Дали има некоја од вас што се породила во Швајцарија, ме интересира за пораѓај како и за самите прегледи?
Ако се породиш таму, не значи дека ќе добиеш докумети ( според постов предпоставувам немаш ЕУ престој) Мораш да имаш основ за да поднесиш за виза, а доколку немаш виза, ти имаш право на престој само 3 месеци во Еу, без разлика дали си пред пораѓај или имаш бебе од недела дена, после 90 дена мораш да напуштиш ЕУ. А основ за виза не е раѓање на бебе. Инаку кај е крајот сите така ќе добиеа.
Zdravo me intersira vaka soprugot na 15ti zamninuva germanija so rabotna viza jas sum vo 2m bremenost dokolku uspee za 3 4 m da napravi spojuvanje na semejstvo I nie so drugoto dete otideme dali bi mozela da se porodam tamu ili bi mi napravile nekoj problem dali kje bide problem ako imame spojuvanje a jas ne rabotam bidejkji do togas kje se poznava stomakot nikoj nema da me prima I dali nekoja se ima porodeno tamu dali e stresno znaejki deka si nadvor od drzavata I dali nesto se do biva od drzavata kako pomos vi blagodaram
Ако добиете виза толку брзо,ќе сте осигурани на него, па така да ќе можеш да се породиш во државна и тамо водиш бременост.
Ако е со Мк пасош со работна виза како шо кажа, тешко за брзо да. Јас сум Австрија, за тука со сигурност можам да кажам дека е најмалу година дена, а Германија од другари со фамилија ми кажале дека со бугарски ако има партнерот брзо оди, а со Мк поспоро
Здраво би сакала да прашам некоја мајка што се пораѓала во странство поточно Англија што е потребно за болница за пораѓај за мајката и бебето ❣️ ви благодарам
Ај прашај гинеколог,во Словенија во 36недела иде бабица дома,и ти објаснува буквално се,за пораѓај,за тебе и бебе,потребни работи и за после пораѓајот,доколку никој нема искуство баш за таму мислам можеш да прашаш и во болницата,и јас тука немав многу кого да прашам па за се си прашувам на лекар .
Здраво, се што мислиш дека ти треба тебе и на бебето, од таму ништо не даваат освен шише за бебето ако е на формула. Тоа треба ти да си го купиш, а даваат и топла вода за формулата. Се што ти треба за хигена, пресоблекување и сл. Секако нема многу да ти треба ве задрживаат само 1 ден, 2 со царски. Ако е се во ред си одиш најбрзо што може, ако не е во ред ќе ве задржат, ное бевме 10 дена оти имавме компликации. Ако те интересира друго нешто пиши ми лп. А имаш некаде по темиве список на потребни работи и јас се водев по примери од тука.
Здраво здраво, @1209 и @Елена и Моника јас моментално сум на работен однос во Македонија, но веќе 1 година имам и UK residence permit и планирам да се породам таму и да се преселам 1-2 месеци пред due date. Дали сте биле во слична ситуација? Дали знаете како е постапката за отварање на породилно? Видов дека за други држави викатe дека преведеното отпусно писмо од болница треба да се однесе кај здравствен фонд во МК, па би требало да ми покриват породилно...било која ако имате повеќе информации, ќе ве замолам да споделите...благодарам
Нз како е со твојата ситуација јас сум тука засега зашо нз како ќе биде понатака дали ќе ме пуштат или пак не иначе мене во авионот ме прашуваа кој месец сум каде ќе се пораѓаш иначе
Нема да те пуштат да леташ толку доцна, а и не е паметнод а леташ последниот месец. Визер најдоца до 32 недела дозволуваше летање јас кога бев бремена, провери пак може ќе дозволат со потврда од доктор. Породилно од МК не знам како оди веројатно треба лично да се отвори. Во Ук за породувањето не знам како би одело, пошто до породивање имаш нели бабица, доктор, термини, договор уште не почеток каде ќе раѓаш итн, ама веројатно нема да има проблем ако имаш матичен ќе се договорите.
Здраво, можело после 28 недела до 34 недела со потврда од матичен. Фала ви на одговор.. и веќе имам и бабица па она ќе ме води понатака. Фала уште еднаш