родителите го знаат тоа,а не препраќаат ради "реноме"
Мене ми е прашањето дали ве известуваат кога договарате пораѓај колку се плаќа ако треба нешто екстра. Дали ако има обилно крварење плаќате за крв, дали ако има бактерија бебето плаќате плус за секој екстра ден и колку... колку за плус лекови. Значи океј е 100 000 пораѓај и на тоа се сигласиле двете страни. Ама што ако има потреба за повеќе. Дали тоа ви го кажале порано? Ако одам за следна бременост у Систина прво прашање ова. У Санте или Ремедука нема шанси да влезам ако е опција приватно.
Зборам за компликации од анестезијата кај родилка ако настане, а не за тоа што нема инкубатори. РемедикА препраќаат за да не се случи нешто лошо кај нив( не дај боже).