5 ноќи е вклучено во цена во Ремедика за царски. За секоја ноќ плус се доплаќа околу 3500 денари. За беебто се доплаќа во зависност од тоа што треба да се прави. Јас на пример бев една веќер претходно и платив само 3000 денари плус (дојдов попладнето се породив ноќта). Снаа ми остана еден ден плус заради бебето ама само на опсервација и платија 3500 (само за неа).
Задоволна сум од државна, ама да не ме знаеја не знам дали ќе бев. Едино од хигиената не сум, ама тоа не е до персоналот.
Точно. Не е сѐ до персоналот. Знаејќи ги сопствените пациенти, не би сакала со нив во исто вц да одам, а не во иста соба штотуку породена да лежам. Можеме да се правиме фини, ама ако ние одиме со чисти гаќи и бањати на лекар, 80% од пациентите заборавиле како изгледа вода. А други хигиенски навики не се ни дискутираат. Раце до рамена мијам после такви, а не да лежам гола и да делам вц. Реално МЗ со доволно вработени и обучени може да поработи на хигиената и свеста на пациентите, ама во моментов е така како што е, лоша нека сум, јас не сум гадлива по природа, ама некои работи се ту мач.
А колку пари е пораѓај (природен/царски) во Ремедика? Спомнавте за хигиена, мене па, хигиената ми е најбитниот елемент што ми е потребен. Болки трпам, не сум некоја нежна, ама признавам дека сум многу гадлива. Тоалетот мислам дека ми е најбитен да е чист, иначе сум во состојба и 5 дена да не отидам во тоалет. И само ради тоа би платила во приватна клиника. Не ми требаат мили и фини и да ме тапшаат по рамо, не ги ни сакам таквите. Ми треба чистота, а не верувам дека на некоја од државниве е до тој степен чисто. Почнувајќи од тоа дека даваат искинати спаваќи, па се друго ... А болките се болки сегде, без разлика дали те тапшаат по рамо или не, дали се фини или не се...
Па не се исти дал ќе те боцнат епидурал или ќе те остават така. Секако и на приватна ако не сакаш аналгетик нема да добиеш, можеш 100% природно да раѓаш, ама реално сите бараат епидурал. Што е и нормално. Друго е кога некој те смирува и се однесува како човек со тебе, сосема е друго зајадливи коментари да добиваш. За мене е преважно да имам доверба и разбирање од персоналот, искрено мачорот кога ми го кастрираа ветеринарот и техничарите со него се однесуваа подобро него што познавам медицински персонал на ГАК. Почесто го проверуваа и го следеа. Епа не е нормално. Ако е тоа лигавење... лигава нека бидам. Едит: мислам @mariz мислам се породуваше во Ремедика, ако се сеќава нека каже цена
Епидурал има и на ГАК, ама треба да фатам 1 000 000 врски за да би ми го дале. Поправи ме ако грешам. И многу ми е глуп моментот врски да фаќам за било што околу пораѓај што во најголемите случаи е природна работа, не е ни болест. Не реков дека некој е лигав ако нешто сака да му е по ќеиф. Секој си има причина, јас само ја кажав најголемата причина поради која јас ќе одберам приватна болница. Нормално и мене повеќе ми одговара мил и фин персонал, меѓутоа пресудното нешто поради кое ќе одам во приватна болница е хигиената. ЗА МЕНЕ. Мене ми е прифатливо секој да си го добие тоа што сака да си го добие за парите, не осудувам, напротив, дај Боже да е достапно за секого. И мене ми е на моменти мака што ќе дадам 2 и кусур илјади евра(горе-доле). На никој не му се за фрлање парите, и тој што има и тој што ќе земе кредит сигурно не му е за да биде елита, туку се има причина за тоа. А верувам дека на ГАК има многу причини што не ни знам да ги набројам.
Мила, болките се тие да. Добро, до 5 прсти мислам ќе ги трпиш болките, но над 5 ставаат епидурал. И плус на приватно ќе се однесуваат ко човек кон тебе и ќе има нонстоп со тебе некој, а не ко на државно во предродилна и на бокс сама те оставаат. Ма не сакам да се присеќам на тие моменти. Штета голема што породувањето не ми беше убаво искуство. Ама сепак до мене си имам едно убаво злато што си го сакам најмногу Кога си ја видов ќерка ми кога ми ја донесоа сакав само одма да си одам дома од таа одвратна клиника.
