Значи исто како порано тоа со термини знам.. се случило џабе да чекам доктор, го земале итно во сала или сл... па друг ме прегледувал (ова првата бременост). Ке одам пола саат порано, фала
Имам едно прашање само што влегов во деветти месец треба да се порагам во друг град а матичната незнае дали треба да имам упат за порагај а и со разговор со лекар од болницата во која сакам да се порагам и тој спомна дека не ми треба упат. Ве молам да споделете исуство дали сега не е потребен упат за порагај.
Жени кажете од искуство дали треба да идам во ГАК претходно или дури кога добијам болки право на пораѓај. Ништо не ми е јасно, а таму планирам да се пораѓам. Кога стигнеш таму со болки каде се пријавуваш, што се дешава и сопругот го пуштаат до негде или не? Не ми се смејте на прашањата ама ме фаќа паника дека од далеку па ќе имам 2,5-3 саати да стигнам и ми е страв да не се породам у кола хахаах.
Мила јас се породив на ГАК. Кога ќе те фатат болки си одиш на ГАК. Не ти треба ништо посебно, само книшка или документи за идентификација. Јас ја заборавив книшката па со лична карта бев. Кога ќе влезеш во зградата право има просторија за итни случаи. Пишува на вратата не можеш да утнеш. Те ставаат одма на цтг и ехо и ако сметаат дека треба одма ќе те хоспитализираат, ако не ќе те вратат. Не ти треба ни упат. Сопругот не го пуштаат никаде Пред врата ќе си чека. Ако имаш друго прашање, слободно прашај
Zdravo na site..se izvinuvam sto nemam mak poddrska pa moram vaka..sakam da ve prasam dali nekoja ima iskustvo poroduvanje so pomos na vaginaleta...???
Мене ме интересира дали е болно т.е. дали се осеќа при природно породување кога излегува бебето од ваг. канал ... ептен ми е језив тој дел па ако може да објаснат тие што поминале природно
Мене ми ставија вагиналета за омекнување мислам беше. Дали од тоа или не, многу брзо и лесно се породив. Кај другарка пак, никаква улога немаше, пак заврши со провокација. Не се осеќа. Имаш напон и го буткаш. А ако не го видов немаше ни да знам дека се породив.
Тоа е најлесниот дел од цело породување и поминува како блиц, толку брзо Јас матно се сеќавам на тој момент, ама од цел пораѓај тоа беше најлесниот дел, ниту сецнувањето доле не го осетив.
И јас се породив природно, ама не осетив кога и како помина бебо низ каналот. Знам само дека имав огромни напони како за во вц, и само туркав кога ми викаа докторите. На 3 туркање видов само како му излезе главчето надвор, уште еден напон и излезе целото. Е такво олеснување во животот не сум имала. Тешкото е додека да се појави главчето, после тоа се е многу брзо и лесно. Не осетив ни кога ме сецнаа, а ја видов ножицата. Ниту постелката или шиењето ми беа некоја мака.
Јас осетив и кога ме сецнаа . Исто и кога ме шиеја ги осеќав по малку убодите од иглата иако имав локална аналгезија
Нема правило.Процентуално мислам дека вториот пораѓај е полесен,жената е поспремна,знае како да се однесува,телото еднаш го доживеало тоа па не е непознато.Мене вториот ми беше полесен многу полесен дури не сум ни шиена.