Благодарам што прашањево е преместено тука, зошто ме интересираше не само од перспектива на доктори туку и од лични искуства. Сум доста параноична за царски можеби затоа што поминав лошо, а самата идеа дека со царски можеш само 3 пати да се породиш исто ме плаши. Сакам барем уште едно, искрено кога го загубив детенцето посакав да родам не едно туку неколку. Здравје се надевам и јас ке биде
После колку време останавте трудни со второ-трето и пак со царски? Колку време најдобро треба да помине за повторно да биде царски? Премногу ме фаќа паника кога размислувам разликата меѓу двете породуања ќе ми биде 2 и пол години. Со првото породување во Чаир, добро поминав, ме болеше многу стомакот кога станував, дали помалку боли со воро породување царски? Сигурно кај секој е различно, ама си барам некоја утеха
Лично искуство немам ама со мене лежеше една со втор царски. Рече дека општо се повеќе ја боли сега за разлика од првото.
Може Јас сакам трето детенце, таму за 4год од сега, па би пробала природно да родам пак. Првото ми е природно, второво царски, здравје ако бидне, секако прво природно би пробала доколку има можност
е тогаш ти си најрелевантно женче за прашањето сигурно има и други ама ептен редки ке бидат според тебе да би бирала пак што е подобро природен или царски
Без малтретирање најдобро, боље нема, секако боли... Само без малтретирање долго време, за да не остане траума за цел живот. Не е страшен царскиот како што мислев порано, боли да, но не е страшно, се трпи. Со бебе до нас, ништо не е тешко, паметот е во бебе, па брзо поминува тој период кога се опоравуваме И индивидуално е, сум пишувала во една друга тема баш за споредба царски/природно, неможам да кажам баш како е боље, зашто и двата пораѓаи не ми беа сјајни...
Јас кога се породив дојде една жена која роди четврто дете со царски и и ги подврзаа јајниците нејзе не ја ни прашаа и објаснија само што е тоа и зошто го прават. Маж и кога дозна се откажа и од неа и од децата и рече да не го бараат повеќе,тој сакал машко дете а таа 4 девојчиња роди со царски докторот и објасни дека животот и здравјето и се многу сериозно во опасност не доаѓа во предвид петто дете
Имаше ваква тема некоја женска отворено во Женски домаќински муабети и баш ги читав...Се јавија многу мајки што раѓале на двата начина, и повеќето се изјаснија дека потешко им било царски (а таму на едно прашање има барем по 100 одговори ). Знам дека е индивидуално но еве кога ќе се спроведе анкета или слично на анкета, вакви се резултатите.
шо значи конкретно не знаеме у твојот слулај дали трето ако би раѓала би бирала природно или царски имам пријателка се породи еднаш природно друг пат царски ама природниот и беше со епидурал така да не ми е она репер за да ја прашам
Се е индивидуално. Имам два природни и еден царски пораѓај. Првиот природен беше хорор во споредба со царскиот. Не само пораѓајот, туку и закрепнувањето. Не недели туку месеци не можев ниту да седнам асално, ниту да клекнам, а ако седнев на подот тррбаше двајца да ме креваат. Со месеци имав болки дете кога земав од креветче. Царскиот станав после 12 часа, а после 48веќе шетав и без болки се грижев околу детето. Сега, после две недели, сум супер, иако уште пред една недела се чуствував исто. Вториот природен пораѓај беше лесен прелесен. Брзо се отворив брзо излезе дете. Родив и пешки си отидов до собата, удрив туш, си зедов дете во раце... Така да, секој со среќата. Однапред никој не знае како ќе помине.
Би одела природно, ако не бива, ако оди споро, ако кажат дека носам бебе големо, би размислила... Зашто првото ми е 4400, 56цм и душа ми извадија, тројца ме стискаа лево, десно, напред една влечеше, сечена + испукана бев и два пати ме шиеја... Така да се зависи од ситуацијата. Второво беше 3800, 51цм мислам полесно ке искочеше, ама се случи тоа што се случи и завршив царски... Инаку вториов пат бев во план со епидурална да раѓам, ама не стигнав до неа.. Па трет пат да, би одела природно, но би побарала епидурална..
Јас сум за тоа прво да се проба природно. Ако не бива тогаш царски. И двајцата ги родив природно, без анестезија.
Има шанси за природен пораѓај после царски? Од првиот до вториот пораѓај ќе има 3 и пол год скоро. Ако има некоја феминка нека пиши искуство,дали имала некој проблем со раната од царскиот за време на природниот пораѓај.
Здраво, дали имате препорака за доктори во Скопје кои поддржуваат природно породување по царски? Би сакала да се консултирам со некого дали имам множност за природно.
Да прашам јас, прв царски со спинална, имам споделено тука искуство пред 4 год, здравје за втор пораѓај Бт пак царски прват на државна, не пробуват природно, мислам ќе се онесвестам од страв на самиот почеток, дали стварно можи да стават нешто за смирување?