Не ми дадоа, затоа што они ми рекоа рано било они чекаат до 10 дена после датумот за да почнат воопште со пороѓајот. Јас сум 39+3 сега, мислев ќе ми пуштат провокации зошто бебето е веќе големо, но они не ми пуштија, е сега да бев Мк сигурно ќе пуштеа да пробаат бар приватно за државно знам оти си прават по свое.
Како рано за тие документи, јас бев 6 месец кога бев да видам во која болница ќе се пораѓам, после одкога одбрав бев на термин кај бабицата за рок од 1 недела ми ги дадоа тие документи, ме прашуваше што како за пораѓајот. Си кажав природно, ни ни ми ставија епидурална, така пишеше на документот.
Ако се е во ред со протоци зошто брзаш? Почекај си природно да те фатат болките .Шетај повеќе , активна биди и ќе биде.Јас се породив 41+1 со провокација оти протоците на бебето беа слаби. Ми закажаа термин и почнавме со провокација.Болките се посилни од нормалнот пораѓај оти се почести. Ме следеа по термин во болница на секој 2 дена.Па затоа открија дека протоците ми се слаби. Бебето не ти е големо , а за две недели нема да порасне 800г сигурно.Ако сакаш царски без нивна препорака се плаќа плус 3000евра.Кога се пријавуваш во болница кажуваш дека сакаш епидурал и треба листови да пополниш.Мене ме зезнаа не ми дадоа листови па пополнував во најголемите болки 10 стр Со лесно, знам дека е тешко ама издржи уште некој ден
Сега ми е се појасно, затоа докторката рече мојот матичен гинеколог да одлучел демек како ќе сум се породела, они не сакаат да дадат препорака за царски или не смеат, можеби во секоја болница е различно, моево бебе на последното ехо беше 1400 грама тоа беше на 6 октомври а на 30 октомври беше 3150грама што значи до за 3 недели пораснало 1750 грама за 3 недели, ако почекам до 15 ноември како они што ми рекоа ќе стане над 4 кг сигурно, иначе нели кранкенкасата плаќа за царски, но ми треба препорака како што сфатив, тоа не ми го објаснија.
Ако има причина за царски го плаќа кранкенкасето,ама царскиот им е последна опција. На братучетка со 4320 гр ја породија на термин природно со провокација.Така да рано е за тебе
Све ми е јасно се работи за пари, ако нејкат они да ми дадат препорака сама ќе си го платам, ќе инсистирам за царски.
Не се работи секогаш за пари, се работи за докторско мислење наспроти твоето мислење Твоето мислење непоткрепено од докторско кошта пари.
Ќе го "ограбиш" детето од важен имунитет со кој се здобива преку природното породување за тебе да ти биде (наводно) полесно?
Да точно но факт е дека јас се грижам за своето здравје подобро од било кој доктор, затоа што јас ги сносам последиците а не докторот, тој само гледа да и заштеди пари на кранкенкасата така му е наредено да помине со поефтинко у осталом за мојот избор и нема што да се правдам некому.
Зборуваме за породување во странство. Не знам колку време не си во мк, ама кога станува збор за породување и странство, морална одговорност на докторот е да се грижи за тебе и за детето и секогаш го избира најдоброто решение за двајцата. Ама ако си убедена дека сите доктори се продадени души, поучена од мк искуства, џабе се објаснуваме.
Јас молев за природно дур можам да родам дете е 3200, кога веќе стане 4.5 5 кг џабе е све, они чекаат да почнело природно епа не почнува кај мене не ми оставаат друг избор освен царски после и да сакам нема да можам природно со 4.5 5 кг дете, докторката ми рече демек матичниот да одлучел како, со други зборови значи да барам препорака од матичниот за царски.
Здраво мајки и јас да прашам тука,како оди процедурата со царски? Дали е како кај нас еден ден пред операцијата да си во болница, колку дена задржуваат после колку време е првото станување, дали бебето е со мајката цело време(за природно знам дека е цело време ) дали ставаат клизма пред операцијата? Ако има некоја мајка што се породила скоро и плус со ситуацијава ,дали пуштаат и таткото да биде присутен и дали бараат негативни тестови ? За во Германија прашувам. Многу прашања фала ви
Мене ми кажаа можело да присуствува таткото 3 дена си у болница секој ден имаш по 1 саат посета, е сега ако прочита погоре една членка рече давале формулар за како сакаш да се породиш, мене не ми дадоа, ми рекоа матичниот да решел како да се породам, ќе барам и јас царски од него но дал ќе дозволи не знам иначе чекаат до 2 недели после терминот да ти пукне водењак али после терминот мораш секој втор ден на цтг.
Тие формулари мислам се пополнуваат уште кога ќе решиш во која болница ќе се пораѓаш. Ако немаш причина за царски мислам неможе да си бираш, освен дали со епидурал или без. Мене докторката ми кажа дека веќе имам еден царски можам да бирам сега дали сакам природно или пак царски. Но бидејки пак е карлично наместено и ако така остане ќе морам царски. Се надевам ќе се сврти имам уште време до крај. Ако се сврти пробувам природно, царски е втор план,само сакав да бидам запознаена со процедурата како е тука за во случај да завршам пак на операција.
Не знам дали имате опција да изберете апартман, тоа као нешто се доплаќаше ама посети беа можни во било кое време и сама си во соба. За со ковидов сега не знам.
Да сега ги видов формуларите ги пополнував изгледа мора доктор да се потпише за царски на тој формуларот, точно е мора да има причини.
Леле фебруарските бебиња карлично свртени и моето исто Знам дека и за карлично бебе можеш природно да се пораѓаш не е проблем.Мерат само дали карлицата на бебето(газето) е иста големина со главата.Ако е исто нема проблем. Клизма не даваат за природно.За царски сигурно ќе имаш термин и ќе одиш на терминот. Сега како е со ситуацијата, пребарував пред некој ден и видов дека посети не биле дозволени ради короната Имаше една членка се пораѓаше летото со маска и и правеле ковид тест. За станувањето мене со природно не ми дозволија сама да станам.Ми рекоа да ѕвонам кога ќе ми се оди во веце.Така да сигурно со царски е поспецифично. @Majka987 можеш да си побараш царски како причина голем страв
Да, тие формулари се пополнуваат кога ќе ја одбереш болницата во која ќе се пораѓаш. Исто и за апартманот ни кажаа дека плус се доплаќа, а колку појма немам, имаше знам една жена во апартман, мажот по цели вечери беше со неа. Таа жена со мене што беше во соба беше со царски рез, нон стоп доаѓаа физикалци да и прават вежби, буквално од кревет неможеше да стане првите 2 дена.
40 plus 5 se porodiv prirodno 4.5 kg so 60 cm dolgo .I pokraj goleminata i pokraj se carskiot im bese vo najposledna varijanta, se porodiv so tableti za provokacija i zemav epiduralna anestezija .Taka da ne se plasete vo dobri race ste.
Имаме време ќе се наместат.... ама имам некое претчувство дека ова моето ќе биде инат како сестра му па ќе си остане така