Случајот е следниот: маж, 40тина год, помодрено непце како последица на неправилно изработен мост кој го носи околу 7 год. Човекот се жали и од естетика и од функција. Дали непцето ќе се излечи (ќе ја добие здравата боја) ако му направат овој пат добра изработка (да го смени мостот)? Или што би било најпаметно да се направи во овој случај?
Една снимка прво, да се види состојбата на забите и коската. Стариот мост да се извади, да се средат носачите, ако има потреба некој да се вади или да се лекува да се среди и тоа, и после повторно да се направи протетски надоместок соодветно на ситуацијата. Непцето тешко би ја вратило бојата, бидејќи скоро никогаш не се враќа во првобитна состојба, евентуално да се проба со ласерски третман дали ќе има подобрување.
Дали би истружиле 2 горни единици дека се малку криви и да ставите нешто? Ќе можам после да јадам се? Битно е да не ми се криви. И кој би биле опции што можам да ставам?
@Annath sakam da prasam kako se pravat porcelanski zabi? Mene na gornata vilica mi falat 5 i 6 zab izvadeni mi se. Drugite si gi imam site ama rasipani se nemaat site ista boja itn. Ima li sansi za ubavi porcelanski zabi i kolku bi me cinele?
Може ако сакаш, колку што треба да надоместиш, толку се стругаат (со анестезија) да се добие соодветна основа. После се зема мера и се изработуваат во техника. Има метал керамика што е 50-70 евра по заб, има и безметални коронки, со најниска цена од 120 евра по заб. Имаш и опција ламинати, ако ти е само естетски проблемот, тие се површински лушпи кои се лепат одозгора на забите. Според ситуацијата треба да се одбере она што е најдобро.
Ај и тука да погњавам со мојата мака може? Значи вака,на горната вилица менував стари коскени(хромасит)заби,ги заменив за порцелански коронки со метал,50 евра од заб ме кошташе. Е арно ама,на долната вилица дојдоа многу убави и складни забите,додека на горната вилица дојдоа сосема нескладни спрема моите...ги залепив уште истиот ден,се брзаше докторката,се брзав и јас...пред да ми ги залепи,ми ги покажа се видов и изгледаа ок во големината,ама кога ми ги залепи,кога ги турна скроз нагоре,ми дојдоа ептен малечки спрема моите...(единица и двојка). И сега што да правам? Да го вадам цел мост и наново да го надополнуваат,ќе може ли? Ви се случило на некоја тука вака,естетски да не ви се погодат забите и после да ви ги вадат и да ги дополнат да изгледаат складно????? За да не се вади мостот,бидејќи еднаш вадев,болно е сега пак да поминувам низ тоа,ќе може ли естетски со некои навлаки да се продолжат,овие покусите заби?
Колку долго траат ламинатите и по која цена се движат? Моите заби се во ред, единствено што сакам е да се побели. Имам пробано на различни начини но едноставно таква ми е коската. Па ме интерсира дали е ова некоја исплатлива варијанта.
Мислам дека мора да ги вадиш. Нема начин како да ги истругаат под нив имаш твои истругани заби .Мала корекција може со пломба ама тоа не сум сигурна колку ќе држи . (Може не е пломба,може да има друго име не сум баш стручна) Јас имам порцелан на четири заби кецовите и двојките и во четврок ќе одам да ми зимаат мерка за нови.Проблем кај мене е што едниот кец е сронат а на едната двојка и се гледа металот.И естетски не ми се свиѓаат малку се побели од моите заби.Овој пат ќе ставам без метални. Викаш боли кога ги вадат порцеланските забите ?
Не сум сигурна дали тука треба да го поставам прашањево, но еве вака. Имам мост на 5ка и 7ка. 7ката се виде на снимка дека е разпина. Праење без вадење на мост не било возможно во случајов. Требало да се извади мостот. Ако се извади дали можи да се искористи истиот мост? Или мора друг?
Боли да(барем мене ме болеше)кога ги вадев старите мостови(коскени беа,не порцелански)во летото ги извадив и над моите струганите ставив порцелански заби,ама се зафркнав малку бидејќи се испадна набрзина,ќе одев на пат,па набрзина ги ставив забите на првата мерка ги залепив,и естетски дојдоа помали порцеланските заби спрема моите природните(единиците и двојките). Не сум личност која се расправа,само и кажав на забарката дека не ми се убави вака,ми рече да ми ги стружи моите заби,да ги намали,за естетски да дојдат слични ко порцеланските во големината,не се нафатив првично,ама не можев да се гледам таква,и заминав по некој ден да ми ги стругне моите заби,иако сите ме убедуваа да барам да ми направат нови заби и да се карам ако треба,ама не го направив тоа за жал делумно и јас може сум виновна,кога ме викна на мера(со тој како калап што се става на забите) не се видов добро дали е океј големината и должината,и пак бев кога беа готови забите,и им реков да ми ги залепат,ама и забарката и протетичарот требаше да увидат дека не се океј забите...бидна тоа,сега ми се во ред вака,се надевам нема да има проблем натаму со здравите заби што ги стругнавме да ги намалиме(барем така ме убедуваше забарката). Буквално тие денови чадев од нерви,плачев дома и урлав,ама не бев способна да се расправам да барам да ми направат нови заби,и анксиозноста си го направи своето како и секогаш,за жал... @Annath Знам дека и тебе те измалтретирав,и плус ја имаше "честа" да ми ги видиш никаквите заби,знам дека ме советуваше да си ги барам правата,ама не можев...ги стругнав моите предни заби малку,и докторката ме убедуваше наводно дека ќе било во ред немало да се оштети емајлот,дентинот така нешто ми зборуваше,ми стави и мал слој на пломбички,па од месец Август досега,во ред е се,се надевам и дека секогаш ќе биде....
Ги извадив моите стари порцеланки и еве прв ден пробни нови порцелански. Вадењето беше кај мене со анестезија, побарав уште не седната на столица. Нема шанси без. И ок пројдов, повеќе е непријатно ради звуци и тегнење ,кршење. Болки ич немав ! Задоволна сум од забиве ама некако се една нијанса побели од моите и се нервирам.Во вторник сум за да ми ги циментираат засекогаш и ќе ми ги белеат моите заби. И некоја минимална корекција да направат што увидоа откако ги ставија . Па ваљда ќе си се уклопат. Фала ти на информацијата
Колку им е рокот од прилика на порцеланските навлаки? Дали по одредено време МОРА да се менуваат или во зависност од тоа како се сочувани?
ЈАс 10 години ги носев. Зависи и од квалитетот на порцеланот. Моите може ке издржеа повеќе но гигнивата на едниот заб се повлече нагоре и помодре. Па не беше баш убаво за гледање.
@VedaG10, а од што ти се повлекло непцето така, ти кажаа на забар? И помодрувањето како резултат на тоа било, или? Обично кај луѓе кои носат метални се случува тоа често, но и не мора да значи, затоа се препорачуваат безметалните. Сега со какви го замени мостот?
Безметални беа и тие и овие. Пред 10 години ги ставив тогаш најдобрите ама не се секавам какви беа. Овој пат исто . Ми збореше докторот кам кат нешто . Многу природно делуваат. Ќе го прашам во втоник и ќе пишам точно какви се. Непцето само се повлекло,а при ставање на забите тогаш не внимавале на тоа . Непцето помодре бидејки немало крвоток не биле убаво ставени.Штом ги извадија одма почна да се губи помодреното скоро и да го нема .Заклучок дека се зависи како докторот ќе ги стави и намести завите. Не можев да се гледам во огледало .