1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување дома

Дискусија во 'Бременост' започната од expert, 24 февруари 2014.

  1. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    267
    Кога слушаме за домашен пораѓај повеќето помислуваме на едни минати времиња кога луѓето немале пристап до медицинска грижа и биле принудени да се пораѓаат во домашни услови, сосема сами или под надзор на бабици па што биде нека биде.
    Но, денес повторно станува некој хипи тренд, актуелност или можеме да речеме и помодарство, па постојат жени кои намерно се одлучуваат породувањето да го направат во домашни услови. Ова повеќе се однесува на западните земји, ама се повеќе можеме да прочитаме и во регионот, а и кај нас.

    Главните причини за некоја да се одлучи дома да се пораѓа ги ставаат како демек дома ќе било природно пораѓање. Некои се одлучуваат затоа што немаат здравствено осигурување и вака можеби им испаѓа поевтино. Но има и објективни причини за тоа, како на пример помалку стрес, дома е позната околина и наместо ти да одиш во нова околина, бабицата (акушерот) доаѓа кај тебе, потоа затоа што бабицата е платена само за твојот пораѓај нема да избрзува и го поттикнува пораѓањето, затоа што не е лекар и нема инструменти нема да пристапи кон интервенции како што се епизиотомија или царски рез, нема да дава лекови за болка или за поттикнување на пораѓајот. Овие ги сметаат за предност, не знам точно зошто.

    Во Америка особено ова има земено голем замав и се повеќе се одлучуваат за домашен пораѓај, има дури и варијанта пораѓање во вода, што пак заслужува своја тема заради зголемените ризици од инфекција.
    Жените кои се одлучуваат за ова најнормално си ја следат бременоста кај гинекологот и бараат одобрение за да планираат домашен пораѓај доколку бременоста се води како најнормална без очекувања за потешкотии. Воглавно доколку тргне нешто наопаку, се пристапува веднаш кон транспорт во болница.

    Во Америка домашниот пораѓај не го вршат доктори или акушерки, туку има лица наречени midwifes, кај нас може да се преведе како бабици или акушерки. Ама тие не значи дека имаат поминато образование, во САД секој кој сака може да се нарече midwife и тоа е голема причина за загриженост кај јавноста затоа што сакајќи да направат добро, затоа што не знаат, може да направат штета.
    Во други држави, па и кај нас, каде што медицинскиот профил Акушери е заштитен и лиценциран и законски е овозможено таквото самостојно делување, може да се размислува за вакво пораѓање, ама како што гледам од целиот процес за припремање испаѓа дека повеќе стресно е отколку пораѓање и во болница.

    Затоа што се повеќе се зголемува заинтересираноста за ваков начин на пораѓање, се повеќе и се зборува во јавноста во Америка за ова. Последно и многу се пишува и има многу кртика затоа што логично, кај домашното пораѓање имало поголема смртност на бебињата за цели 450% во споредба со пораѓање во болница. Овој податок прави да се размисли повеќе за одлуката.

    Какво е вашето размислување и дали би се породиле дома дури и ако ги имавте сите услови, како акушерки обучени за домашно самостојно делување, и законско одобрение за такво делување?
    Дали мислите дека предностите вредат за да се прифатат ризиците?
    Дали има тука некоја акушерка која би размислувала за да ја прифати одговорноста за самостојно делување, во домашни услови?
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Далеку од стручна сум на оваа тема, ниту пак имам сопствено искуство, но радо би го искажала своето мислење. Кај нас во државните установи не им верувам многу на докторите, и тоа не се сомневам толку во нивната стручност туку стравувам од нивната ноншалантност. Само колку да поминат сите на ред, божем се работи за примање вакцина а не еден толку деликатен процес како породувањето. Вниманието што го заслужува секоја родилка за жал се добива само во приватните установи каде што е премногу скапо, што би се рекло како дводневен престој во хотел со 5 ѕвезди, не дека не е така и уредено, меѓутоа далеку од разумно е давање на толкава сума на пари, поготово со новороденче на пат кое исто така има свои потреби кои од ден во ден ќе се зголемуваат.

    И да, кога го видов насловот на темава, првото што го помислив беше, r u serious? :^) Но, ако размислам подобро, порано со многу помали услови од сега и многу понестручни бабици (стручни само од стекнатото искуство), пак носеле на свет здрави бебиња и породувањето си поминувало без проблеми, кај нормалните бремености секако. Немало доволно хигиена, но ни по болнициве да бидеме реални нема, единствената разлика е што при инфекција не дај боже, имаш кого да тужиш. :tmi: И ако се земе во предвид се тоа што го наброја ти погоре, не е воопшто неразумна идеја и е сосема прифатлива, но сепак јас лично за мене, би одбрала здравствена установа. :)
     
    На Lolo5 и expert им се допаѓа ова.
  3. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    во некои земји од западна Европа, има професионални бабици-акушерки кои се лиценцирани да вршат пораќај дома.
    Јас сметам дека тоа е преголем ризик, зошто при породување, не дај Боже, може да дојде до многу компликации за кои акушерката ниту е оспособена ниту пак има инстурменти за да преземе мерки.
     
    На Lolo5, expert и zalosna им се допаѓа ова.
  4. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Во оваа наша држава, каде се нема услови за ништо... :angel:

    Иначе, да имам услови, би се породила дома без никаков страв. :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Теоретски е убаво, ама за тоа треба многу предуслови, пред се, обучена бабица и сета потребна апаратура, којашто кај нас ја нема.
    Породувањето е природна работа, ама не е безопасна. Има Х ситуации и компликации во кои мора да се реагира веднаш во болнички услови. При породување не мора секогаш 2 и 2 да е 4, односно, во секој момент (не дај Боже) може да настане нешто неочекувано... Значи, се следи срцето на бебето преку ЦТГ, се следи папочната врвца преку ехо (не дај Боже, пак ќе речам, ама се случува да се заплетка...). Кај мене на пример мораа последниот час пред да се породам да ми даваат лек заради не-баш-доброто ЦТГ (кое си беше супер цело време, ама ете, во клучниот период...). Да не навлегувам во детали, пак ќе речам, теоретски е убаво, да, раѓање во позната средина, помалку стрес и сето тоа, ама не е баш паметно.
     
    На Lolo5, darcy и expert им се допаѓа ова.
  6. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.453
    Допаѓања:
    5.422
    Пол:
    Женски
    Aјде да ја активираме темава по неактивни цели 10години.
    Искуства?:?: