i jas bas se cudev i mene mk izlrguvaat na fb celo vreme. najinteresno mi e 990 eur poroduvanje. Do pred nekoe vreme imaa nonstop promocija od 800 eur. a sega posle slucuvanjata pak si furaat so 990 eur. cudno no vistinito.
Имам пријателка во Санте што работи тие не ни затворија работат цело време. Во државава за неколку илјади евра се може.
ако умрат уште некоја родилка може и до 1500 е цена ке стигнат кај нас обратно се бодуваат работите шо по не чесен поуспешен тие чесните 20-30 години рмбат за една соба да спечалат
И јас стигнав до оваа информација, дека не повеќето туку речиси сите се од Косово, па не ни знаат за случувањата Клиника не се затвара од еден пропуст, ама они имаат низа, за колку ли само јавноста нема појма.. ниту доволно вработен кадар имаат, ниту сета потребна апаратура, се жалат и на хигенските услови.. Жално, многу жално како функционираме како држава и што дозволуваме. Дај боже само да нема пак, дај боже
Цццц, катастрофа држава сме. Кипровска во Жан Митрев е. Затоа мислев затвориле. Со кој ум некоја ќе се пораѓа таму? Ништо нема да се подобри во меѓувреме
Имаше слика од пред 12+ часа што се породила некоја. Немам коментар. Дали во оваа држава нешто се почитува или дали некој за нешто одговара??? Добро, дали е ова нормано веќе?
Искуства за пораѓај во Ремедика? Кој им важи за добар доктор? Дали се пораѓавте кај доктор што ве следи цела бременост? Јас закажувам само кај Петрова и сум мн задоволна...но за пораѓај нз...
Мене по препорака ме пораѓаше Ефремовски и може да кажам дека сум задоволна. Со царски сум породена, супер поминав на пораѓај, раната ми зарасна многу брзо, а во форма бев уште откако ме пуштија од болница.
И јас многу позитивни коментари имам слушнато за ефремоски. Само не ми е јасно, ако се одлучам пример за него по логика последните прегледи треба кај него да ги правам?
Да си закажуваш цтг во 9 и те следи до порагај. Ова беше вклучено во пакетот. Јас отидов прв пат 36+5 . Е сега кај мене се деси истиот ден да се породам, ама тоа друга приказна. Мислам нема да згрешиш ако го одбереш.
И јас кај неа водам бременост, и со првото таа ме породи заедно со Ефремовски, јас сум многу задоволна од двајцата. Од кога се врати од боледување не пораѓа, па нареден преглед планирам да ја прашам кој би ми препорачала. Најубаво неа да ја прашаш.
Јас сум презадоволна од ремедика. Петрова сега не пораѓа, мене ми го препорача Јовановски следев и бременост кај него , мн.е ок
Чекај да се породам, па ќе ти кажам. Може вовеле нешто ново, на пр. луда железница за побрзо отварање