1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување...еден куп прашања?

Дискусија во 'Бременост' започната од tarantula, 14 декември 2009.

  1. Aneta92

    Aneta92 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2016
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    2.808
    Пол:
    Женски
    Здраво мешиња. Мислам дека прашањево ми е за тука , ако не е слободно преместете. Дали некоја имала искуство со индуциран пораѓај ? Ако имала може ли да го сподели ? Благодарам.
     
  2. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Јас. Договоривме заради надминат термин. Бев сабајлето примена, добив вагиналета за омекнување на грлото на матката и клизма. После ми беше вклучена системска провокација. Болки почнав да имам, ама не беа страшни.
    Цел ден не се отворив воопшто, па ме оставија да преноќам за да видиме дали ќе тргне работата сама... следниот ден пак ме приклучија на системска провокација и пак добив клизма (затоа што попладнето ми беше дозволено да јадам).
    Ми се зголемија болките но на крај завршив на царски заради споро отворање и незрело грло на матката.
    Наводно повеќе боли кога се породуваш со провокации, но кога мора... тоа е. Сепак со надминат термин постојат и други ризици кои се пострашни од породувањето.
     
    На janickaskopje и Aneta92 им се допаѓа ова.
  3. Вереничка

    Вереничка Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    1.088
    Допаѓања:
    1.705
    Пол:
    Женски
    Мешиња здраво :hai: :*
    Не знаев каде да го поставам прашањево, па како и обично мислам дека тука ќе наидам на најмногу одговори. Не сакав да пишувам во - Се породив да не ја реметам темата.
    -Дали знаете каков е тој гел за провокација и таблети? :$
    Што е тоа, како функционира, каде може да се купи и по која цена? И кое е од овие две е подобра варијанта? И постои ли и нешто друго? Се обидов да најдам нешто и тука на форум и општо по интернет но не најдов ништо, а важно ми е. :wasntme:

    Ако модераторите сметаат дека треба, нека го преместат во некоја посоодветна тема.

    :hug:
     
  4. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.647
    Допаѓања:
    5.590
    Пол:
    Женски
    Подалеку од провокација кој те подучува за тоа .. оно 80% е сигурно дека ќе ти стават (систем) провокација ако мисл по нивно дека има потреба да свршат раб побрзо иначе е мн болно мила реално разм тоа те тера прави да се отвориш наеднаш добиваш мн болки и се издржи без тоа а и табл знам дека гинеколот на болн ги препишува и некој од блиските ти ги купува околу 700 ден е акп сум грешка нека ме исправат али за да бараш провокација едно НЕ !
     
  5. Вереничка

    Вереничка Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    1.088
    Допаѓања:
    1.705
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам. Но со надминат термин сум. (facepalm) Бебе нема абер. Вода има, постелка функционална, јас ни контракции, ни болки. Д-р ми објасни што ме чека доколку поминат тие денови што се толерираат и дека доколку дотогаш не се породам, што ме чека. Ми објасни што се прави во таков случај, но само ми ги наброја методите и ми рече за тоа потоа. Па затоа сакав да се информирам, затоа што ништо не ми е јасно, не очекував дека ќе дојде до ова. :| Инаку никако не би барала сама ништо што не е неопходно.
     
  6. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.694
    Допаѓања:
    72.589
    Пол:
    Женски
    Колку ти е надминат терминот? Вагинално те прегледале? Обично потпомагаат со вагинален (малку незгоден) преглед... мене после таков преглед ми падна чепот, а после три дена се породив. Инаку за гелот ми кажуваше другарка, но сепак тој се аплицира кога веќе ке почне колку толку процесот, за полесно да излезе бебето низ родилен канал, а незнам колку помага за отварање....
    Туширај се со потопла вода, ако можеш и во када легни, движи се повеќе и секако опушти се повеќе психички, не се стегај... :) Јас дента кога ме фатија природни болки (а веќе 7 дена надносено бебе), бев до црква... и ептен се смирив некако, па по 5ч од посета во црква болки на 5мин од нигде никаде се појавија :D со лесно како и да е :)
     
