Кај мене не употребија кебе туку со спавача ме врзаа околу половина, а болката доле не дека не ја осеќав после 7 дена туку морав да седнам и да го дојам синко дур е на фототерапија или дур му зимаат крв. Ама жена се ќе истрпи битно децата да се живи и здрави. Туку пак природно ќе одиш за второто? п.с. Што убави муабети си терате во труднички, ме фаќа желба за второ а и ко ќе видам трудница во близина си галам мешко и ми фали тој убав период
Општо по сите приватни клиники форсираат царски. Јас од почеток до 8ми месец сакав царски да се породам од пусти страв од игли Ама докторката ми објасни и ме предомисли дека царски и не е баш лесно. Тоа е операција. Ми кажа дека и со царски се осеќа тегнење и вадење на бебето а после тоа болките се неспоредливи. Она да ме форсираше за царски ќе си одев царски ко што и мислев.
Се надевам не сме офф и коментарите ќе бидат сфатени како надоврзаување на прашањето за царски во Санте, односно до кој степен се инсистира да се продолжи со природен во други болници. Инаку да, повторно планирам природен, со молба и барање до докторите доколку дојде до степен да се употребува вакуум подобро мене да ме сечат одколку него да го употребат.
Ne mora da znachi. jas sum privatno i mojot doktor preferira priroden poragjaj. da nemav drug zdrastven problem veruvam kje probashe da vlijae da e prirodno.
Исто во Ремедика и мојот доктор проба прво природно. Ден и пол седев со провокации и контракции, и не биваше. Само 1.5 см отворена (а бев 1 см уште пред два - три дена). Ептен на крајот ме земаа царски.
Еден совет ви давам на сите од педијатар во пензија. Не ја именувам, позната е доста и со огромно искуство и убав углед зад себе ми рече НИКАКО да не дозволам вакум на пораѓај. Воопшто не е здраво за бебчето, да не навлагам у детали беспотребно, ова ми е само добронамерен совет до сите вас.
Sum slusnala de ne e dobro vakum, ama me interesira zosto. Eve na primer mm so vakum go vadele i toa pred 30god pa nisto ne mu e
За пораѓај со вакум имам слушнато дека не е добро , затоа што може да дојде до оштетување на главата кај бебето.
Дај Боже да нема потреба од вакуум за време на породување. Можеби се лажам, но мислам дека е многу подобра опција од форцепс. Иако и со двете методи постои ризик од повреди на главчето.
Мислам дека доколку некој има намера да го практикува овој совет подобро е со време да си каже на докторот, бидејќи јас конкретно во тој момент не бев свесна што се случува. Никој не ме ни праша, не ни знаев што ми прават...
Не ме сфаќајте погрешно, ова кажува од искуство дека може да дојде до оштетување на мозочето, не дај боже, дека е ризично. Не значи дека секому ќе се деси. И има право Дани, треба да се напомене истото. п. с. да немав позната и бајаги блиска сигурно ова инфо немаше да го знам. Они не го споделуваат нормално.
Privatno ne koristat vakuum. zboreshe Bojadziev bash za toa deka vo Sistina ne se koristi ni vakum ni kleshti.
So cest na isklucocite koi moraat ima mnogu od pacientki koi sami baraat carski. A privatno si, plakas i ke dobies.
Мене ми понудија вакум на пораѓајот за да не сум напнувала многу,оти крупно бебе и не се спушташе надолу.Им реков нема шанси ниту за вакум,ниту за клешта и како знаат нека го вадат бебето.Ме послушаа и на крај бидна и без вакум.
Апсолутно се слагам со ова Диги. Го сметам за излишно прашањето од особи од околинава, кои не се бремени и ќе стропаат „како ќе се пораѓаш?“ Ај на тоа имам одговор,им велам здравје, ќе видиме. Ама кога ќе честитаат за веќе родено бебе и следува „природно или царски“ ми иде да Тоа најчесто оние кои се породиле природно, па сега