Море после пет дена лежење во болница на искачање косата ко со зејтин полиена ми беше. Некев да се сликам со бебе. Ако нешто не можам да трпам на себе е гнасна коса, нервозна ме прави. Да имаа услуга некој да ме среди одма ке платев. дома прво тоа направив.
Ако е за престој 5+ дена и тие денови не е способен човек сам да стане и мие глава, супер опција е Памтам по операција слепо црево (17год имав), лежев 7+ дена, едвај чекав дома да си дојдам и со помош од мајка ми и сестра ми глава да измијам. Кој седел подолго со мрсна коса знае која шуга е, не се трпи Па и сега вториов пораѓај убаво ке ми дојдеше некој да ми ја среди, 7 дена бев во болница. Коса густа долга имам, царски оперирана, немаше шанса да се снајдам да ја измијам таму
Пак ќе кажам не е исто. Едно е миење коса во туш кабина, а друго е на фризерски стол. Од мене лично поаѓам. Имав операција, прилично тешка и не можев комплет да се бањам. Среќа имав салон на две минути од каде што живеев и само така миев коса првите денови. Уз миење, и фенирање. И во тие тешки денови сакав да се чувствувам чисто и убаво. Пак ќе се повторам, најчесто е за миење и обично фенирање, не верувам дека некоја вади прамени. А што се однесува до шминката, знаеме дека е многу поедноставен процес од миењето коса
Добро, кога си на фризер, фенирање е по автоматизам, нема потреба да дискутираме за тоа. Можеби мене ми е чудно бидејќи миењето коса на фризер ми е непријатно искуство. Столот ми е незгоден, аголот под кој ми е наместена главата т.е. вратот е без врска и имам чувство дека секој момент ке се случи нешто непријатно. Според мене, по операција, целосно бањање е потребно, не ми менува многу ако само косата ми е чиста.
Кога лежев на инфективна пред некоја година, што дека можев да се бањам, кога тоа купатилото беше никакво и немаше топла вода. Со врски ме пуштија да си одам дома и да се средам ко човек и пак да се вратам 10 дена да лежев без да измијам коса, мислам ќе се доразболев. Инаку си можела да побараш фризер, туку паметот не ти бил таму По царскиот можев да се бањам, и се избањав уште во болница, бидејќи ми се собраа 8 дена лежење, ама немав завои. Со оваа операција морав да носам завои подолго време и не беше опција целосно бањање. Две недели без да измијам коса, не сакам да помислам
@NarCis@ јас завои покрив со кеса, излепено со лепак што не пропушта вода. Нешто слично како да имаш гипс, првин ставаш (ако има простор моташ) со проѕирна кујнска фолија, потоа лепиш кеси (јас користев кеси за замрзнување) и така се бањаш.
Зависи на што и каде е правена операцијата и за каков вид на операција се работи. Башка кога си со дрен, на ниедна заштита не верувам. Докторот ми кажа нема бањање, сѐ дури не се извадат завои и конци.
Има ленти што се лепат на раната и не пропуштаат вода. Јас ги купував од аптека и така се бањав. Ако сум малку во болница, не би ми било потребно фризерај, ама ако сум 10+ сигурно дека ако има веднаш ќе си платам. Сепак во болница си не којзнае какви фризури, ама основно миење и чешлање да.
Чим сме дошле до муабетов миење и фенирање коса во болница значи услугата е супер јас 3 дена бев, природно породена, по саат ипол-два се бањав, се мачкав помади, си се фенирав сама (има фен во ВЦ-то) и искрено ко во хотел се осеќав си се одморив тие 3 дена ко што се немав одморено 5 години предходно нели пошто првото дете ми е 5 . Јадење, пиење, спиење колку сакаш, филмчиња цел ден. Можеби невкусно и нескромно звучи но споредбено со моето прво пораѓање на клиника Систина беше друга планета.
Какви операции, на тие со операции до фенирана коса не им е дојдено. И стилистот не е таму за коса да мие на пациенти што не можат, туку за фризури на оние после породување што сакаат со гриви да излезат и убави на слики. Од Систина излегуваш, народ треба да те види, како со нефенирана коса? Фина опција, оти да не.
Инаку одамна има фризерски салон, само се чекаше да се доопреми и да најдат фризерка. Тој ќе биде за сите пациенти кој ќе сакаат фризерка услуга.
Секаде има фризери по болнициве, аман. Потребни се, и тоа како. Има и бербери. Луѓе што лежат подолго време од икс причини имаат потреба од хигиена. Миење коса, потстрижување, бричење. Или ајде да се запостават целосно. Со два царски не можев коса да си измијам во болница, а по пет дена лежење косата не да станува мрсна.... ужас... дома кога дојдов, прво тоа направив. Некогаш самиот процес на средување и покрај ситуацијата во која се наоѓаш ти дава да се чувствуваш подобро, затоа што ако се запоставиш, мислиш дека си кренал раце од себе. Имам блиска роднина, работеше како фризерка во една државна болница. Имаше премногу работа, со оглед на тоа дека таму луѓе лежеа и со месеци. Мене ми падна смешно тоа што го викаат стилист за коса, малку пофенси да звучи.
Аман луѓе само маани да се наоѓа. Што не ви е јасно,кој сака тој ја користи таа услуга,никој не ве присилува на тоа. ДАЈ ОЛАБАВЕТЕ
Премнoгу рaбoтa? Акo тaa кaкo фризеркa имaлa премнoгу рaбoтa зa пaциенти кoи лежaт сo месеци, се прaшувaм кoлку хирурзи, дoктoри и сестри се пoтребни зa oстaнaтите пoтреби нa тие пaциенти. Oти шишaње е 15тинa минути, еднaш вo некoлку месеци. Акo тaa имaлa премнoгу рaбoтa...сaмo рaзмислувaм.
Мислам дека е убаво што во рамките на болницата ќе има фризер-ка бидејќи болницата е и за болести , ама и за убави работи. На пример, моја блиска роднина лежеше 10-тина дена (поради болест)во Систина и очајно сакаше да си ја среди косата, зашто неможеше да се трпи масна во косата, па и купуваа шампон за суво перење колку моментално да се потсреди, но и тоа не е решение. Мислам дека стилистот ќе има работа.
Станува збор за фризер, не ми е јасно зашто толкава галама. Лежиш во болница 5 дена, излегуваш и дома те чекаат 10сет души. Зошто да личиш на страшило? Полесно за мајката 100 пати. А и треба да се чувствува убаво и таму и кога ќе си оди. Тоа е услуга што се нуди и е повеќе од потребна. Никој со сила никого не тера. Знам за неколку болници во странство и сите имале ваква опција, дел од нив се и државни.
Не е само потстрижување во прашање, башка што некој секој месец се потстрижува. Миење коса, фенирање, па и едно обично дневно чешлање. Оти кога се во прашање постари луѓе кои лежат со месеци поради скршеници и операции од кои тешко закрепнуваат, и тоа чешлање може малку да го крене духот. Ама ај, сите кај нас фризер поврзуваат со фризури и фенирање и луксуз е ако го има во болница.
Не дигаме галама ние кои мислиме дека е лошо туку вие кои мислите дека е фенси. И кога веќе треба да се чуствуваме убаво (а треба, зошто да не) прашувам дали треба да се вработи и козметичарка па малку шминка ово оно нели слика оди на фб. Ако недајбоже лежам со месеци ќе ми треба да ме издепилира оти хигиена е во прашање. Моја перцепција за стилист е друго, а не некој кој ќе ми ја подзамие косата (или ќе ми помогне заедно да го направиме тоа) и ќе ме дувни со фен.