1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во странство

Дискусија во 'Бременост' започната од bebe2, 4 ноември 2013.

  1. Majka987

    Majka987 Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2020
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно зашто толку чекаат, зашто кога бев сега 39+2 со бебе 3200 грама не ми пуштија провокации, а се знае дека што поголемо бебе поголем ризик за бебето да се заглави во канал и да умре, и за мајката нормално, зашто овака глупо работат, и после како човек да не бара царски.
     
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.985
    Допаѓања:
    166.657
    Пол:
    Женски
    Тие си знаат што праат и си работат така како што треба, сигурно нема да те стаат ни тебе ни бебето во ризик. Туку ти доаѓаш од Македонија, каде на никој не му е гајле за тебе, земја со највисока стапка на починати родилки и каде е оставено сама да си бираш без никакво медицинско познавање, за докторот после да биде исклучен од одговорност. Опушти се и слушај си ги докторите.
     
    На Nevenche26, Biljarkata, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Докторите баш не штедат пари на кранкенкасето - од таму болницата плата зема! :^)
    Секаде се труби во Германија дека зголемена е стапката на царски резови и дека болниците така земаат повеќе пари од кранкенкасето, така што дека болницата ќе ги штеди, мало морген.
    Ова чисто како инфо.

    Прво дете ти е, нели. Не го кажувам со потценување, да не ме разбереш погрешно.

    Разликата помеѓу тебе и докторот е тоа што во твојата замисла, тебе ти пуштаат провокации бидејќи бебето на ехо го измериле 3200 и си 39+2, и сигурно се отвораш, добиваш епидурал, и се породуваш без бебето да ти е 4000 кила.

    А докторот за разлика од тебе, знае дека на затворено грло, долго, неомекнато, пуштање окситоцински провокации носи повеќе ризици за твоето бебе. Еве јас како лаик што можам да ти наведам, а докторот сигурно може уште толку да ти објасни - контракции од провокации се многу поинтензивни од природни контракции. Тоа значи дека матката доживува голем стрес и големо грчење. Бидејќи плацентата е поврзана за матката и твоето бебе и неговиот кислород зависи од дотокот на крв на матката, ваквите контракции можат да предизвикаат проблеми со дотокот, или она што го слушаме - бебето не реагира добро на контракциите, или паѓаа тонови на секоја контракција. А доколку твоето е тврдо, неотворено, шансите да завршите на итен царски се прилично големи.

    Давање провокација на отпочнати контракции е друг муабет иако и тогаш има ризик породувањето да заврши со царски - ама е помал.

    Друго - 3200 бебе. Килажата на твоето бебе во оваа недела од бременоста се добива апроксимативно према обемот на главата. Што значи и те како може да варира. Види башка на ехото - пишува +/- 500 грама. Значи оставаат простор за грешка.

    Друго - 39+2 дали е стварно таа гестациска недела? Кој може да каже кој ден ти била овулацијата. Кај некои жени е на 14 ден од циклус, кај некои на 12… кај некои на 23 ден. Тоа се големи разлики.
    Затоа правилото е дека се чека до 41 гестациска недела пред да се интервенира.

    Со првото дете во Македонија термин ми беше на 29.12. ама знаев дека овулацијата ми беше многу подоцна, и дека бебето не е де факто толку старо колку што се води по менструација. Па како последен термин го зедовме 05.01. тек на 8 отидов да се породам со провокации (значи веќе во 42 недела) НО, со веќе отворено грло 1 цм, и почетни контракции - во приватна болница!
    И покрај провокации два дена, јас сепак завршив на царски.

    Најважно од сѐ е да се следи бебето на ЦТГ често, и да се внимава како е со постелката - колку е "стара" и дали добро го снабдува бебето. Значи почести контроли пред сам крај.

    Знам дека те фаќаат сафри, неизвесност, нервози, сакаш да помине веќе.. ама мисли на тоа што е најдобро и за твоето бебе. Не биди инертна, сепак крајот на бременоста е ризичен како и почетокот, ама со чести контроли ќе осигураш дека е сѐ ок.
     
    Последна измена: 3 ноември 2020
    На Mari-Li, mKdevojce, Nevenche26 и 15 други им се допаѓа ова.
  4. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.353
    Допаѓања:
    8.288
    Пол:
    Женски
    Дали ако направам интернационално осигурување Македонија може да ми го плати породувањето во странство?
     
  5. Majka987

    Majka987 Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2020
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Денес бев во болница морало да имам индикации за царски, пораѓајот со провокации е закажан крајот на 40 та недела, отворена сум 1 цм, имам уште 9 дена, цтг е добро, ако не сум можела природно тек тогаш ќе ме направеле царски, џабе е све ова е Германија и неможеш да бараш царски без индикација како кај нас, ќе пишам шо како ќе биде здравје. Јас сум за природно али дека ми е прво не знам. Се плашам
     
    Последна измена: 3 ноември 2020
    На Kaetana, Fatalnata и Biljarkata им се допаѓа ова.
  6. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.511
    Допаѓања:
    32.644
    Пол:
    Женски
    Со лесно да ти е само и мисли позитивно за да поминеш лесно;)(fingers)
     
    На Kaetana, SanelaS и Majka987 им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.241
    Допаѓања:
    166.064
    Какво е тоа осигурување? Од мк осигурителна не може, тоа покрива само итни случаи мислам.
     
  8. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.353
    Допаѓања:
    8.288
    Пол:
    Женски
    Не знам, прашувам општо дали постои такво осигирување.
    Ако се најдам во друга држава додека се пораѓам, дали мк може да ги плати трошковите?
     