  7. Вереничка

    Вереничка Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    1.088
    Допаѓања:
    1.705
    Пол:
    Женски
    Ме гледаа и вагинално, неколку пати последно пред некој ден( воопшто не ме болеше, ми беше ок8-|) затворено, пишува врв на прст. :wasntme: Контракции немам, одам на цтг. Надминат ми е една недела, ама па од старт не знам дали се сеќаваш ме водат една недела назад. Ама терминот е според менструација. 8-| И мене не ми е ништо јасно, ама тој го пријавив, иако знаат дека има корекција па рекоа може да толерираат ама не многу , порано толерирале повеќе денови, сега веќе не. :( Иако на ехо има вода и постелката е добра. Ми рече бебе уште не е спуштено во карлица, нешто спомна еден сантиметар има :?: Некако ми дојде наеднаш, бебе абер нема, јас само на варијанта природно си размислував (нормално само ако не МОРА поинаку) и сега ова со провокации. Па дека д-р рече сами треба да си купуваме, ги наброја начините и затоа реков да се информирам, немам поим што е најдобро. А некако ми личи натаму одиме (facepalm) Оф не знам што да кажам.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.694
    Допаѓања:
    72.589
    Пол:
    Женски
    Да не си отворена еден сантим? Или пак цервиксот ти е може дојден до 1цм? Ке биде за брзо како и да е :) А каде ке се пораѓаш? Ако толку те копка да прашам и како се вика гелот точно?
     
  9. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.518
    Пол:
    Женски
    УФФФФФФФФ ТЕ ЧИТАМ и знам дека си во неизвесност но гелот се користи во краен случај кога имаш напони и болки и не се отвораш доволно и покрај дадената провокација преку игла.А вака без болки не е во ред да го употребиш, викаш цтг е добро,плодова вода има значи се е во ред и @mariz погоре ти даде убав совет немој да се секираш се ќе биде добро Димитар знае што ти кажал и како ќе се одвива се.
     
  10. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.518
    Пол:
    Женски
    Простагландин гел се вика
    [​IMG]
     
    На Вереничка му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Вереничка

    Вереничка Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    1.088
    Допаѓања:
    1.705
    Пол:
    Женски
    Не срцка не сум отворена. За тоа пишува вложливо за врв од прст. Туку бебето од карлица е оддалечено 1сантим. Така го разбрав д-р :wasntme: додека ме гледаше на ехо ми го кажа тоа, демек не е бебето уште во карлица. Инаку во Чаир ова. Ама знам дека нема да ме чекаат уште многу, ми рекоа да помине уште некој ден и можно е да ме хоспитализираат. Тоа ме плаши. :|
    @fina erika Да, ама нема да ме породи он, како што ти кажав. И сега не знам кој ќе се погоди, кој ќе одлучи што понатаму. Он само ми објасни што ме чека и ми ги кажа алтернативите. Таблети некои( односно најверојатно вагиналети сум ги читала) и гел, нешто што треба да си обезбедам сама. А од нив венска провокација. И ми рече не давале по една таблета во аптеки морало да купиш цело пакетче, само во некои аптеки ама не знаел кои и слично. И он ми рече дека гел е поскапа но подобра варијанта. Па затоа прашувам на време да се информирам да знам ако дојде до тоа што да правам. Дека не знам ни од каде да се купат, ни што е тоа, ни која цена се.
    :whew:
     
    На mariz и fina erika им се допаѓа ова.
  12. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.518
    Пол:
    Женски
    @Вереничка одма да ти кажам јас гелот пред 11 месеци тогаш го порачав од виола аптека на водњанска и чинеше 2900 денари во другите аптеки го немаше па дури ни во онаа во систина Дона фарм.Ако ти треба јави се во аптеката да ти го порачаат бидејќи ги немаат на лагер е сега па прашај во некоја друга аптека да не ги има.Толку можев да ти помогнам со информацијава
     
    На Вереничка и fana им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.989
    Допаѓања:
    279.124
    @Вереничка многу добро ја знам нетрпеливоста која ја чуствуваш... но штом се водиш недела назад не ти е тебе надносено бебето. Сеуште си во рамките на она што е предвидлив термин на раѓање. Ќе биде наскоро, шеткај, качувај скали, топла бања.. и во секој момент чекај да се дојде моментот.

    Имав еден пораѓај со провокација и еден без. Оној со провокација имав далеку поголеми болки.
     
  14. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.759
    Пол:
    Женски
    Мене ме породија со провокација, немав надминат термин ама мораше да ме породат, ми ставија венска провокација и одма делуваше, инаку ми мачкаше докторот со некој гел внатре кога го прашав за што е рече за да бебето искочи полесно, да лизга :D јас се породив во систина па така да ништо не купував.
     
