Португалија

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Snow_King, 10 февруари 2020.

  1. Snow_King

    Snow_King Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    339
    Пол:
    Машки
    Не ми се верува дека нема тема за оваа преубава земја. :$
    Минатата година бев таму, силно би ја препорачал. Интересен јазик, позитивни и топли луѓе.

    Додека сите прво би се фатиле за Лисабон, мене најголем впечаток ми остави Порто.
    Мистично гратче, не толку модерно и комерцијализирано, па затоа си има свој посебен дух и шмек. Доста е стрмен, бара поприлично добра кондиција, ама затоа е интересен - не знаеш што те чека зад секоја кривина и уличка.
    Областа Ribeira покрај реката Douro е баш живописна - шарени куќички, чисто шеталиште и чиста река, ресторанчиња со убав амбиент.
    [​IMG]
    [​IMG]

    Веднаш до овој крај е највисокиот и најголем мост во градот, Dom Luis I. Во Порто често има магла во утринските часвои и е баш интересно да се посети во ваков амбиент, но и на зајдисонце:
    [​IMG]

    Железничката станица Sao Bento е баш живописна, отсликувајќи го нивниот класичен стил:
    [​IMG]

    Кулата Clerigos исто така мора да се посети. До неа има една пекара со преубави кифли, би препорачал кифли со бакалар, кои се околу едно евро:
    [​IMG]
    Веднаш до неа има и паркче, доста млади играат карти и пијат пиво тука. Опуштена атмосфера до максимум:
    [​IMG]

    Најголемиот плоштад се вика Liberdade, на чија највисока точка се наоша импозантната градска палата:
    [​IMG]


    Лисабон е многу поголем град, помодерен и пожив. Има феноменален ноќен живот кај што целиот кварт се состои само од кафичи, а луѓето всушност се журкаат на улица пред кафичите, а внатре влегуваат само за да си земат пивце од шанк:
    [​IMG] [​IMG]

    Квартот Belem е всушност местото од историски значај за Лисабон, нивните конквистадори од тука испловувале во битките:
    [​IMG] [​IMG]

    Лифтот Santa Justa е нешто спектакуларно, горе има тераса со феноменален поглед. Малку е скапичко, мора да се каже, а има и доста гужва:
    [​IMG]

    Главниот плоштад се вика Praça do Comércio и е баш простран:
    [​IMG]

    Другиот убав плоштад е Rossio:
    [​IMG]
    [​IMG]


    На околу 30км од Лисабон се наоѓа едно од најубавите места во Европа, гратчето Sintra. На ридот одма до гратчето се наоѓаат феноменални палати и дворци, опкружени со шума:
    [​IMG]
    [​IMG]

    За крај, на околу 55км од Лисабон е најзападната точка на континентална Европа, Cabo da roca. Тука од високо може да се види застрашувачката сила на океанот:
    [​IMG]



    Скратив колку што можев и пак испадна огромен пост. :D
     
    На dayla, Elena69221, Juicy и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    1.291
    Пол:
    Машки
    Првин, добра репортажа. Дефинитивно дестинација вредна да се посети, но си можел да напишеш накратко цени во хотели, ресторани, маркети, кафичи:)
     
  3. Snow_King

    Snow_King Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    339
    Пол:
    Машки
    Fala :)
    Spievme vo hosteli, normalno so posebni wc-a. Se naodjaat pristojni mesta na dobri lokacii za 22-27 evra od covek po noc. Porto za nekoe evrence poeftino.
    Vo marketite skoro kako kaj nas, minimalno poskapo. Samo nekako potesko se naodjaat, mora dobro guglanje a i moj subjektiven vpecatok e deka nema tolku rasprostraneto marketi i prodavnicki kako kaj nas.
    Imas i bas skapi ali i prifatlivi restorani. Zatoa, ne e loso da se zirne menito nadvor, tamu ne e sramota voopsto. Pa taka, vo Porto plativme okolu 80 evra za dvajca za vecera i sise vino po koja ostanavme gladni. Posle otidovme na hamburgeri od po 5 evra, skoro na najvisokiot del od gradot i bea top. Pivoto u kaficite u glavnite dve ulici za iskacanje bese po okolu 3 evra, domasno, dobro. Za dorucek kazav, mozes so 3 evra da se prejades kvalitetno, pekara kaj kulata Clerigos.
    Lisabon e poskap, ima poluksuzni restorani, ama i tuka mozes da najdes nekoe simpaticno restorance koe ne e bas na glas i bas vo centar kade solidno moze da se pomine. Pametam deka porcija oktopod bese 11 evra (jas sekako gladen ostanuvav :rofl:), a sangria litar bese 5 evra.
    E sega, vo Lisabon mnogu e eftino pivoto vo kvartot Bairro Alto, kade e najpopularno za iskacanje. Toceno pola litar idese okolu edno evro. Tuka se kafici, a semata e pre kaficite, site se na ulica. Vleznicite za diskotekite (glavnata, ogromnata e na pristanisteto) bea poprilicno skapi vo sporedba so ova... Nekade 25 evra ako se secavam dobro.
    E da, vo Sintra se placa prevoz od gratceto dolu do vrvot na ridot 10 evra od covek. Ama voznjata e looooda.
    Mislam deka opfativ skoro se, ako ima prasanja pisuvajte. :sun:
     
    На Abracadaver му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.705
    Допаѓања:
    9.163
    Пол:
    Женски
    Ја обожавам Португалија и јазикот нивни. Би сакала еден ден да ја посетам.
    Фала за предлогот, секогаш помалите градови се поинтересни за мене.
     
    На Snow_King и Abracadaver им се допаѓа ова.
  5. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    1.291
    Пол:
    Машки
    Дефинитивно и мене ми е на листата дестинации кои сакам да ги посетам во иднина.
     
  6. GDE DA IDEM

    GDE DA IDEM Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2018
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    948
    Пол:
    Машки
    да се надеваме за скоро,ќе се среди ситуацијата,светот ќе почни да функционира и потоа еден куп места имам на листата...
     
    На Ahoy и Abracadaver им се допаѓа ова.