Можеби е нелегално да се рекламира како стручна, ама еве јас ако сакам да раѓам дома и дојде мајка ми да не породи, технички ми била бабица, а освен сама што родила друго искуство нема. Таква ситуација не е нелегална. Затоа викам е нерегулирано.
За мене те прашува, еве јас наскоро треба да се породам и си ја пратив како мој посредник да те распраша се. Форум е отворено се дискутира, секој може да праша се и фер е да добие соодветен и реален одговор.
Во 21. век ќе се пораѓате дома? А од кај знаете дали ќе тргне нешто не дај Боже??? Поретардирано нешто од ова нема!
Vtoro dete mi e i beshe NAJUBAVOTO ISKUSTVO SHTO SUM GO IMALA. NAJ NORMALNO I PREKRASNO <3 Imaj si ubav den
Ама мајка ти не се рекламира и претпоставувам наплаќа за породување така? Тоа е нелегалано. Нострифицирала диплома, официјализирано и е знаењето и праксата во нашата земја на бабицава?
Се согласувам сосема, не може некој да вика еве јас сум стручна за пораѓање кога во Македонија воопшто не постои таква функција и диплома. Муабетот ми беше зошто не постои бабица во Мк мислам дека законски не може да одговара некој ако има терминален исход породувањето дома. Мајкава сакала дома, викнала некој од странство да седи до неа, не рекла бабицата дека е гинеколог. Во оваа држава мислам дека нема да одговара. А самото пораѓање дома не може да е нелегално дека ако се породиш во кола ќе треба да лежиш затвор
Што погрешија ако не е тајна и се пожали од грешките некаде, покрена тужба? Заради лошото искуство во родилиште се реши дома за следно? Гинекологот што ти ја следеше бременоста знаеше за ова, каква бременост имаше со второво?
Па не те знам за да ме интересира како си се осеќала,еве за да препорачам. И сама кажа во болница ти рекледека многу дома раѓале , во која болница ти ја препорачаа бабицава? @Spidy Дома ако сакаш да се породиш од некои причини , ти одговараш ако се случи со бебето нешто. И тоа е нерегулиран пород исто како инцидентен кога не можат да стигнат до родилиште. Ама медицинско лице со нерегулирана работна дозвола врши породувања дома е нелегално. Исто како ти да одиш да поправаш заби по дома во друга држава.
Тоа да, ама овде си е договорено се помеѓу мајкава и бабицава, не е спонтано и непланирано како во кола.
And I am done here, mama ako ima nekoja prashanje privatno mozesh da mi pises. Na site drugi vi prakjam ljubov i vi posakuvam naj ubav den.
Каков суд, само културно те распрашав, напишав ако е тајна не одговарај ама на другиве прашања слободно можеш да одг. еве истиве би ти ги поставила во лп, ама решив на темава тука. Не одговарај и лош маркетинг е маркетинг нели?
Два пати ја прашав дали е тоа бабицата од Косово и не врати. Не ја кажува која е и шо е. Значи ја крие. Немојте да ја слушате жени, посебно вие шо треба да се породите, сите знаеме албанките како ги добиваат дипломите, на кој начин. А оваа можно е и да нема никаква диплома, самопрогласена бабица е. Катастрофа жива, колку ни е само неук и прост народов, а и власта шо не превзема ништо.
Дипломираните акушерки се бабици. Прашањето е зошто ниту една дипломирана акушерка во Мк досега не вршела породувања дома туку ја нашле оваа од Косово да доаѓа по дома. Како на ниту една не и текна?! Замислетњ сите да почнат сега приватен бизнис да тераат да пораѓаат бебиња по дома. Ова под итно мора да се апси и да се санкционира.
Треба да се пријавува до надлежни органи за да се преземе нешто, ама во овој случај штом е јавна објава од доктор ОЈО може да реагира по допрен глас, да се истражи која е како е поврзана со кои гинеколози соработува. Секоја бременост не е изводливо бабица да ја реализира со природен пораѓај, па има и низа компликации свесни сме сите, убаво е пишано во објавата на лекарот.
Оваа гарант или е преварант или ја имат избркано од работа во Косово, па сега наоѓа жртви во Мк. Ама и овие па како веруваат .
Ако се нафаќа некој трет царски дома дa ме прави, јас сум за. Ме нервираа на ГАК сестрите на акушерија, вака маж ќе го трчкарам по дома вода да ми дава и катетар да ми празни. Понуди може во порака . Фала