nemoze da e isto kako prvata bremenost sekoja bremenost i poroduvanje se razlicni,mene so prvoto mi padna cepot imav ligav iscedok ama ne tecese vo bolnica mi go puknaaa vodenjakot i odednas istece ,a so vtororto mi pukna vodenjakot i si tecese pomalko nemav bolki ,tie pocna 3casa podocna i posle 3casa kog pocnaa kontrakciite togas mi padna cepot,i vodenjakot si tecese se dodeka ne izleze bebeto jas ne veruvav kade tolku voda imalo vo mene edno 2/3kg e imlo.
Јас од искуство ти кажувам. И на мене ми се цедеше чепот цел ден. Ама толку бидна. Сабајле почна и вечерта отидов со болки. Имав болки јас преку целиот ден. Се стрпив дома и издржав кога отидов бев веќе пола отворена.
И кај мене беше исто, падна чепот, течеа такви работи, 2 прста отворена и за два дена се породив. Со лесно.
Ме зачуди како тераш вака недела со таков исцедок. Најверојатно и веќе се отовораш и отворена си. Ама ќе биде..
Ова е доказ дека не секој организам е ист во целост. Исти симптоми јас веднаш се породив но имав плус болки. Ќе си почекаш каде и да е ќе биде Топла бања прошетки..
Да не грешам душа,ама мислам дека на @Mariangel чепот и падна па се породи после 1-2 недели. Ако види нека ти каже,нека ти даде некој совет некоја утеха.
Ne edna dve tuku tri mislam bea, doktorkata vikashe chim padnal ke bide denovive i so pochekavme baagi
@Mariangel. @vitamina @tincemajmunce. Sabajlevo bev na dok, se si e vo red, i isto ko i pred edna nedela bebus duri i ne e spusten.. A doktorot i kaj mene vikase prethodnata nedela deka ke bide do cvetnici ama... Ova izgleda ke potrae... Iako moze da bide i sekoj moment.. ahh..
Мешиња, јас користев утрогестан до 36недела...дали може да ми смета сега во отворањето на грлото? До 36 недела беше мирувај, лежи да не се провоцира предвреме, сега движи за се отвораш.. прогнозата им беше дека може да не ја дочекаме 36недела, затоа и прогестерон, мирување...а еве утре ја почнувам 39тата,полнам 38ма...
Јас сум 35та и уште користам утрогестан, немав појма дека може нешто да ми пречи за породување. Истото ми го кажаа мирувај, лежи за да не излезе бебето предвремено. После ти кажаа дека смееш да се движиш? Леле дај Боже исто да ми кажат, не можам веќе ќе полудам
Исполнете 36 и доста е утрогестан .. Да да.. Баш така.. И боледување, и одмор од работа го поместив за да го земам во 8месец..одмарав и навистина ок беше.. А еден куп проблеми појас носам ради што беше пониско, утрогестан за грлото.. Кога исполнивме 36 ми рекоа сега движи за да имаш кондиција за раѓање сега сум 37+6,утре почнуваме 39.. И планирам навистина поактивно и да пешачам издржи уште малку
@victoria иста приказна, како за себе да читам. Многу порано отворив боледување од планираното, плус комбинирав со стар одмор. Моево не да е ниско, докторите се чудат просто како ги издржувам болките кога мрда и притиска со главчето а за појас единствено на предавањата во ГАК ми спомна акушерката, после кога ја прашав матичната рече немало потреба. Може требаше на своја рака да си земам, да си олеснам. Пешачи си, со лесно нека ти е породувањето и да се гушкате наскоро со бебушот
Појасот искрено многу ми помага.. И јас ко на шала и спомнав на матичната, ми нспиша упит за хирургија и за недела дена си го зедов.. Јас многу повеќе болки имав долу додека беше со ножињата долу.. Околу 32се заврри и некако се издржува.. А верувај, имав чувство дека ако појдам во тоалет ќе излезе нога со лесно и тебе мила и на сите идни мамички.. Ќе издржиме се ние за овие златца.. Само верба во Бога.. Тој да не чува сите