Не за џабе отвориле такво работно место . Очигледно има потреба . Јас пред година дена се оперирав , операцијата беше на врат . Не смеев а не ни можев да мијам сама коса месец дена и кусур по операција. Лежев во болница 10 дена .Можеби ако имаше таква услуга ке ми помогнеа во болница да ја измијам косата без да се натопи раната . Кога веке постои опција зошто па да не !
Чиста коса не е фенси туку одржување на хигиена. Дали го крстиле стилист или фризер не менува, се знае за што е таму. Тоа на што вас ве асоцира е прашање на перцепција, никој не оди во болница да прави омбре. Не одиш во болница "стилист" да ти го оправи стилот и изгледот, шминка и гардероба. Ама ајде за се да се преувеличувало. У ствари кога ќе видиш дека во државна нема топла вода фризеров како луксуз му доаѓа.
Ако си бањат, влакната на нозете воопшто не сметаат од хигиенски причини, туку од естетски. За шминка, мислам дека не е ни дозволено (или не треба да биде во болници). Не знам кај нас како е, ама во странство не смеат ни лак на ноктите да имаат, од причина ако има промени на кожата или ноктите, да можат да ги забележат како симптом. Пак ќе кажам, не се работи за некој да се слика за на фб дотеран, туку за хигиенска потреба.
Не е фенси косата да ти е чиста (оти сум за некој да ти помогне околу тоа па дури и да ти ја измие некој друг) ама фенси е да имаш сарми на глава, нова форма на косата бланширани прамени, омбре, сомбре и разни чуда кога ќе излезеш од болница. Овие работи се работа на стилист. Значи фризури и болница не ми оди па најстаромодна на светот да сум.
Јас сепак мислам дека нема никој да бара фризури него едноставно да ти ја измијат косата да се осеќаш чисто . Е сеа зависи какви пациенти има , ако е некој толку шлакнат да бара фризура тоа е друго
Ципидлаки има насекаде аман Ама ова дека оглас дала Систина, си знаеме нели Во однос на поимот Стилист или Фризер, оддамна сите се викаат Стилисти, од зборот Фризер бегаат како од лепра пофенси звучи него што
Ќе има основни фризерски услуги шишање, фенирање, миење и фарбање обично ( не омбре, сомбре и Др.). Сигурно нема да има свечени фризури сарми и торти на глава да им прават. Тоа стилист им е пишано по фенси да изгледа дека за Систина се работи.
И кај нас не смееш лак на ноктите да имаш, ни на нозе ни на раце, небитно дали си државно или приватно. А има многу што мислат дека не е страшно ако имаш гелни нокти на породување. Чисти нокти живот спасуваат. Стилист и мене ми падна во очи, пофенси звучи секако. Општо, сега за повеќе професии има пофенси називи. Премногу е просто да кажеш секретарка наместо административен асистент, нели.
Јас на клиника се породив, а лани се оперирав таму. Ќе дадев куп пари да дојде некој да ми ја измие косата, да ме истегне со четка, да замирисам на чисто. Ова како опција ( што се доплаќа во државните клиники ) треба секаде да го има. Нема ништо полошо од тоа да си ем болен ем нечист. После операцијата на тироидната едно недела две само на фризер коса миев.
Ми се враќа филм дека пред операција ме прашаа дали имам шминка и ако носам леќи да ги извадам (носев наочари на мене, беше очигледно дека не носам леќи во моментот). За лак не ме прашаа, затоа што сигурно виделе дека немам. За царскиот сум скоро сигурна дека не ме прашаа за лак и шминка, најверојатно дека три дена лежев таму пред пораѓај, само за наочарите ми рекоа да ги оставам во соба. А се работи за истата болница, но различен оддел.
Јас би побарала да ми ја измијат, исушат брзински (ако барам фенирање тоа + цел саат е, мн тешка коса имам), и дека ке ми биде бушава како лав, нетегнета дека. да ми сплетат една внатрешна. Тоа би било побрзо отколку да ми ја фенираат.. Кога се јавувам на фризер мојата фризерка психички се спрема за мене А во болница повеќе од 20-30мин не би седела да ми прават којзнае какви фризури.
за некоја год и личен опис ќе моеш да смениш таму. И сега дур лежиш може да те нафукат филери по уста образи пуш ап ефект на очи. . до 2020 мож и липосукција за време на цезареа ќе праат ..
ја не знам како до сеа не си изразила и желба на тест вожња во пежо дур лежиш. таман тука е... шала на страна ок е идејата само дека стилист потсеќа на фризури е факт..
Еухенија од што ја оперираше тироидата и каде и кој др и која година.Јас имам чворови треба да ги вадам ама ми рекоа да не ја чепкам додека да родам а јас никако да родам па сум на два ума што да правам и кај да барам чаре.Поздрав и ти благодарам
Кој не бил во болница 5+ дена не знае што значи гнасна коса (и дај Боже да не дознаете) Се' тоа убаво дека болничарите и сестрите помагаат, ама заборавате дека не е еден пациент само, т.е. не сум само јас таму како индивидуа, преполно е. Болничарите и мед. сестри се најоптеретени по мое, и одвај постигнуваат кај сите, не може секој ден да те бања тебе некој и да бричи брада кај мажи, тие работи највеќе време одземаат, а не си само ти. Сестрите даваат терапија, мерат притисок, темп, преврзуваат, следат монитори и воглавно трчаат со лекари наоколу, а болничарите мењаат постелнина, ранат, помагаат за во вц, креваат, спуштаат луѓе, носат лопатки и слично... за бањање, т.е. за коса миење не можат баш секогаш да постасаат, ни сестрите, ни болничарите. А башка што има доста досадни пациенти и на секое викаат, каде попрво да стигнат. Јас поминав 8 дена во една од подобрите приватни болници, коса измив само еднаш, првите неколку дена ми помагаа со влажни крпи за пребришување по тело, после и за одмивање. Ужас, далеку од тоа дека физички изглед ти е битен во такви моменти ама многу ми беше нечиста косата, а и јас се чувствував нечиста. Фризер што би шетал со мобилен мијалник (имам видено подвижни фризерски мијалници, нешто слично како мобилните рентген апарати) би бил идеален за болнички услови.
Баш супер секаде по болнициве да имаат таква опција. Браво за приватните болници кои веќе ја нудат оваа услуга Не ги разбирам жениве што одма наоѓаат лошо во една позитивна и хигиенска пред се услуга. Нема ништо поубаво жена да излезе средена и плус со бебенце