Па не е баш сеедно, болки се болки, ама.... Кога лежев на ГАК во соба со мене имаше едно девојче 18 г со ектопична бременост. Луѓе ,завиваше плакајќи од болки. Сестрата и вика да ќути и трпи , така требало да боли дур се чисти . А искусив, болките се страшни,воздух не можеш да земеш. Абе еден аналгетик не и даваат. Па јас скришум, дека опремена со лекови од дома го спастрив момето. Колку само беше језиво, не ја погледнуваа кутрата. А @forumce , болницата во која се имаш породено мислам дека е врв од гадноЧа. Хорор мислам е мал збор. ГАК не е до толкуууу страшно
Не мислев на тебе со муабетот "лигава" ама свашта имам чуено и прочитано На ГАК може со врски епидурал, ама пошто немаат анестезиолози, и со врски ќе ја добиеш ако е слободен анестезиологот, ако има итен царски пример, не си им приоритет. И да, се согласувам дека поприродна и понормална работа од раѓање не постои, а МИЗЕРИЈА е што убаво загазени во 21 век епидуралот, спаваќата и хигиената ги сметаме за луксуз. Не очекувам да ми се клањаат, доволно е да ме слушаат кога зборувам и да ме третираат со достоинство.
Во систина ако те примат по 18ч, тој ден не го наплаќаат. Јас не платив ништо за вечерта пред пораѓајот, а ме примија околу 20.30. 4 ноќи платив почнувајќи од следниот ден.
Тие што се чудите колкави се цените за третман во приватни болници дали сте се запрашале колку пари ГАК наплаќа од Фонд за истиот третман. Пример, една ПРИСКА е скоро 4000денари. Тие пари не ги рачунате за ваши ама се. Не можам да разберам толкаво чудење за пари дадени за раѓање на бебе, не се ни запрашувам колку пари давате или не давате за фризери, нокти, мобилни или одмори. Парите дадени за безбедно раѓање на бебе не се фрлени пари. Од Систина нема да ве препратат на ГАК ако не сакате вие и сте спремни да платите. Во Ремедика нема интензивна нега за бебиња, ако недај Боже има таква потреба нормално дека ќе го пратат бебето. Или нема да ја породат трудницата и таа ќе си одлучи дали ќе оди во Систина или ГАК. Околу 60 000ден спонтано раѓање и околу 90 000ден царски пораѓај. Ќе ви кажат точно што е вклучено во таа цена.
Природен околу 70 царски околу 95. Чисто е. И таму некои (Не сите) сестрите знаат малце да се занасаат ама далеку од Гак плус за доење се упорни. едит. крвни слики за тебе и бебе спаѓа во цената.
70 000 спонтано (вклучено епидурална) и се спие 3 ноќи, 95 000 царски, 5 ноќи. Доплатив некои 6000ден, еден ден сама што лежев, две тсх испитувања, црп едно за мене и ехо на колкови на бебе.
Па кога чистачките по цела смена седат на клупите во дворот така ќе е. Инвентарот е стар, освен креветите што пред 2 год ги донесеа. И покрај тоа треба некој да воде сметка, да чисте и по 2 пати во денот ако треба. Ама нема кој кафе да пие и пуши цигари. Мене ме фати викенд кога нема чистачка, купишта ѓубре имаше по ходникот. За тоалетот да не зборувам, кога одев во вц не ни седев на шољата, туш кадичката рѓава и никаква, да ти е гад да улезеш да се замиеш. Едино топла вода имаше во секој момент. Во собите и ние сами си правиме да ни е несредено, ама има некои што не ни можат да станат и фрлат во канта. Општиот впечаток е никаков
Јас платив 92 000ден, побарав уште еден кардиолошки преглед за бебе пред да не пуштат и плус крвна слика и црп.
Citam, a I taka e higienata e najbitna vo edna bolnica, higienicarkite vo Sistina cistat kolku sto gi plakaat.
Koj za sto e platen treba da go raboti. Ako vo druga firma nekoj na moja pozicija e platen poveke od mene znaci ja ne treba da si ja srabotam rabotata? Ne e opravduvanje.
Taman rabota, treta smena, praznik, delnik, cel den za mizerna plata plus se odnesesuvaat so niv kako da se idioti.