1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Порцелански заби или не?

Дискусија во 'Лице' започната од SLATKA23, 17 јануари 2010.

  1. SLATKA23

    SLATKA23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    Сакам да ве прашам дали сте ставале порцелански заби, колку чинат и дали има некои последици?! Јас имам еден заб, преден што ми е крив и сакам да го заменам за порцелански. Протеза не доаѓа в предвид, бидејќи фиксната е многу скапа, ми кажаа дека е 500 евра, а мобилна носев еден период ама без поголеми ефекти. Фала однапред.
     
  2. len4e

    len4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    60
    JAS SKRSIV PREDEN DOLEN ZAB, A KAKO POSLEDICA OD PADOT MI SE ISKRIVIJA I SOSEDNITE DVA, PA STAVIV VKUPNO 3 PORCELANSKI, PO 50 EVRA SEKOJ, BEZ MAKA I PROBLEM. sEGA SAKAM I GORE DA SMENM NEKOI AMA KAO STO SAKAM SITE KE VIDIME,,,,,,
     
  3. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Jas staviv i toa celata gorna vilica po 60 evra od zab, eve sega ja sreduvam i dolnata ama dole mi se samo 3 zaba. Ne e bolen procesot samo problemot e od koga ke gi istrugaat zabite uzasno se osetlivi na toplo i ladno. EDna nedela voda nemozev da se napijam :( ama pa sega eheehee :lol:
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Pla4ka

    Pla4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    160
    Tака стругани недела дена ги носеше за колку време ставаат заб како ке шетам така срам ми е .
    И дај кажете кај кого одите на забар имам страв од лоши лекарисакам во Ендомак да одам има ли некој искуство си нив таму како работат.
     
  5. purple.butterfly

    purple.butterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    23
    Никако немој само за крив заб да ставаш навлака!!! Ако ти е потемнет, скршен или такво нешто, ок, ама ако е здрав - во никој случај!!!!!!Колку и добро да се изработи, вештачкиот ќе двои од природните заби. Јас сега ставав 2 порцелански, ама само порцелан, без метал внатре, и сум задоволна. Обична навлака, со метал внатре е 50 евра, а овие моиве 150 евра (еден заб), барем толку ми наплати мојот заболекар, а навлаките ги правев во Скопје во Ѓорче зад СП Планет, забната техника се вика Рим.
    Ама уште еднаш, САМО ЗА КРИВ ЗАБ НАВЛАКА НЕ!!!
     
  6. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Срцка јас од кавадарци сум за во ск незнам и што ме праша да една недела стругани ги носев и од дома не излегував освен за на работа каде што носев маска.
     
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    32.109
    Пол:
    Женски
    Јас имам ставено 4 навлаки на 4 предни заби на горната вилица (1 и 2 лево и десно) и не се ни забележува дека ми се навлаки. Ги ставив затоа што едниот заб ми беше скршен, а останатите 3 ми беа многу тенки. Навлаките ги платив 200 евра (50 евра за 1 заб).
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  8. yummy

    yummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    49
    Душо види сега, да си расипуваш здрав заб е греота. Ама ако си решила добро распрашај се кои ти се опциите. Како и да е, кај навлака само на 1 заб, те коронка нема да ти гарантираат многу временски, затоа што тука нема добра ретенција, осбено на предните заби каде што има мали и грацилни коренчиња. Така да, ништо чудно и ако ти препорачаат мост. Е сега тука треба да расипеш 2 или 3 заба, во зависност од мостот. на пр да речеме дека сакаш да смениш 1, тогаш ќе мора и 2 до неа да ја стружеш и да и ставиш навлака, а на 1 до неа ќе мора да имаш метална кукичка, која е малку видлива (таа е од метал), ако нејќеш со кукичка, тогаш мораш и др 1 да ја уништуваш! Значи тоа се 3 заба. А за тоа што се плашиш со истружани заби да одиш не се секирај, имаш опција да ставиш привремени, може од акрилат да ти ги направат или пак со малку пломба да замаскираат за тие неколку дена. А за порцеланските коронки ти давам едно големо ДА!
    Сепак не би било лошо да размислиш и за имплант,. Тоа е вештачки надоместок кој се става во коската, со штраф, и е ТРАЈНА инвестиција, стварно вреди. Е сеа тие ти се малу поскапи, околу 600-700 евра, но се исплати, зошто мост или навлака , кога-тогаш ќе падне, па мора ново,, а ова не, ова си седи.
    Ти кажав, добро размисли, греота е да си уништуваш здрави заби ;)
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.650
    Пол:
    Женски
    За крив заб исклучиво само протеза, а уште повеќе, ако имаш место каде да „легне“, тогаш дефинитивно протеза и тоа фиксна. Не ми е јасно, сакаш порцелански заб, а не сакаш да платиш за фиксна? Претпоставувам дека ти рекле оти на двете вилици ќе мораш да носиш протеза, зошто инаку би ти наплатиле 500 евра за една, кога е 300 евра. Веројатно кај тебе ситуацијата е посложена, веројатно се работи за некоја втора класа - збиени заби и во двете вилици. Ако забот ти е видливо крив, поставен надвор од забната низа, тогаш ниту порцеланската коронка не е решение. Има различни опции, ама треба да се види случајот каков е, не е за сите исто.
    Yummu, нема врска за кој заб се работи, сите би препорачале мост, не зашто така е најправилно, туку заради пари. Како и да е, порцеланската коронка може многу долго време да издржи, ама кога е само порцелан. Ако е метал керамика - т.е со метална основа и порцеланска обвивка (најпросто кажано) тогаш металот може да направи проблем, ама пак ќе кажам, се зависи од случајот.
     
