Мене искрено ептен ме нервираа посетите. Цела бременост еднаш не прашаа како сум, ама ете ги "на посета". Ако си на државно како ќе дојдат? Свеки и мајка и ќе ја носела Арно таа ем постара ем поразумна, не дојде. И беше речено храна е забранета, таа дојде со кроасани
Ај те молам прашај и пиши тука. Исто и јас прашав баш после поскапувањето и баш се зачудив што таа цена не се сменила.
Јас воопшто не сакам да ме гледаат по спаваќа во болнички кревет освен маж ми и евентуално мајка ми, ќе пробам со маж ми да ги убеди да не ми идат. @NarCis@ ќе прашам, може сум се збунила си врзав у крпче дека за природен треба 200 е плус за сама у соба, дека сестрата ме одведе у предродилна а јас пребледев цела и слабо слушав што ми збори.
Јад една лапараскопија што правев со 2 дена лежење во Ремедика, ми скисна од посетите. Што ако само двајца можат да влезат во соба кога тие двајца седеа по цели денови буквално Родилките беа во истиот ходник и кај нив беше врвулица од посетители, и не знам баш дали имаат строг ред дека не пуштаат никој освен таткото кога бебето е во соба...знам дека се пикаа и други да го видат бебето, сестрите не гледаат многу многу кој и кога влегува. На твоите ќе им забраниш, но на роднините на цимерката не можеш да им забраниш
Пред 3 и пол години строго беше. Сега не знам како е. Може мене ми се погодило. Кај мене дојдоа само моите еднаш, мм секој ден доаѓаше, и старосватицата еднаш на 5 мин. Кај цимерката маж ѝ исто доаѓаше секој ден и мајка ѝ и сестра ѝ еднаш 10-тина минути дали останаа. Бебињата секогаш ги земаа ако имаше други посетители и баш беа строги сестрите. На крај краева ако се претураат многу посетители, ѕвонам и викам сестра ако бебето е внатре. @kukla21 Мене свеки и свекор не ми дојдоа. Јас невоспитана испаднав. Ама после сите муабети од типот таму е вака, така, не чини, пари за џабе фрлате, и некои црни сценарија што е ван памети да се кажуваат на трудница пред пораѓај, јас не дозволив да дојдат. Пошто после не знам дали сакаа мене да ме видат или како е во ремедика, нели по луѓе да се каже. И сега не планирам посети, ако сакаат бебе да видат преку стакло, ок, ама во соба собиранки и муабети оваа вака се породи, онаа онака, зошто тебе така, нема шанси
Има завеса ако доиш, а може и да искочи ако ти е незгодно. Бебето може само сопругот да го види, а другите само преку стакло. Кога доаѓаа кај мене на посета сестрата проверуваше дали е бебто кај мене за да може да ги пушти да влезат. Ако не ќе си викнеш сестра да ти го земат.
Јас пред година ипол во Систина се породив (Ана Кацарска ме породи и ми водеше бременост од почетокот) и ЦТГ едно немам платено, ама тоа е до докторот како во извештај ќе пише и дали ќе пише. Мислам дека ако пише извештај се плаќаше, ако не никому ништо.И прегледи мн често не ми наплаќаше. Јас второ коа ќе имам здравје боже само пак ќе си одам кај неа. Ја гледам на фб цимерката го фали Димчев дека и водел две бремености, а со мене у соба го пцуеше оти еднаш на контрола не и дојде, зашто не беше во смена горе кај нас, за разлика што Ана увек наоѓаше бар 5 мин и раната да ми ја види, и мали во раце да го придржи, да ме изгушка, муабет да ми направи... Жена - Боѓиња. Значи ја обожавам.
веројатно да.Јас кај неа ја почнав третата бременост ама за жал не заврши добро.Од тоа што видов ок лекар е мн
Не е депресивно сама, бар мене не ми беше. Доаѓаа само мајка ми, маж ми, свекрва ми и сестра ми. Се менуваа. Секој по малку.
и јас мислам многу понезгодно е во тие моменти да има непознати во соба отколку депресивно да е и да можеш да се посветиш на себе , да се соземеш од стресот , градите да си ги масираш за млеко ... јас дефинитивно сум за сама .
За Ана и јас го делам истото мислење.Не ми се допадна воопшто И јас би сакала сама да сум ама кој знае колку се наплаќа апартман во Систина за сама
Имам гледано дека во Систина пуштаат и по 5-6 души за посета без разлика што не се сами во соба. Носат и мали деца што наводно е забрането но за пари се може. Знаете има некој еден оди 100 води. Мене би ми било непријатно да имам постојано некој во собата не заради тоа што ќе ме виделе по ставаќа, туку едноставно не можеш да се опуштиш се знае какви сме после пораѓај хормони 300 се обидуваш да доиш сите со градите надвор, крвариш може ќе се направиш или ќе ти потече пример и сега некој непознат да ме гледа таква, друго е жена пример друго маж. Има некој мажи буквално по цел ден висат во соба кај жените иако тие не се сами. Јас се пораѓав во Чаир и таму воопшто не пуштаат посета ми фалеше маж ми да дојде да го види ама па ме пуштија за еден ден и не беше толку страшно да кажам. Сепак непријатно би ми било некој непознат маж да биде постојано во соба. Апартман зависи кој ти е од 200 евра па до кај 500 ако не грешам, а за соба да бидеш сама 3500 или 4000 ден. Од ден.