Јас во Ремедика од 36та недела одев на ЦТГ. Прво на два, три дена, после секој ден и ниеднаш не ми наплатија. Претпоставувам и во Систина е така.
Ми наплатија ехо плус уште 100 денари за цтг . Породените во систина мами , педијатар биравте кој да ги гледа бебуши веднаш по раѓање или кој се падне? Ми спомна палчевски ама не обрнав внимание.
Мислам дека кој е на смена, тој. Јас се пораѓав ноќно време и беше Палчевска дежурна и она ја водеше. Е сега, за прегледите после, сигурно можеш да си одбереш, мене секој преглед кај различен ме праќаа , поради отсуство.
Кој е дежурен при пораѓај - тој. После пораѓај 2 пати идат на визита. После за контроли по дифолт те закажуваат кај "матичниот" т.е. оној што бил на пораѓај, ама можеш кај кој сакаш да смениш.
Јас палчевска ја сакам ама од приватно што ја знам многу ми е фина , велат дека е многу добар доктор ама ти какво искуство имаше со неа?
Во болница беше супер, она што мене не ми се допадна е што после тоа имаш 3 бесплатни прегледи и на првиот ми закажала кај друг доктор, она не била овде, на вториот бевме кај неа, на третиот пак не била овде, да одиме кај трет доктор. Можеби таков период погодивме .
Momentov so tri besplatni pregledi ne go razbiram Pa kaj sekoj pedijatar do godina nitu krv nitu nisto ne se naplaka. Ili mislite oti vo privatnive se e vo pari pa ke se raduvame na tri besplatni. Nemam nisto protiv nikoj samo mi padna vo oci ova tri besplatni. Kako nekoja kampanja e ili....
Многу се битни тие прегледи. Когс излегуваш од болница ти закажуваат за некој ден да видат како се снаоѓате, како напредува бебе, совети за цицање. По потееба и повеќе пати ќе одиш. И те како значат! И секако на приватно значи да се бесплатни. Кој сака нек носи дете на матичен. По мене, клинички доктор и "обичен" педијатар не е исто.
Јас овие работи од патронажната ги дознав. Кога се породив овде педијатарот во болницата не видела дека бебето има папилом на внатрешната страна од образот. Една сестра забележа последниот ден и веднаш повика максофацијален хирург. Речиси и да не добив никаков совет од педијатарот. Пред тоа имаше друга, многу убаво и објаснуваше на родилките. Ама тоа е државно
Ако има потреба и почесто ќе ги носиш. Мене не ми ги наплаќаа. Баш ветер у грб ќе ти даде за се. И таман почнеш да паничиш дошло време за контрила и мирна душа Патронажната од систина беше топ! Да требаше да се ослонам на државната, тешко мене
Слободно може бебе да се носи и на државна клиника. Јас уште го носам на 3+ на педијатрија кај нас. Матичен нема уште баш оти се сите полу-уки тука.
Јас па сум задоволна. Многу ми помогна во врска со доењето. И мене ми кажаа дека може да се носе на клиника додека не најдеме матичен. А и овде еден избор на матични што има, да се чудеш. На другарка матичната и кажала да го соблече бебето на памперс и во двор да го шета во април месец. Викала им дека не биле добри родители и не мислиле за бебето оти не го вакцинирале. Улава жена
Тие 3 бесплатни прегледи во месецот , може да станат и 10 бесплатни или да не се по фул цена. Барем кај нас така беше, одевме почесто на контроли и или беа бесплатни или беа по некоја многу мала сума. Сега веќе плаќаме само за крвна слика, преглед одамна не сме платиле.
Јас не ни знам дали водат евиденција колку прегледи се. Првите две недели на 2-3 дена одевме за мерење, тогаш сигурно не ни наплатија.
Ок е торбата, не е лоша. Има доста прегради и подлога за пресоблекување. Не се лоши ни кебенцето и јастучето. Јас уште си го користам