101.000e Систина со тоа што е клинички центар за разлика ремедика каде што немаат дел.за предвремено родени бебинја
Незнам уште, ако имате искуства или некој доктор од таму да ми препорачате би било добредојдено Да, би отишла и јас таму, меѓутоа не живеам во Скопје... Не се согласувам, ти оставаш таму сума на пари и тоа не било каква туку доста солена и да, треба да де трудат околу потенцијалните пациенти токму поради тоа што ако сега се фул не значи дека и утре би биле, сепак се приватњаци нели. За јас да закажам преглед би сакала пред тоа да ги добијам одговорите на моите прашања за да знам дали да одам за Скопје бидејки не сум од Скопје.. И нема како да го закажам прегледот освен телефонски каде неможев да ги добијам, наспроти Систина кои кога испратив маил одма ми вратија, па и покрај разликата од 10тина илјади за која сметам дека е драстична поради добивањето на истите услуги можеби ќе се предомислам и нив ќе ги одберам токму поради тоа. Ете затоа треба да се потрудат да не придобијат нас, покрај износот кој го плаќаме има и конкуренција каде можеме да отидеме. Да, Систина и мене ми вратија веднаш на маилот.
Можеби сум грешка, не сум доволно информирана, ја знаеш ли разликата? Што нудат систина повеќе во цената за царски?
@Searcher во право си сепак приватник не смее да си дозволи така. А и тие на пулт ништо посебно љубезни не се јас и директ со докторот си разговарав ама водев и бременост таму. Нема скриени трошоци ,се што доплатив беа работи на мое барање. Убаво би било да дојдеш да се запознаеш со др што би те пораѓал и да си разговараш. Јас секогаш ги добивам од прва. И викенди. може така се погодило, амс често ги барам што знам
Горе доле ремедика и систина тука се. Ремедика има ден плус ама систина има интензивна за бебиња пред време. Но реално ако почнеш пред време да раѓаш можеш секогаш да отидеш во систина место ремедика. Нема да те вратат.. а за маркетинг и влечење пациенти ремедика воопшто не се трудат а систина спротивно.
@Searcher проф.Димитров е мојот избор меѓутоа е зафатен и потешко ќе дојдеш до термин за преглед кај него. За прегледи сум имала искуство со Котларовска и Јовановски и двајцата се супер трпеливи и внимателни доктори, прочитај по темите и закажи си кај некој. Мое мислење е дека докторот кој ќе те пораѓа треба да ти ја знае историјата и бременоста а и ти да имаш доверба во истиот. Колку имаш до терминот за раѓање?
Можеа да го суспендираат анестезиологот, кој е под истрага. Ја затвораат поради повеќе пропусти во кадар и опрема.
5 болнички дена се лежи после царски рез во Ремедика, значи 6иот се оди дома. Веројатно постои опција и за еден ден порано заминување, ама толку е регуларното
Котларовска ми ја препорачаа другари едни... Во право си, но мојот матичен не породува па си барам некој стручен препорачан од веќе искусни... Инаку 31ва недела сум, имам време до крај на април ми е терминот, но откако почна 3ката напред во неделите некако се' повеќе ме мачат прашања
Разбирливо е тоа Во 32ра гн се прави последниот скрининг за растот на бебето, а Котларовска ги прави тие прегледи па таман можеш да си закажеш ако се одлучиш за неа. И кај неа некогаш е тешко да се закаже ама секако имаш доволно време
Горе доле тука некаде е, само тој ден што го спомнуваат плус во Ремедика, 5 ноќи се, 6 дена и што не даваат брендирана торба И не се само 3 бесплатни прегледи за бебето.. одев на 3,4,5 дена цел месец на контроли и ни една не ми ја наплатија. Нема исто така услови за предвреме родени бебиња.. има 2,3 инкубатори само, 2,3 такви како отворени инкубатори (топли соби) за топлење и не приметив колку такви за сончање има... И да.. патронажната никаде ја нема, не постои како што приметив на никоја породена во Ремедика не им дошла, па ни мене..