Па после лошо трауматично искуство во Чаир, најмалку што ми текнало беше ДОМА. Приватно, епидурална златна, царски ако не иде природно (да не се форсира природно додека не се стави во ризик животот на мајката и бебето).
јас се породив пред месец ипол во америка, царски. Породување излезе 21000$ за мене и бебе. 3 дена во болница. Осигурување покри 20000$, плативме само 1000$. Цена најчесто зависи од болница а и тимот на доктори. Некои осигурувања покриваат само болница ама не и сите доктори.
Јас би се породила дома, само зошто не сакам болници. Но, немам доверба некому да го дозволам тоа, без што се вика да имам се што треба за секој случај не дај боже. Јас лично од пример-породување- дома 36 часа. Но има и такви еве што 30 часа раѓале. Баш се смеевме со Калчовски, вика. Јас ако раѓам второ, дома ќе раѓам. Вика не ти е лоша идеата Веројатно ме разбра што точно сакам да кажам. Но тоа јас го викам зошто имав екстра лесно породување. Да имав лошо, веројатно ќе барав приватна болница, како и повеќето што прават. Далеку сме ние од таа култура и стручност да се породуваме дома. Иначе кај нас, брза помош за дете не доаѓа. Другарка викала кога малиот и имал фебрилни конвулзии, и и го дале тој одговор.
На сестра ми малата имаше конвулзии на 2 години. Брза помош дошла за 5 минути, иако рече и изгледале како саати додека чекала. Нема шанси да не ти дојде брза помош за мало дете. На темата, никогаш не би се породила дома зошто многу жени знам што завршиле на итен царски.
Како не доаѓа за дете брза помош. На пријатели малата неможеа да ја разбудат, предлабок сон, ама они испаничиле и викнале брза помош, за 5 минути дошла. За стар човек е со молење и ќе ти кажат, има приоритет пред старите, ааа епа 80 години еее, епа штом се ослободиме ќе дојдеме.
Може дека беше баш во карантинот за короната, не знам... А за стар знам.. Се мољакавме кога викавме за мајка ми, ми викаа види како ќе биде, па јави се ако се влоши... Ова дури ме изненадува сега...
За баба ми кога почина, татко ми беше таму да пријави дека е почината. Биле они ден пред тоа, да не иделе за џабе. За дедо ми, на извештајот стои дека мајка ми установила смрт, телефонски го средија тоа. Ужас. За комшикава кога падна, се онесвести, прашања дали се карала со маж и бе. Ужас ужас. Да не набројувам какви се ситуации имало со нив, ми се гади.
Да да, лоши прашања поставуваат, дури треба да знам што му е на пациентот. Ете од тука е целата недоверба и зашто не би се осудила дома да раѓам.
Секоја жена што се одлучила да роди на таков начин би требало да е свесна што прави ( како и за можните ризици) и тоа е нејзина лична одлука и мене лично ништо не ми штети и не влијае врз мојот живот. Јас лично да можам да си дозволам финансиски би ангажирала цел тим за пораѓање во домашни услови. Обично таквите пораѓаи се следат цела бременост, се треба да е уредно, и потребна е мноогууу едукација и подготовка на родилката како психички така и физички дури и пред зачнување. И секако иако е во домашни услови пак има присуство на дула, акушерка, доктор-гинеколог. Ова се е најнормално на запад, знам многу што се имаат породено дома, но кај нас за жал тоа не функционира...