Познаничка моја се породи во седми месец таму, бебето околу 1500г и седеше во инкубатор еден месец. Проблемот со Ремедика е што немаат капацитет колку Систина, а далеку од тоа дека не се стручни или спремни за вакви случаи. Јас знам дека имаат и инкубатори за предвремено родени. Ако сакаш можам да се распрашам и да ти кажам.
Па не баш. Во Систина е 103 000ден. за царски 4 ноќи, плус се доплаќа цтг, прегледи во 9-ти месец, а во Ремедика е 105 000 ден. 5 ноќи плус се доплаќа 1500-3000 за бебето. Значи крајна сума во Ремедика би била околу 108 000ден., а во Систина 103 000ден. плус барем 4 цтг-а ќе фатат 3000ден. плус ехо барем две 5000ден., значи крајна сума 111 000ден. Се разбира, ова е некоја груба математика, инаку може и поевтино да испадне ако нема потреба од цтг и ехо прегледи и ако се знае дека ќе се оди царски директно, ама сепак разликата е мала.
Ремедика не се спремни за предвремено родени деца. Прочитај ја @Bibi30 во породилни. Последно искуство. Мене ремедика и систина ми се неспоредливи во поглед на услови. Персоналот горе-доле е тој, освен искуството за интензивна нега на новороденче (не дај боже ако треба). Ремедика нема и нема искуство. Ако одиш на редовни кпнтроли верувам нема да ти наплатат ништо во 9ти. Мене ехо не ми наплаќаа, не па цтг.
И во Систина излегуваат 5 дена, 4 болнички, прием и предоперативна подготовка е после 18х ден пред терминот. Значи доаѓаш околу 18-19х те сместуваат и од следниот ден натаму ти се рачунаат болнички денови.
Ремедика пред 33та нед не пораѓаат. Јас бев 30+5 и не можеа ништо да напраат, ме пратија Систина или ГАК. Јас на ГАК се породив пошто и бебчињата ќе лежат подолго во инкубатори. Доколку се беше во ред, да би бирала Ремедика или Систина, за пораѓај би ја одбрала Систина, мн се поспремни од Ремедика и понатака за бебињата.