Па точно тоа што пишале погоре. Композит, како пломба. Врска немаат со Lumineers, кои се фелдспатни фасетки, далеку потрајни, поиздржливи, поцврсти и поестетски од композитните фасетки. @LadyC какви се тие полуциркониа? Првпат слушам...
@Annath сериозно ова?! Знаеш дека не сум од Ск, дали ова можеби има некава улога во цената?Бидејќи знам дека цените за истите услуги кај вас се повисоки отколку у мој град. Лелее три пати го препрочитувам напишаното од тебе, не ми се верува да ме зезнал мојот стоматолог, ах Кажи ми дека не е така ах леле
Заборавив дека не си од Скопје. Јас за тука зборев, за другите градови не сум сигурна, искрено, можеби и се пониски цените. Тука ниедна техника не ми дава цирконија под 120 евра.
Prvata slika e po nosenje na fiksni protezi, vtorata 2 godini podocna, dvojkite povtorno pocnaa da mi se krivat sto mislite dali so laminati moze povtorno da si ja vratam nasmevkata i kolku e eden laminat?
Ако ти се допаѓаат твоите заби и не се оштетени не гледам зошто би ставала ламинати. Има други решенија за да не ти се враќаат забите во првобитната состојба, пример носење мобилна протеза за време на спиење. И, не ме фаќај за збор за ова, ама имам другарка што има (мислам) метална жица зад забите и и ги држи за да не се поместуваат. Најубаво би ти било да одиш на стоматолог и да информира за опциите.
Мој совет како човек што носи порцелани. Никогаш не менувај твој заб за др! И јас дека беа криви направив и имав еден апикотомиран, еве од 2010 па навака од доктори глава немам кренато. Не биле наполнети убаво каналите кога ги умртвувале и пак еве наредна недела ќе одам на операција по трет пат да ми апикотомираат. Не кренав глава и не сум раат откако ги ставив. Ова совет како на сестра ти давам, а верувај за убави порцелани и за цела постапка имам дадено до сега за 8 години преку 2000-3000 евра...
Ne za porcelanski so struzenje ne ni pomisluvam, razmisluvam za laminati tie kako tenki luspi sto se lepat bez struzenje na zabite. Ali ke vidam prvo dali ima drugo care
Ме интерсира што е подобро, корнки циркониум или ламинати? Колку што сватив разликата е во тоа што коронките се навлаки а ламинатите се лепат одозгора. Мене предните заби ми се умртвени, пред 2 години, и веќе ми потемнуваат, па не ми се допаѓаат. Сакам да го средам тоа, и сега собирам информации и искуства. Секој свет е добредојден. и од кои ординации сте задоволни?
Многу јасно дека подобро е ламинати ама имаат и "подобра"(читај посолена)цена. Еден совет од мене, не се брзај да ставаш веднаш што и да одлучиш, прво собери доволно инфо каде да ги правиш оти ако не се добро изработени и поставени после мака ќе мачиш. Препорака не можам да ти дадам бидејќи не сум од Ск.
За цената мене ми рекоа коронките дека се околу 150 еур една, а овие ламинативе околу 100еур. Ако имаш некојаџинформасија околу видот, брендот, марка итн... пиши ми. Можеби тоа е разликата
Не се разбирам во ова воопшто. Можда не сум разбрала убаво... Ако има некој што скоро правел нека сподели информација. И цени
Цената за ламинатите зависи од материјалот. Ако се композитни, тогаш може да се до 100 евра еден. Ако се порцелански или фелдспатни, сигурно дека ќе бидат далеку поскапи. А ако се работи за veneers што се прават само на едно место, по лиценца, тие се најскапи мислам, ама не сум сигурна за цената. Трајноста на композитните и порцеланските ламинати не се споредува, башка што не е дека се поставуваат без стругање. А коронките имаат цена за металкерамика од 50-70 евра и цирконија од 120 евра нагоре по заб.
Јас воопшто не се разбирам од ова, дури ни зборот композитни не знам што значи. Те молам ако имаш некој линк (може и на англиски) да пратиш, за да прочитам нешто повеќе. А тие veneers каде се прават? Дали можеш да ми дадеш контакт? Кај мене станува збор за 4 предни горни заби, јас имам една безметална коронка , од пред 2 години, ама веќе не одам кај тој забар... а другите 3 заби почнаа да ми потемнуваат, а тој вештачкиот се двои по боја. Затоа сакам да ги направам сите 4 заби - ама да ги направам како што треба. Од моето досегашно искуство, не секогаш повисока цена значи и подобар квалитет. Затоа барам информации од вас. Инаку пред 2 години тој еден заб го платив 300Еур. Што е секако многу, ама мислам дека не е цирконија... и покрај тоа што лекарот тврдеше дека е. Сметка не добив... и затоа сум така во некој грч и страв да не ем зезант за предни заби, стварно ми е битно...
Композитни ламинати се лушпи правени од материјалот од кој се правени пломбите. Секој стоматолог може сам да ги изработи, не е некоја филозофија. Само треба добар отпечаток. А керамичките се изработуваат во повеќе фази, со компјутерска технологија. Veneers прават само во Етерна Дент, без проблем може да ги најдеш онлајн, имаат веб страна. Безметалните коронки се Cad Cam технологија, и верувам дека имаш цирконија, со оглед на цената што си ја платила.
Фала за инфо, сега веќе ми е појасно. А керамичките ламинати лушпи каде се изработуваат? во која ординација? Дали знаеш? Вчера бев кај еден стоматолг на консултација, и тој не сакаше ништо да ми каже ниту да ми предложи без снимка. Мене ме болат 3те предни заби на допир со јазик и кога ќе гризнам. И заради тоа ми рече дека прво сака снимка да види каква е состојбата, па дека ќе треба да се лекуваат и дека естетиката е дури крајната фаза на целиот процес и дека е рано да се договараме за тоа. А јас мислев дека брзо ќе си добијам нови убави заби. А инаку сум во фаза пред вештачко оплодување, односно крио ембриотрансфер, па сакав ова со забиве да го завршам претходно... ама ќе видиме како ќе испадне. Фала уште еднаш за одговорот.