Патронажна сестра од локалната поликлиника дојде после една недела и ми кажа дека од Ремедика доцна им стигаат податоците. Постои опција да се јавиш штом стигнеш дома и ќе дојде
И кај мене се пожали дека покасно доаѓале од приватните. Ако каснат тие, државните можам да замисмам кога ќе пратат инфо. А какви што се, поарно да не идат
Еве едно мало искуство од овие денови Сакам да се породам во приватна клиника, ја одбрав ремедика искрено поради драстичната разлика во цената за царски бидејки иако планираме и сакаме спонтано треба да сме финансиски спремни и за царски, тоа депак неможе никој да го предвиди... Им пратив маил на Ремедика со неколку прашања најбитно за цените и што ме следува во истите, но веќе со денови ги нема со одговор. Веќе два/три дена се обидувам да ги добијам телефонски да прашам, но постојано им се зафатени операторите и никој не крева. Еве денес ми кренаа, ми рекоа само момент и ги снема луѓе, како доаѓате до информации од Ремедика стварно... И таму ли ќе треба да се молиме за некои прашања на кои заслужуваме одговор? Па како потенцијален нивни пациент, нели би требало да се потрудат да ме придобијат?
Јас како нивен пациент често вртам и понекогаш почекувам а „оператори„ се само една што одговара на сите повици и само сум малку поупорна и обично за кратко ги добивам.
Оди директно таму, во амбулантскиот дел ќе најдеш некоја од сестрите ќе ти објасни и упати. Не знаеш кој би сакала да те пораѓа?
98 000 сте платиле, со тие 6000ден аванс што се даваат на почетокот, се одзимаат од цената, затоа само 92 000 сте доплатиле после. Значи за тие испитувања само 3000ден сте доплатиле.
ме зачуди. секогаш ги добивам. и јас прашував и по телефон и таму директно. јас би да си отидам таму и да си прашам се пто сакам . инаку зашто не и систина немаш драстична разлика. за царски 10.000 само беа повеќе летово
A sakav da prasam bas, tie sto se imate porodeno vo Sistina - toj paketot sto im e za poroduvanje koga se plaka? Vleguva li nesto vo paketot pred poroduvanje ili samo posle poroduvanjeto?
Откако ќе се породиш дента кога излегуваш од болница плаќаш, јас не плаќав цтг и ехо ама ја следев цела бременост таму.
Така е, јас се извинувам што дадов погрешна информација. Сосем заборавив на авансот од 6000ден. Значи 98 000ден ме чинеше пораѓајот
Искрено ич нема потреба да се трудат да придобијат. Фул е и така и така. А по тел мислам да се распрашуваш па ич не оди. Закажи преглед и ќе си направиш муабет човечки.
Јас пак бев многу пријатно изненадена лани од Систина, прв пат кога закажував преглед, бидејќи беше навечер, им пратив е-маил и ме контактираа за неполни 5 минути.
Јас од двете патронажни сестри бев презадоволна - прво дојде таа од Систина, неколку дена откако не пуштија дома, и остана цел саат. Таа од државно дојде дури откако се јавив на месец дена да прашам зошто не дојдоа, ама кога дојде се извини и "надокнади", навистина куп работи ми кажа. Тогаш веќе и многу повеќе прашања имав.
Неврзано со муабетов за породување. Во државна болница нестручна операција ми го има зафркнато репродуктивното здравје со последици поради кои со години не можев да останам бремена (примена како итно слепо црево, а циста на јајник, абдоменалец ми го оперирал јајникот, ми ги сошил јајниците - знам дека е хорор приказна и при тоа не ја ни исчистил цистата). Исто на државна но овој пат планирано и со дебели врски, ја исправаа штетата но никој нема да успее да ги врати за џабе изгубените оваријални резерви, иако морам да признаам дека заради врската имав третман како во приватна болница и хигиената во новата зграда беше добра (пред повеќе од две години). Сега сум пациент на Систина, 22 недела бремена, со надеж дека среќно ќе се породам во приватна болница. Зошто моето трагично искуство со државното здравство кажува дека си оставен на чист сплет на околности, како ќе ти се погодат коцките... Еднаш го извлеков подебелиот крај, сега се надевам сум поумна
Систина и ремедика се исто со цена воопшто не е дтастична разликата. Ја препорачувам од срце систина поминав без да осетам адека сум се породила. Треба и од државно да дојде јас сум породена два месеци освен од.систина друга не ми дојде???
Треба. На интернет можеш да најдеш тел. од регионалната единица од каде треба да ја пратат и да ги потсетиш (ако сеуште те интересира)
За сите што планираат да се пораѓаат во Ремедика - од задутре, 1 март, некои од цените на услугите ќе се покачат за 10% само што не знаеја да ми кажат дали тоа ќе ги вклучува и цените за породување. Ако ги вклучува, тогаш нема да има никаква разлика помеѓу Систина и Ремедика