Ја прочитав, кај неа се работи за близнаци. Тоа и кажувам немаат капацитет, мислам имаат еден или два инкубатори најмногу. Но имаат искуство со предвремено родени, не е дека немаат. Исто и со посложени случаи. Да, Систина е поопремена, сепак е клинички центар, но не е дека во Ремедика треба да имаш сјајна бременост за да се пораѓаш, во спротивно нема да се справат. Што се однесува за цените, не знаеме како ќе биде. Ова им е најново со наплаќање во 9-ти месец, па членките ќе споделат искуства. Но и да не се води бременост таму, мене ми е нон-сенс да се плаќаат цтг и ехо, особено по тие цени. Барем цените да беа упола.
Имаат обични инкубатори, не онакви за предвренено ако не дај боже треба кислород и сл. Колку и да збориме ремњдика нема услови за предвремено родени деца. Не постои оддел за интензивна нега на деца. Кај биби нема врска што биле близнаци. Во 30та гестациска недела и те како ти треба добра неонатална нега. Снаа ми кога се пораѓаше пред 8 години, ремедика беше супер. Кога бев пред 2год кај другарка ко времето да запрело. Ништо не средено, башка скинати спаваќи.
Дека пред некој ден ,едно меше што се породи 30 недела, тука од форумов, котларова во ре медика и рекла да иде во систина или државна порано од 32 недела не можеле ништо. Затоа таков впечаток добив. Во систина еве мене не ми наплаќаат цтг а ни ехо од 33 недела дека во 36 та ќе ме породат.
Јас знам и за породена во 8ми, она таму бебето патот во систина. Факт е дека ремедика немаат неонатална интензивна нега. Јави се и прашај. И јас не верувам дека ќе наплаќаат докторите. И они имаат обзири. Јас од 34та до 38ма - 4 ехо прегледи и цтг имав. И точно е тоа дека малтене му доаѓа како 5 дена во систина. Мене ме примија во вторник, се породив среда, си заминав недела и не платив екстра ноќ (за вторникот). Ако не се лажам @mariz има екстра платено за ден пред пораѓај што ја имаат задржано. Има пишувано во темава.
Биби30 тебе те раскажував само не ми текнуваше к ој точно беше Да бев “нормлна бременост” (погоре разјаснив што мислам под нормална ) немаше да мислам каде се пораѓам . И сега не ми е битно ама затоа и те како ми е битно да има се што треба за бебињата. Една ноќ плус - минус, мени за јадење ... џабе се ако не ми ги згрижат . Нормално затоа што ќе се предвремено родени иначе на секоја мајка и е битноама не се толку захтевни бебушите родени во термин.
Таман ќе се во 36та Битна е негата на секоја мајка. За мене мање - више. Се поминува и се заборава. Толку ми е релативизирана болката по царскиот што ми се чини минорна Жолтица, ортопедски прегледи, срценце, слух и те како се битни. Се ќе биде во ред.
Без грижи! Има еден куп примери што истерале и повеќе. Верувам дека ќе тераш уште доста! @Libra88 во 38ма се породи @eleni27 исто. Само мисли позитивно. Верувам те плаши фактот што често има порано, ама има и често таман
Кога ќе те прочитам во 36нед предвремено родени коса ми се дига нагоре ...јас ќе го квачам за да влезам во 36 полна тоа веќе е здраво бебе за да може и само да си диши...веќе во 36та не ги рачунаат за прематурчиња и затоа со Господ напред да истераме што повеќе тоа подобро гушки до вас
Мојот е роден во 37ма и е еве година ипол. Се роди и одговараше за бебе од 40та недела. Така да се е индивидуално. Важно да се здрави и живи Др не е важно. Инаку јас во Систина платив 106000 ама со се преглед на срце кај Драшко за царски плус некои непредвидени ситни трошоци. Не е воопшто малку ама сум презадоволна од цела екипа.
Не нее , 36 та полна ми е супер . Вака си повтарам и во себе ,си викам да не ме свати господ погрешно кога си се молам Да ни се здрави и живи ама сега мајка ми со други очи ја гледам
Од пред недела дена се плаќа заедно со новото поскапување. @kukla21 Никој не го оспорува фактот дека во Систина се поспремни за предвремено родени, и со опрема и со персонал, но има случаи и во Ремедика на предвремено родени. И не знам тука што е спорно. Сега ми текна дека и колешка се има породено таму со близначиња, предвремено родени и едното беше во инкубатор подолго време. Она беше многу задоволна од грижата. Се разбира сега сѐ е во ред со дечињата.
Цтг и прегледи не ми наплатија во Систина. Не ја водев таму бременоста,почнав да одам од 36та на цтг.
@kostarika dali se besplatni vo sistina ehata i ctg samo za tie sto vodele cela bremenost kaj niv ili i za tie so samo ke se poragjaat kaj niv
Медицински, се што е родено пред 37 полни гестациски недели се смета дека е предвремено родено, што не значи по автоматизам дека не е развиено.
Нема ново - старо. Јас кога појдов на прво цтг и кога ја прашав сестрата како е се за цтг и ехо и сл ми одговори баш вака "Ивановски не ги наплаќа цтг-ата". Не ми рече не се плаќа во 9ти или ако се пораѓаш тука. Значи од секогаш зависи од волјата на докторот.
Е не знам , јас водев цела бременост таму а кога се јавив на кол центар да прашам за ова не ми рекоа дека се бесплатни туку зависи докторот како ќе одлучи.