  10. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.474
    Не ми е јасно нешто. Порцелански заб е 50 евра а имплант 700 евра?
    А која е разликата помеѓу тие две, ако може некој да ми објасни. :tmi:
     
  11. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    јас имам порцелански заби и сум мн задоволна од нив пу пу да не ги урочам хихихиих...добра работа е според мене го застива забот плус убав си на изглед....а исто така сакм да ствам и имплант или штравче...раззликата блубери93 е тоа што ипкант е всушност пресадување на заб и има гаранција вечно да ти трае а порцеланскиот е поевт што нема некој голема гаранција а и материјалот од сто е правен е поевтини а иплант е мн покмплициран работа и повек материја се тоши што е доста скапппппппппппппп!
     
    На blueberry93 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.650
    Пол:
    Женски
    Имплантот не е пресадување на заб, тоа е всушност ставање на (најчесто) титаниумски шраф во коската и на него се прикачува коронка. Ова најпросто што можам да ти објаснам.
    Еве вака нешто
    [​IMG]

    Имплантите се поскапи не дека повеќе материјал се троши, туку поради самиот материјал кој се користи, а најчесто се прават од титаниум, кој можеби е најблиску до тоа да биде биокомпатибилен, т.е најмали се шансите да биде отфрлен од организмот. Има различни видови импланти, а каков ќе се примени, зависи од случајот. Потребна е оперативна постапка, после која се следи пациентот одредено време за да се види дали организмот ќе го прифати или отфрли имплантот. Ниедна протетска надоградба нема доживотна гаранција, истото важи и за имплантите. Никогаш не се знае како организмот ќе реагира на туѓото тело, па затоа постојано се испробуваат нови материјали и нивните својства, со цел да се пронајде најсоодветниот за изработка на импланти. Инаку, тоа е можеби и најдоброто естетско решение за замена на помал број изгубени заби, но освен тоа се користат и за решавање на случаи дури и со тотална беззабост.
    Како што реков, доживотна гаранција нема, но ако организмот го прифати, може да потрае доволно долго, барем 15-20 години, исто колку што е гаранцијата за керамичките протетски надоградби. Што се однесува до оние протетски надградби што кај нас почесто се користат, може да бидат или комбинација од метал керамика или изработени само од керамика. Така се изработуваат и единечни заби, како и мостови. За единечни заби е потребно барем коренот да биде употреблив, во него се става метално колче, па се изработува навлака, а во друг случај се стружат и соседните заби и се изработува мост. Како што кажав, зависи од ситуацијата.
     
    На MarchelineAmaru и blueberry93 им се допаѓа ова.
  13. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.474
    А порцеланскиот колку отприлика трае да не знаеш? :)
    Иначе, фала многу и на двете за одговорот. :)
     
  14. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    ^мене ми рече забарот дека траат десеттина години
     
    На 96kiko96 и blueberry93 им се допаѓа ова.
  15. moni24

    moni24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    121
    Јас сум забен техничар по професија и незнам можеби во Скопје е поскакпо (едно макијато е поскапо а не друго ;) )но 150 евра за 1 безметална коронка е многу , тука кај нас 30-40 евра е еден заб (метал+порцелан) , а имам работено во повеке техники го употребуваат истиот порцелан но разликата е само во парите ,а некои дури гледаат да пројдат поевтино и употребуваат послаб метал но сепак на крај најбитен фактор се забите и одржувањето на истите ,а безметалните коронки се поевтини (помалку работа и материјал) барем тука кај нас ;)
     
  16. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    И јас треба да ставам навлака за десната двојка ,откако ми го извадоа живецот ми позелене ;(
    Само секој ден се терам - ај денес ,ај утре...
     
    На Barbie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ivycka

    Ivycka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    32
    Имам еден порцелански заб, бидејќи ми се скрши забот додека јадев пуканки (којзнае што сум грицкала :^) ) Ми ставија таква навлака порцеланска врз скршенот заб обложен со пломба, ама ми траеше речиси година дена - ми падна навлаката со се забот скршен. Пак отидов да ми ја наместат, ама овој пат ставија и метално колче (шрафче или ватевер), така да се надевам дека ќе биде во ред сега :)
    Инаку првиот пат платив околу 40 е, а вториот пат ништо ваљда нешто гаранција имало...
     
  18. blondie99

    blondie99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    И јас ставив мост али има метална основа и порцеланска обвивка ...се чувствувам доста чудно и кога ке го подбутнам со јазик имам чувство дека мрди нормално ли е или треба да го чувствуваш како сопствен заб да не чувствуваш дека мрди ?
     
  19. Boom

    Boom Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    10
    Не гледам причина да не се стават порцелански заби, но само доколку навистина е тоа потребно.
    Јас имав таква потреба, поточно кажано морав да ставам. Ставив од тие од 150 евра што се и сега за сега не можам да се пожалам и за изглед се добри а и не ги чувствуваш како да не се твои... Така да, доколку некој има потреба слободно нека стави.
     
    На Bruneta му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Boom

    Boom Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    10
    Хм... Не би требало да чувствуваш како ти мрда... тогаш ваљда нешто не е во ред, оди до кај твојот забар и види си на време, да не ти биде полошо после.