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.241
    Допаѓања:
    166.064
    Aко има државата во која си ти договор со МК а ти имаш потврда дека си МК осигуреник, теоретски би можело. Практично, како и секогаш со МК институции, невозможна мисија.
     
    На Kaetana и BabyD0ll им се допаѓа ова.
  10. Tina-fina

    Tina-fina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2019
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Со лесно, за брзо ќе се гушкате со бебче :inlove: како и да биде битно живи и здрави да сте. Те чекаме да пишеш како сте поминале :hug:
     
    На Majka987 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Majka987

    Majka987 Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2020
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Благодарам на сите за убавите желби, дај Боже на сите да ни е со лесно, помага Бог. Ќе пишам како сум поминала.:inlove:
     
    На Kaetana и Ava.84 им се допаѓа ова.
  12. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.910
    Пол:
    Женски
    За осигурување преку фондот (т.е со оној договор на двете држави дека соработуваат меѓусебно) кој трае само еден месец не знам дали би можело (по некоја логика би требало да може) .. Ама претпоставувам дека со осигурување преку осигурителна компанија би можело, можеш да се јавиш и да прашаш, ќе ти објаснат најдобро.
     
  13. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Не смеат без индикации затоа што касето нема да им плати. Баш она што ти го кажувам. :)

    Внимавај многу, гледај да мрда бебето, на секој сомнеж ако го имаш - оди на доктор да те видат. И пробај опуштено да мислиш - породувањето (вака или така) е еден ден. Тоа е. Ќе помине... После е интересното!! :)

    Читни на германски форуми, има тука некои чаеви за побрзо отворање и контракции (хомеопатија), урми мислам се јадеа, имаше некои финти.

    Со лесно, не му ја мисли многу, ќе бидне кај и да е. Сите сме поминале, можеш и ти. Соработувај со бабици и доктори,... И пиши после како било! ;)
     
    На MacenceEna, Ava.84, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Majka987

    Majka987 Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2020
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Да така е докторката рече оти сложена операција со ризици било царски, а страв од пораѓај не го сметале за индикација, исто рече за бебето било подобро природно, тие бебиња со царски подоцна имале проблеми со астма, дијабетес, алергии, леукемија,артритис...
     
    Последна измена: 4 ноември 2020
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Не дека имаат, туку постои ризик да имаат (статистички гледано) бидејќи не се изложени на одредени бактерии од вагиналната флора.
     
    На Nevenche26 и Majka987 им се допаѓа ова.
  16. Scorpion91

    Scorpion91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    208
    Пол:
    Женски
    Здраво. Прашувам во име на блиска роднина, бремена е 3ти месец, во меѓувреме вработена во приватна фирма и ослободена од работа со надомест од 70% (поради ковид мерки). Заедно со сопругот сакаат да ја напуштат државата, да се породи во странство (Хрватска) накој начин може да отвори породилно? Со отпусно писмо од болницата каде се породила (и преведено) и доставено кај матичен гинеколог во Македонија...? Или има други процедури? Благодарам.
     
  17. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Да пишам мое искуство, тие што сте цо Германија има шанси за царски без индикации, но не во секоја болница.

    Ако сакате царски пи секоја цена одете на Vorstellungsgespräch во повеќе болници, кажете дека не сте психички спремни за природен или дека имате јак ишијас и ќе ви дадат царски без доплата. "Финтава" ја прочитав тука од форумов, ја применив и успева.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Klara91

    Klara91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2020
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.205
    Пол:
    Женски
    Дали има некоја што се породила во Бугарија да сподели искуство. Неодамна се преселивме во Софија и сум 21ва недела бремена бев тука приватно на прегледи бидејќи сеуште немаме комплетна документација средена и лична карта, но здравје би требало тука да се породам.
     
  19. Adidas888

    Adidas888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    2.756
    Допаѓања:
    10.549
    Пол:
    Женски
    Јас бев некни за закажување на царски , добро е што во оваа мојата болница дават царски без индикации. Е само што они ме напнуват да биде со спинална, а јас сакам со целосна. Подобро било за детето нз шо , викам не ме занима вие што мислите јас си имам трауми од претходниот пораѓај и си сакам целосна не сакам да осеќам како ме буричкат внатре или крв да гледам а уште помалку детето во крв да си го видам. Сакам да влезам како госпожа и да излезам како госпожа а не истрауматизирана како претходниот пат кпга не сакав ни детето да си го видам. Чим е добра мајката ќе биде добро и детето нели? Ми вика дека ова не е Македонија тука се гледа се да ти угодат :D и стварно така е , ко да се наоѓав во некој рај, толку чисто, педантно, културно, сите ти се насмеани, ако не ти е јасно нешто сто пати ќе ти појаснат , сестрите се кул, дури и ме викаа два дена пред пораѓај да одам на психичко спремување. Во болницата се имало за мене и бебето не требало ништо да носам, абе просто не ми се верува, како во сон 8)
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Asja

    Asja Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    1.110
    Пол:
    Женски
    Поздрав мамички.Ме интересира дали некоја од вас има искуство со пораѓај во Франција? Моите живеат таму,ама јас поради возраста не можев да ги средам документите,тогаш кога они ги добија.Е сега сум бремена по трет пат,и расмислувам да одам таму 2 месеци пред пораѓај и да се породам таму,за потоа дополнително да пробаме да останеме таму.Дали имате некакво искуство?