  15. Вереничка

    Вереничка Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    1.088
    Допаѓања:
    1.705
    Пол:
    Женски
    Тоа го прочитав тука во неколку наврати, дека е многу поболно :( но што кога не одлучувам јас. Па и јас сметам дека не е некое надносување, но ми рекоа кој прв термин сум го пријавила тој е, и плус на секое цтг ми го пишува тој, они ме прашуваат последна менструација и си запишуваат на ливчето. Знам само дека воопшто не мислев дека ќе дојде до ова и сега сум загрижена и исплашена. Се надевам дека сé ќе биде во ред.
    @alisijad најверојатно дека приватно. Тука д-р ми рече порано располагале со тие препарати, но дека сега сами си ги купуваме ние. Они имаат само венска провокација. Но ми рече таа доаѓа после овие две. Да знам, д-р за гелот ми рече дека побрзо и поефикасно се апсорбира, дека е полесен за употреба. Рече поскап е од тие таблети. Тоа не е важно ако дојдеме дотаму, јас само сакам да бидам сигурна што е подобро. А тука ми рекоа гелот бил за откако ќе се отворам веќе, или ете како што рече ти, најверојатно да лизга подобро.
    Цела сум во прашалници, недоумици и исчекување. :|
     
  16. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.759
    Пол:
    Женски
    Мене ми уклучија прво венска провокација па после еден саат дојде и ме намачка со тоа, јас се отворив потполно за неполни два часа, но веке немав цервикс и бебево беше скрос набиено па и тоа играше улога.
     
    На Вереничка му/ѝ се допаѓа ова.
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.989
    Допаѓања:
    279.124
    @Вереничка мене ми е за околу две недели поместен терминот во оваа бременост. Не дај боже да рачунам според последна менструација и две недели надмосено да рачунам... ќе полудам од мисли и нервози. Затоа и ти реков дека всушност не ти е надносено, оние први мерки се најточни и води се според нив.
    Секој пораѓај е индивидуален. Може секој момент да почнеш да семотвараш и да оди брзо, без привокации. Нема правила и не дозволувај лоши искуства од други трудници/мајки негативно да ти влијаат.
     
    На Dadusicka, mariz, irenna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.494
    @Вереничка со лесно да ти биде.
    Јас 12 часа бев 1 прст отворена, и не се отварав повеќе, имав многу мали болки на 15 минути.
    И ми ставија вагинално гел провокација со шприц.
    Не паметам да имав неиздржливи болки, поминав со лесно и многу ми помогна гелот. Не плаши се и не мисли дека ќе е многу болно
     
    На Вереничка му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.694
    Допаѓања:
    72.589
    Пол:
    Женски
    Кај кој др си во Чаир? Јас закажав кај Георгиев... и кажи ми еве имам контрола во 12:30 кај него, со термин... треба да одам порано за цтг? Или прво контролата е, па цтг?
    Инаку еве мене матичната од старт ме води +7 дена. Значи по први две контроли... бебево сега пораснало и се има израмнето и дури и повеќе од датумот на менструација, а беше доста назад... ако требаше да сум веќе 7ма нед, јас бев 5та. Сега по датум од менструација сум 36+2, а бебето ми е 36+5... но сепак ме води по први контроли 35+4... и така и ке пријавам во Чаир. Нема да кажам датум од последна менструација, зашто ке испадне многу да го надносам бебето :D
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Вереничка

    Вереничка Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    1.088
    Допаѓања:
    1.705
    Пол:
    Женски
    Исто и јас :) Искрено од она досега што го видов, а одам повеќе пати, никој не влегол точно на терминот, сите чекаат од половина до еден час, па и повеќе. Се случуваат интервенции, приоритетни, резултати, паузи, а и д-р е многу темелен, не брза, посветува навистина внимание па се одолговлекува работата. Како и да е пред да влезеш кај д-р направи цтг, затоа што он ќе те гледа, па секако ќе те прати на цтг па после пак ќе треба да влезеш измеѓу за да го види. Искрено 15-20 мин пред терминот е доволно, за цтг секогаш има по три, ти си веќе во последните термини(ако си во 12:30) и ќе има сигурно слободно.
    Ако имаш корекција на термин кажи си го. Но ако бебчето е понапред слободно кажи го терминот по менструација. Инаку д-р е одличен, најверојатно ти кажале, но навистина е единствен во својата работа. Со лесно :)
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.