Јас се извинувам што дури сега го читам постот. @emcepr , јас го имав овој случај Бев на патолошка бременост, инаку во редовен работен однос на неопределено. Во меѓувреме додека бев дома, испадна да се селиме за Шведска. Дојдов со сопругот заедно, 5-ти месец бев бремена, си се породив во Шведска. Ми течеше одреден период патолошката, после го користев годишниот одмор, на крај 28 дена предпородилно. Се породив, однесоа моите документи во фондот, и на рабопта кај мене. Примав породилно редовно, уште примам. Кога бев во Мај во Македонија, фино лепо си отидов на работа, го пишав цел годишен одмор за оваа година, и потпишав отказно решение на моја иницијатива, зашто ќе остануваме во Шведска. Никој претходно не ме избрка од работа, сама си заминав Прашај слободно ако нешто те интересира
Здраво имам едно прашање... Бремена сум 6 месеци и сакам да се породам во Германија. Сега работам во една фирма во мкд и ги исполнувам условите за породилно бодувањето, па ме интересира дали откако ќе го отворам породилното болување нели треба да се достави во социјално кај нас извод од бебето па дали ќе е проблем што изводот ќе биде германски а не македонски.. ..
Здраво. 6ти месец сум и сакам да се породам во Германија. Маж ми е таму и треба да ме пријави таму како жител за да добијам потребни документи и здравство. Меѓутоа, јас сум вработена во мк. Дали ќе биде проблем да ме пријави а јас да работам во мк или го гледаат и тоа?? И дали може од тука да зимам породилно пошто ми следува а да сум пријавена таму и таму да се породам ? Дали зимаше нешто како дечји додаток од таму плус од тука породилно?
Има некој искуство со породување во Германија да ми даде листа што треба да носам во болница за мене и за бебето? ( што да купам посебно за таму) Од она што читам на нет имаат се за бебе само за накај дома треба да земам ствари, а оние за мајката се пренатрупани со сваштарија.
За бебе ништо не ти треба,нормално за излегување алиштенца За тебе имаат само влошки се друго треба да си носиш Спаваќа,бањарка,веш,паста и четка за заби,шампон,чешел....Се што мислиш дека ќе ти е потребно
Фала, значи и такви гаќи за една употреба да земам. Ако немам млеко треба да носам адаптирано или имаат? Фотоапарат дозволен е во породилен дел или не?
Имаат и гаќи ги забораив нив Млеко имаат мада што инсистираат за доење можеш и лајф ак сакаш дури се пораѓаш
Мари се ти кажа.Да можеш и музика да си носиш да слушаш ако ти е до тоаМислам дека снимање е забрането само фото може.Нели ти кажаа кога беше да се пријавиш во болницата што смееш и не смееш?Не носи многу ствари за џабе ќе ти се.Во нашата болница бабицата со нејзин апарат не сликаше тројцата и бебето и ни даде многу убава слика со податоците за бебето и белезика со името на бебето. Даваат и ад млекце секогаш кога ќе побараш.Јас немав на почетокот па ми даваа.Со лесно
Дозволено е и снимање,и со едното и со другото имам кратки снимки со тел Слики секако може Само што во тие моменти не ќе да и е до апаратот
Нас баш не предупредија како не смееме персоналот даа го снимаме.Ма ние едвај 3 слики имаме и тоа со молење од страна на бабицата Па затоа и пишав може и музика ако и е до тоа, ама чисто сумјам дека ќе чуе нешто од песните
Затоа пишав цела листа на нет за носење во болница им е со глупости полна. Музика, книга, слики од најблиски..фали уште пердув за чешкање. Не се пријавувам во болница, живеам во помал град на боденско нема потреба од пријавивање, така ме извести гинекологот. Прошетка низ болницата каде сакам да се породувам ќе имам во Октомври. Имам време до пораѓај ( во Јануари) али сакам да имам купено се пред време. Со бабицата која ќе ме води треба да се видам во Ноември. Курс за дишење се пријавив. Многу ми е комплицирано се. Ми треба време да ги примам и обработам информациите пред време. Особено што навистина треба да направам и што навистина ми треба. Многу ми се “церемонијални”. Ако може да стои на нога ќе слика и ќе снима, ако неможе ќе го одлепувам од под
Така ти се чини затоа што се ти е непознато и ново,уствари многу се едноставни овде Јас две имам родено и супер имам поминато
Јас сум многу едноставна по карактер и се она што го гледам дека треба да се пријавам, купувам по листи, пријави за мутер шутц, елтерн гелд и така натаму со одредени датуми кога и како треба ме вади од такт. Плус ми е прва бременост, плус на македонски немам поим како им се викаат бебешките ствари и пелени, а не пак на германски. Плус никогаш не ме интересирала бременоста како процес па сега се ми дојде наеднаш. И башка на се ги нема мама и тато нели да ни завршат барем пола од работите, плус на работа сме секој ден, домашни обврски, шетање по градинки уште од сега за од 6 месеци да тргне негде. И кога ќе видам што се треба да направам пред да се породам ми се слошува Треба уште на некој курс да се пријавам пред или после што по ваше искуство ќе ми е потребно или се е она чисто губење време? Знаете се е букирано една година однапред. Такви јоги моги јок, заеднички курсеви јок, само дишење пред. За потоа гледам масажа за бебе и гимнастика за враќање на телото во нормала како нормални курсеви.
Се си доаѓа само по себе не грижи се Ние истиот ден кога излеговме од болница извадивме изводи и после со ред се брзо се заврши Сега хормоните си го прават своето но би ти препорачала да се смириш и да уживаш во остатокот од бременоста,ќе ти недостига мешко На ниеден курс не бев,ни пред ни после Прво многу чекање,барање слободни термини,непотребни стресови...успешно ги избегнав сите Ако ти треба помош околу бебешките работи слободно контактирај ме Со лесно
Ne znam za drugi zemji ama jas se porodiv vo Italija. Mazot go molea da prisustvuva na poraganjero, go snimase i deteto, vo momentot koga izleze, ne go banjat odma, go izbrisale i go odnesoa, ama moze da se snima
Zdravo Nalutena1 jas sum nova vo forumot, me interesira za poroduvanje vo italija, kade vo koja bolnica vo koj grad se poroduvase kakvi se doktorite, bratucetka mi e vo 6 ti mesec vrabotena e ovde saka da se porodi tamu ne znae sto so porodilnoto ama kako sto procitav priznaeno e, potoa saka da ostane tamu, dali znaes kako odi procedura so nivnoto zdravstvo dali ima nekoj privilegii za nea i bebeto koga ke se rodi! Ti blagodaram mnogu
Zdravo devojki, nova sum na forumov pa me interesiraat ispituvanjata vo tekot na bremenost vo Germanija. Momentalno sum 3 mesec bremena i kaj sto sum na ginekolog mi ponudija ako sakam da izberam eden Paket od koi edniot kosta 395 e a drugiot 240 e . Vo toj od 395 e ima 3D i nekoj drugi ispituvanja, a vo drugiot samo 3D ispituvanje. Dali nekoj znae poddetalno da mi kaze dali e dobro da se plati ili ne. Koi ispituvanja gi pravevte i kade preku ginekolog ili na bolnica?
Какви испитувања за трисомија ли? Јас во првата бременост имав една др кај што морав да кажам кои тестови ќе ги правам, па се плаќаа околу 30 евра освен трисомнијата каде беше накај 200 евра. Инаку задолжитечните тестови ги покрива касето.