А женски дали знаете, чисто ме интересира дали се има некоја набрзо породено во Санте? Чисто дали памет им дошол.
Здраво Девојки јас планирам да се породам во систина има време до тогаш.. сакав само да прашам дали спаваќите ги даваат од тие плавите како секогаш или некои поубави ако не па дали ќе дозволат да си понесам сама...
Значи не може.. дај боже да се поубави од тие плавите во санте многу убави спаваќи даваат ги гледам сликите што ги постираат..
Не мислев во тој момент после тој момент што следи ваљда толку пари даваме и секако дека не интересира..
Дај боже сите прашања и недоумици во врска и околу пораѓајот да ти бидат само за и околу спаваќата. Според мене, целоско небитно во тие моменти, пасебно ако ја ошлакаш икс пати. Чиста да е, да не е со крв, да даваат да менуваш.
Убаво ти пишала Дани. Ова до сега немам сретнато искрено. Некој да се замара оти спаваќата не била џиџана а мн пари се давало. Каква треба да е, свилена? Да бидете живи, здрави, да е чисто и да ве гледаат. Е тоа е битно.
До спаваќа дојде работата? сиви со бели линии се. Имаш во секое време колку сакаш да менуваш чиста да си.
Мене ми е сеедно каква е, ама ми е шубе да носам од друг спавача со оглед дека сите родилки крварат без разлика колку и да е перена ќе ми биде гадно затоа би сакала своја да си облечам, а како изгледа ич не ми е гајле, ама штом не даваат да носиш тоа е.
Секој има право да знае што и како не ми дошло до тоа и дај боже да поминат деновите и да дојде време за тоа и тие сивите со бели линии ги видов на последната операција кукла21 сепак ќе си прашам сама во систина дали може сама да си понесам тука не се пишува неможе ни да прашаш од чиста љубопитност секој по некое грубо мислење дава..освен за тие што се познаваат тогаш е друго
Баш како што кажавте, се крвари, ќе можете ли да си донесете 10тина спаваќи? Зашто јас постојано ја менував
Мене рака долу ми нема никој брцнато зашто со дијагноза бев и се знаеше дека царски ќе сум... така да рачињата не ме интересираат Околу спавачите во ремедика им се грди . едни те исти откако е отворена раздрпани се и време е да ги сменат. Не ми е битно да се накитени и сл ама да ти даде чиста спавача и да се осеќаш ко да стоела 6 год на жица и тоа не ми е во ред. Барем не во приватна болница. Нормално дека детето и моето здравје ми биле побитни ама сега откако се пројде си размислувам. Првиот пат кога ми дадоа ми беше тесна ама немало демек поголеми. Ок у реду. Наредниот ден испадна имало поголеми ама тие ги давале за тие што ќе дојат зашто има отвори. Па како и да е значи таква ќе сум добиела ама ете... има глупости. И бањарката не ми се допадна дреч зелена ефтин квалитет ... Малце ко кловн се осеќав со пембе издрпана спавача и дреч бањарка ама ајде...пак ќе речам во тој момент не ми беше битно.