Ме интересира дали има членки што не се од Скопје, а се пораѓале на ГАК или во Чаир. Значи ме интересира каква процедура има. Дали со себе треба да имам одредени документи? Дали матичниот треба нешто да ми спреми? Една жена имаше споменато дека се пораѓала на ГАК, а е од Штип. Нејзината матична со нејзе и спремила некакви документи. Демек морало комплет документи да имаме со нас за да не пораѓаат. Не ми е јасно навистина. Никогаш не сум стапнала ни во Чаир ни на ГАК и не знам што и како треба ако одлучам таму да се пораѓам..
дали некоја мамичка може да ми помогне ? Јас сум 37 , понекогаш имам болки во кичма ама не константни , имам дијареа исто веќе недела , и ми е премногу активно бебето мислам ке излезе преку стомакк
@Brpbrp ќе ми се смее ама запамтив во труднички неколку дена пред пораѓај пиша дека има дијареа Како што знам и тоа е знак за пораѓај Си се спрема телото Следи почеток на болки во кукови менструални болки...
Мене ми беше така 2 недели пред пораѓај, многу ме болеше кичмата и ципите, и дијареа имав и бебушот клоцаше многу
Уф И јас имам дијареа а 35 +5 сум, бебе активно , болки како бутање и истегнување на бебе осеќам .. си велам рано ми е барем уште малце .....
И мене ме снајде дијареата неколку дена пред пораѓај Дури дента кога отидов да се пораѓам мислев нешто стомаков ме заебава прво како запек, па пак дијареа имав сабајлето, а тоа уствари родилни болки да ти биле Си седев битно дома јас со чај од нане и чекав да ми помине стомакот хахаха. Болка во кичма во ниеден момент немав при пораѓајот.
Еве и јас маки со дијареа. Два дена повеќе време сум во тоалет туку во кревет. Од мака си ја спакував торбичката и си ја ставив во ѓепек. Нека се најде
Ме интересира со што да правам масажа на перинеумот, со какво масло, бадемово? И дали кај некој масажата спречила распукување/епизиотомија? Јас сум најверојатно алергична на тие конците за шиење, па докторката денес ми рече дека со пораѓајот ќе одеме полека за да не ме сечат и да не ги теглам истите маки како со првиот пораѓај. Ако има некој искуство нека споделе
Има масло за масажа на перинеум ама јас не сум го користела искрено,па затоа неможам конкретно за тоа да ти одговорам. Можам да те окуражам дека иако имаш епизиотомија од прв пораѓај има шанси да не распукаш пак, ама затоа треба докторот или бабицата што ќе те пораѓаат да те "пазат". Мене ме пораѓаше бабица без доктор, жената секоја чест додека напнував ме масираше на перинеумот и пополека со прстите ме ширеше, кога дојде главчето доле јас веќе бев раширена рачно, и само си го позеде бабицата главчето на бебенцето. А и јас имав од првиот пораѓај епизиотомија, дури ни таа не испука.
Дали вистинските контракции се точно на ист временски интервал ? И дали е можно лажните контракции да ги имаш 1-2 пати во 10 мин со времетраење од 30-50 секунди??