@Belina и јас сум иста 100 пати се премислувам во Ремедика докторката што ме води рече дека ќе ми е на располагање за породување и да е на одмор, сепак се мислам за Систина дека е клинички центар посебно денес што се потресов ама да не пишувам во оваа тема дека е за убави работи.... Парите се тие, за некоја илјадарка нема некоја разлика.
Зависи зошто си потресена . Мислам дека сепак е голема разликата во понудата. Од скоро е покачено , можеби месец. Претходно од ноември плаќав 2300 цело време
И мене ми е малку потресна ситуација од 24та па навака, но еве терам затоа и јас се мислам за Систина пред се поради доктор, на почеток од бременост мислев за др. Јегени но по целата ситуација во Санте незнам што да мислам за таму. За Систина се мислам помеѓу Палчевски или Корнелија Трајкова но треба и јас да се информирам за одморите.
Јас од палчевски не сум многу задоволна ама ништо чудно и да не се погодивме со човекот затоа што има доста задоволни . Кога ти е термин? Тој скоро беше на одмор .
Јас исто денес се јавив во Ре медика ја добив истата информација, а во Систина ми рекоа дека не се наплака цтг. Како може вака различни информации да даваат.
Да не е бесплатно за тие што ја воделе таму бременоста или откако ќе направиш договор дека таму ќе се пораѓаш. Да не можеби праша само која е цената на цтг без објаснувањава? За белина се однесуваше постов!
Јас во систина имам повеќе прегледи и скрининзи правено, прашав за пакетите за породување што содржат и цена, дали цтг е во пакетот дека не го споменаа они ми кажаа не е во пакетот, цтг се наплаќа но докторот кој си го одбрала ти одредува на колку време ќе ти треба цтг и прегледи во зависност од состојбата. Незнам зашто различни информации добиваме
Mene nitu ednas ne mi naplatija ctg vo Sistina. No jas tamu vodev cela bremenost prvo kaj Lazarevski, poslem kaj Jordanco Ivanov koj I me porodi.
Девојки едно прашање за тие што се породиле во Ремедика. Знам дека се две родилки во соба, а посета има нонстоп без ограничувања. И не ми е јасно пример едната го дои бебето, разголена и сл, а на другата и доаѓааат во соба маж, брат, свекрва, мајка... Имам слушано жалби од родилки баш за оваа ситуација, и стварно многу е непријатно ако е вака. И дали и во Систина е исто?
Дали јас грешно разбрав сестрата во Ремедика ми рече дека бебето само таткото можел да го види, а изгледа пазар е со 2 во соба, мајка ми ме убедуваше дека ќе ми биде депресивно сама у соба подобро да имало некој.
Зависи каков ќе ти се погоди. Инаку да, пазар е ако си со друг. Бебето во ремедика се гледа преку стакло е сега ако го начекаат во соба со тебе
Од тоа што го имам слушано, баш е пазар со 2 во соба....затоа и побарав искуство од некоја членка да сподели. А има опција да побараш и сама во соба да си? Се доплаќа за сама во соба?
Во Систина ниту еднаш не ми наплатија за цтг , а последните две недели пред пораѓај секој ден правев, дури и на дежурство за време на викендите.Таму ја водев бременоста, ама немав потпишано никаков договор дека таму ќе се пораѓам.Можев на пример и на друго место да одберам да се породам а сепак цтг и прегледите кон крајот не ми беа наплатувани.
Ако е бебето во соба, не смее да има посетители освен таткото. Тоа важи и за двете пациентки. И во соба смеат да влезат најмногу двајца.