Ама кој те навреди и ти се закани? Не се согласуваат дека тоа што си избрала е правилно. Плус не споделуваш никакви детали да не разубедиш дека е безбедно или подобар избор освен твое субјективно чувство дека најубаво си поминала. Мило ми е за тебе што е така, ама еве јас тешко поминав со првото, уште потешко со второто, со сериозни психолошки последици, ама не би се пораѓала дома да треба трет пат да раѓам.
Па добро можеш да ни објасниш барем нешто како оди целиот процес пораѓај и сл.Не е нешто вообичаено па да знаеме
Омраза према никој немам во животов, особено не према особи кои не ги знам лично и не ми згрешиле. Ама еве биди фер и сподели де. Ако според твојот адвокат е легално, сподели каде ја најде жената што те породи? Како имаше гаранција за безбедност и дека на време ОНА ќе реагира ако бебето не дишело? Убаво те прашуваа членки, ти се смееше и во лп ќе споделиш. Еве мене ме интересира, пиши ми лп.
Пораѓај дома е возможен и реален, ама не во Мк. Јас гледав на јутуб и по инстаграмите милион случаи, убави искуства, во базени, релаксирано, со маж да те држи за рака, бла бла бла. Ама кај нас е многу поразлично. Прво, бидејќи тие бабици или помодерно наречени "дули" се специјално обучени за пораѓај дома и да пружат прва помош доколку е потребна, точно знаат да предвидат компликации и да ја упатат мајката на болница и сл. Кај нас таков кадар нема. Второ, немаме ни изграден здравствен систем ни добра патна инфраструктура за навремено стигање во болница, дали со брза помош, дали самостојно. Јас се филмав и кажував по другарки пред да се породам со детево дека подобро за мене лично би било да се породам дома, т.е. дека целото искуство би ми било поубаво и порелаксирачки на мене лично, ама откако настанаа компликации на сред пораѓај, околу бокс се наредија сите доктори што беа во болницата, 4ца доктори ми рипаа на стомак, бебе заглави, а касно беше за царски, на крај додека го вадеа со вакум, се изгубив, прекинав да напнувам и почнав да пиштам и викам на цел глас од страв и паника да не ми умри бебето. После имав со недели трауми од пораѓајот, дури и го сонував. Шиена бев и вагинално и на таа рана потоа фатив три бактерии. Два месеци не можев психички и физички да се опоравам од пораѓајот. Му благодарам на Бога што одбрав да се пораѓам на ГАК, оти по другиве болници, било државни или приватни не знам дали приказната ќе завршеше со среќен крај. Најверојатно понатаму здравје пораѓаите ќе бидат со царски оти се воспостави дека имам вродена аномалија на вагиналниот канал. Така да, think twice пред носењето на вакви одлуки. А тоа што е нелегално кај нас ваквиот пораѓај и што за жал има одредена заедница во државава со енормно прости сфаќања мене ми е многу жал и целокупната слика за нас како држава се менува поради тоа, ама тоа веќе е друга тема на муабет. За дипломите на косоварите да не праиме муабет.
Не знам само како викендашки секогаш се погодуваат вакви некои глупости. Го читав некни Ненад иако не го следам, за предупредувањето. Мислев дека ликот си сака само внимание, ама очигледно еве се практикува тука (за што поприлично сум изненадена). 21 век, со болници и лекари. Што ви фали, жени?
Плот твист. Аманита е всушност Ненад. И си сака само внимание да привлече. Веројатно со сите погодени услови, домашниот пораѓај е нешто најкомфортно што можеш да искусиш. Не се осеќаш како пациент. Дома си. Во твое катче. Позната средина. Сите што сакаш да се тука и покрај тебе, се. Се што ти треба за тебе, за бебе, омилената храна, буквално се што прави да се осеќаш комфортно ти е тука. Не знам дали под други околности би се нафатила на пораѓај дома, ама знам дека пораѓај во вода ќе ми остане неостварена желба.
Влегов на темава, ова да го пишам. И мене ми личи на докторов, или некој истражувач кој сака да извлече повеќе информации на темава. Премногу случајности за да биде случајно.
Tuka vo Avstralija ushte pointeresno e pap, zakazuvash kaj matichen doktor, ti davaat toa stapcheto i ti kazuva kako sam da si napravish, te isprakja vo wc i primerokot ke si go spakovash vo kesa i na recepcija se ostava, ima ime i prezime od pacientot. I da na 5 godini i tuka se pravi
Нели? Ја исчитав темава и секое второ мислење е супер искуството ама за поише информации инбокс. Ние што се издадовме се издадовме, ај некој нов нека и пише порака па да ни пренесе.
Изгледа бабицата пиша да се изрекламира. Па сеа толку од нејзе. Или ова е некој маж па ќе се пушта во инбокс…
Никаде не потврди дека е од Косово. Заклучи ти по објавата на Др. Лазаров. И постојано ги ставаш овие муабети во уста. Не и оставате простор да се објасни жената одма ја нападнавте. И мене ми е лудост пораѓај дома ама читам оти ме интересира како се одвива сето ова во Македонија. Од тоа Косово Косово жената се повлече. Нигде не пиша дека е од Косово, може е и од тука некоја од болниците. Ама ако ви каже ќе сакате и име и презиме.
Жената од старт ја прашаа за повеќе инфо, она се смееше и во лп ќе пишела кого го интересира. И пишав, еве чекам уште одговор. А еве и @Yowannty и @senza.parole приметија исто дека профилов е нов , веднаш по објавата на Лазаров направен и дека смртка малце профилот.
Се си е таман, ми падна во очи колку се иницира дека е од Косово само што прочтаа статија, жената никогаш не рече дека е од Косово. МОже и е некоја комшика, кој знае. Дека смрди тука да, дека не е нормално според мене не е . Дека е ризик за мајка и за бебе е. Дека треба да се регулира со закон ако не е како што видов, треба.
Ја прашав неколку пати, мислам дека и други членки ја прашаа. Не одговори, ни ги игнорираше прашањата, одговараше само на тоа шо и годеше. По тоа претпоставив дека бабицата можеби е таа од Косово. Ама нема врска дали е од Косово или Мк, кога тоа не е легално кај нас.
Жената , ако е нели жена во прашање, сподели дека адвокатот нејзин, рекол дека е во ред законски. А бега од одговори. Ако е се во ред, нека сподели детали. Исто како што споделувме искуства од наши пораѓаи.
Е вака може, ти како се запна Косово Треба да провериме дали е законски. Не знам дали е легално, ама дека е ненормално и тоа многу.
На крај ќе биде целата приказна на членка е измислена и зачленета пресно само да напипа терен за нов потенцијален бизнис
Абе не е заостанато да се породиш со дула (модерна бабица), барем јас не го сметам дека е, иако не би го направила. Ама треба да има школо, диплома, искуство, обука во родилиште. Еве нека не е од Косово. Од Америка нека е дојдена. Работела таму 10 години, породила еден куп жени. Појма нема каков протокол има кај нас, каде се болниците, каков пристап има до помош ако затреба. Да имаме закон и школо за бабица, да дојде опремена со инструменти и лекови, и според мене најважното, да имавме доволно возила за брза помош за да имам шанса да стигнам во болница за помалку од 10мин, можеби ќе беше опција. Како што е моментално, ми звучи како преголем ризик иако 99% од пораѓаите поминуваат лесно. Не би сакала да ризикувам да сум во тој 1%.