Со второво дете бев сама во соба. Пред 4м се породив. Доплатив 60е од ден. УЖИВАВ сама. Што сакам правам, кога сакам правам. Нит ми сметаше некој, нит ја сметав на друг. Не жалам за парите ич.
Во ремедика кога беше бебето не даваа друг да влезе освен тато. Од посети немав само моите , свеки-меки не дојдоа, а кога дојдоа колегите од работа , ептен глупо ми беше Со катетер, во спавача
Мајка ми и маж ми само. Татко ми дојде но во ходник се видовме. Сва среќа цимерката ми беше иста ко мене па раат си видовме и двете.
Дефинитивно најубаво е сама во соба. Иако мене цимерката ептен ми се погоди, башка ѝ беше второ дете, па ме смируваше затоа што на сѐ припаѓав кога го читав картонот на малата. Единствено што се деси, но тоа не беше нејзина вина, е на излегување, двете истовремено нѐ испуштаа, па свекрва ѝ цело време седеше во соба, а бебињата со нас. И жената 100 пати ѝ кажа дека не смее, ама оваа не и не. Седи, па уште доаѓа накај мојот кревет да го види бебето Сега се размислувам за сама, ама ако сум со царски може многу да ме чини, 5 дена по 3500
Значи да седам еден ден и да видам , па може нема да донесат втор или ќе ми се погоди цимерката Не сум у некој јак период за раѓање како раѓање после нова година или после одмори
Во Систина кај мене ако веќе имаше двајца на посета, не пуштаа друг додека не си отидат првите, но никој не водеше сметка дали е бебето со мене или не, или пак бебето на цимерката, ги пуштаа сите
Мене царски ме правеше. Топ поминав. Зависи од човек најверојатно. Со мене била душа, јас никакво лошо искуство немам со неа. Од дома доаѓаше притисок да ми мери кога ми се креваше и константно беше на посета кога ме породи. Јас немав ни проблеми со рана нити некаква компликација. Не знам зашто впечаток дека е уфилмана жената коа е мн добра. Добро , секој со свое искуство. Ја па не знам кој е и каков е Ивановски. Може доаѓал у посета за раната да ја види ама освен младиот доктор што е(не ми текнува презиме, баш е згодњача) др никој впечаток не ми оставил.
Завчера и денес беше дежурен јас кај него на цтг ама молам бога да не се деси нешто па да ме пораѓа . Убав ама млад многу 9 години работно искуство од кои 7 во систина .
Можно е да не ти донесат никој. Јас кога бев имаше доста што беа сами во двокреветни. На визита идат само дежурни доктори. Ивановски не дежура, ама и без тоа идеше 2 пати. Еднаш сабајле, еднаш на пладне. Визита башка си идеше доктор. Кацарска и Алек бар по 2 пати беа.
Прво да кажам за Алекс... што дадов едно драње на столот негов, качен ко за бокс. Ме испираше од кринон. Прстињата не му се нежни, воопшто. Груб е. Само да си знаете. За сама во соба, јас не сум. Три пати ме спасуваа цимерките, паѓав во несвест. Па на крај крв ми ставија.